Спорт
Во „Спорт лајф“ почнува „До 50 шанси за 100.000 денари“
Започна акцијата „До 50 шанси за 100.000 денари“ на Sport Life, која ќе се одвива низ 4 неделни етапи, од 27.02. до 26.03. 2023 година.
Во секоја поединечна етапа, од понеделник од 9 часот до недела до 23 часот, играчот кој има погодено најголем број натпревари од вкупниот број типувани на тикетот, без разлика дали тикетот е добитен или промашен, е добитник на главната премија од 100.000 денари.
Второрангираниот ќе освои месечно обложување со вредносни ваучери од 200 денари на дневна основа, а месечно обложување со вредносни ваучери од 100 денари дневно, следуваат за треторангираниот играч. Секоја неделна етапа, нови добитници.
Играчите на Sport Life ги очекуваат возбудливи денови и можности да наредат и до 50 натпревари за типување на еден тикет за да освојат 100.000 денари. Минимална уплата на тикет е 20 денари, а при уплатата потребно е да ја приложат клуб картичката на Спорт Лајф.
Сите информации за акцијата и тековната ранг- листа на натпреварувачи се наоѓаат на вебсајтот на Спорт Лајф.
ПР текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Арсенал ќе го пречека Манчестер јунајтед во ФА купот
Фудбалерите на Арсенал и Манчестер јунајтед ќе се сретнат во третото коло од ФА Купот, беше одлучено со денешната ждрепка.
Третото коло е првото коло во кое се вклучуваат и најсилните тимови од Премиер лигата, а ждрепката веднаш ги спои Арсенал и Манчестерј, како и Астон Вила и Вест Хем.
Манчестер сити помина добро, ќе го пречека нисколигашот Салфорд, исто како и Ливерпул кој го пречекува Акрингтон, додека Челзи ќе му биде домаќин на Моркамб.
Натпреварите од третото коло во ФА Купот се закажани за 10, 11, 12 и 13 јануари.
Титулата ја брани Манчестер јунајтед кој во ланското финале го совлада Манчестер сити.
🏴🏆 𝐎𝐅𝐅𝐈𝐂𝐈𝐀𝐋 | FA Cup 3rd round draw in full! pic.twitter.com/Io98nbKTlz
— EuroFoot (@eurofootcom) December 2, 2024
Спорт
Синер се соочува со суспензија за Ролан Гарос и Вимблдон?
Светскиот тенисер број еден Јаник Синер може да биде суспендиран за Ролан Гарос и Вимблдон, па дури и ако Светската антидопинг агенција одреди пократка суспензија.
Италијанскиот тенисер уште во март беше позитивен на анаболичен стероид клостебол. Сеправдаше дека тој не е виновен туку неговиот физиотерапевт. Забранетата супстанца се наоѓала во маста која ја користел тој за малата рана што ја имал на раката.
„ВАДА верува дека наодот за „без вина или небрежност“ не е точен според важечките правила. ВАДА бара период на неподобност од една до две години. ВАДА не бара дисквалификација на резултатите, освен оние што се веќе изречени од првостепениот суд“, се вели во соопштението.
Она што во овој момент е добро за Синер е што сослушување нема да има до февруари, што значи дека Италијанецот ќе може да учествува на првиот Грен слем сезонава, Австралија опен, каде што ќе има можност да ја одбрани титулата.
Ако Синер добие суспензија, тоа би било голем удар за неговата кариера, но има шанси да добие пократка суспензија доколку биде сослушан од Судот за спортска арбитража во Лозана.
Спорт
Миовски во тимот на месецот во Ла Лига
Бојан Миовски, напаѓачот на Џирона, се најде во идеалниот тим на месецот во Ла Лига. Миовски заедно со соиграчот Брајан Хил блесна во малото каталонско дерби. Џирона го победи Еспањол со 4:1, а Миовски постигна два гола и заблежа една асистенција.
За она што го одигра во ноември во дресот на Џирона, македонскиот репрезентативец доби просечна оценка 7,50. Покрај него и Хил, во тимот на месецот се најде и нивниот соиграч Иван Мартин.
🇪🇸 La Liga Team of the Month pic.twitter.com/3ORNfiEQbE
— WhoScored.com (@WhoScored) December 2, 2024