Свет
Шолц ги отфрли повиците за брзи мировни преговори меѓу Русија и Украина: „Не можете да преговарате со пиштол на главата“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/solc.jpg)
Германскиот канцелар Олаф Шолц за време на обраќањето во Бундестагот по повод годишнината од рускиот напад врз Украина ја повика Кина да влијае врз Русија за да ја прекине војната.
„Искористете го вашето влијание во Москва за да го забрзате повлекувањето на руските трупи. И не испорачувајте му оружје на агресорот Русија“, рече германскиот канцелар, Олаф Шолц.
Шолц го пофали кинескиот претседател Шји Џјинпинг за „застанувањето на сите закани со нуклеарно оружје во војната во Украина“, што, според него, довело до деескалација на конфликтот.
Но, германскиот канцелар во исто време го изрази своето разочарување од фактот дека за време на последната средба на министрите за финансии на групата Г20, Кина не била подготвена јасно да ја осуди руската агресија како што тоа го направила една година претходно на самитот на Г20 во Бали.
Во својот говор Шолц ги отфрли повиците за брзи мировни преговори меѓу Русија и Украина. „Не можете да преговарате со пиштол на главата“, рече Шолц и нагласи дека не смее да има никаков мировен договор што ќе им наштети на Украинците или што ќе биде склучен без одобрение на Киев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Напаѓачи упаднаа во црква и синагога во Русија, убија полицајци, му го пресекоа грлото на попот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/rusija-sinagoga.jpg)
Вооружени напаѓачи отвориле оган врз синагога, православна црква и полициска станица во рускиот регион Дагестан, а неколку луѓе биле убиени, јавуваат новинските агенции.
Според првичните информации се работи за координиран напад на исламистички терористи. Руските власти најавија и дека го истражуваат нападот како терористички чин.
Убиени се шест полицајци, еден свештеник и еден чувар на црквата. Двајца од напаѓачите зад неколку напади се убиени, соопшти руското Министерство за внатрешни работи. Напаѓачите му го пресекле грлото на свештеникот, потврдија дагестанските власти. Според првичните информации, убиен е и чуварот на црквата, кој бил вооружен само со пиштол. Другите свештеници се затвориле во црквата и чекале помош.
Девет лица се ранети во нападите, според Ројтерс. Извештаите велат дека еден полицаец е убиен кога се пукало во синагога во Дербент, седиште на древна еврејска заедница во северниот дел на Кавказ. Во исто време, нападната е и православната црква, а непознати напаѓачи пукале и во полициската станица во Махачкала.
Дирекцијата на Истражниот комитет на Русија за Република Дагестан објави дека покренала истрага за тероризам во врска со нападите според Кривичниот законик на Руската Федерација.
Свет
Расте бројот на жртви на Крим – тројца загинати и над 100 повредени во украинскиот напад, тврдат Русите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/b859db87-dd0e-4c32-b6b7-be20e80860da.jpg)
Бројот на загинати по нападот на Вооружените сили на Украина на Севастопол се искачи на три лица, а меѓу жртвите има и две деца, соопшти денеска гувернерот на Крим, Михаило Развозаев.
„Бројот на ранети се искачи на речиси 100 лица. Мобилизиран е целиот здравствен систем, ангажирани се лекари и медицински персонал. Оперативните сали се во функција. На жртвите им е укажана сета неопходна медицинска помош“, напиша тој на каналот Телеграм.
Развозаев истакна дека нападот бил извршен со балистички проектили со касетна муниција. Тој додаде дека веќе отишол во болница за да ги види жртвите.
Обвинителот од Севастопол Андреј Шевцов е на местото на инцидентот, јавува Известија.
„Одбивањето на ракетниот напад е завршено. Според прелиминарните информации, уништени се пет воздушни цели на небото над водното подрачје. Но, фрагментите од соборените цели паднале во крајбрежната област“, рече Развозаев.
Тој додаде дека откако паднале остатоци од воздушни цели соборени од руските сили за воздушна одбрана, избувнал шумски пожар на површина од 150 квадратни метри, пренесува ТАСС.
Противпожарните екипи излегле на местото на настанот. На северната страна фрагменти од ракета предизвикале пожар во станбена зграда.
Блокиран е и преминот на автомобили на Кримскиот мост, а сообраќајот е обновен 20 минути подоцна.
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека во 12:15 часот по московско време нападот на украинските вооружени сили врз цивилната инфраструктура на Севастопол бил спречен со системи за противвоздушна одбрана.
Свет
(Видео) Руските власти: Украина го нападна Крим, делови од ракети паѓаа на плажа, убиено е дете
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/b859db87-dd0e-4c32-b6b7-be20e80860da.jpg)
Во градот Севастопол на Крим, украинскиот полуостров анектиран од Русија во 2014 година, две лица, меѓу кои едно двегодишно дете, загинаа, а 22 други беа ранети во украинскиот ракетен напад во неделата, објави гувернерот назначен од Москва. .
„Според информациите со кои моментално располагаме, во нападот на украинската армија на Севастопол загинале двајца цивили, меѓу кои и двегодишно дете, а 22 лица се ранети“, напиша Михаил Развојаев на Телеграм.
Sevastopol 👀👀👀 pic.twitter.com/t4quh3NlzG
— MAKS 24 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) June 23, 2024
На социјалните мрежи се прошири видео на кое наводно се гледаат фрагменти од соборените ракети како паѓаат на плажа.
Овој пристанишен град е редовна цел на напади, особено затоа што е дом на руската Црноморска флота. Крим е многу важен логистички центар за руската војска.
Претходно гувернерот извести дека противвоздушната одбрана го одбила „ракетниот напад“ со уништување на „пет воздушни цели“. Тој додаде дека „урнатините од соборените цели паднале на крајбрежната област“.
Во рускиот регион Белгород, во близина на украинската граница, едно лице загина, а три се ранети во напади на украински беспилотни летала, изјави во неделата гувернерот Вјачеслав Гладков.
И тој регион е многу честа цел на украински напади. Киев тврди дека така се брани од руските напади на сопствена територија.