Регион
„Сите ќе ве разнесам“: 10-годишно дете постави морничава порака пред зградата на Собранието во Подгорица

Десетгодишно момче оставило белешка пред зградата на Собранието во Подгорица, на која напишал: „Сите ќе ве разнесам“.
Наводно, момчето ја напишало и оставило пораката ден пред да се одржи состанокот на Општинскиот комитет на Демократската партија на социјалистите во таа зграда, но обезбедувањето го нашло дури тој ден, дознава „Вјести“.
Според информациите на „Вјести“, момчето ја напишало пораката и ја оставило додека го чекало својот татко, кој влегол во зградата да си ги заврши обврските.
Зградата била евакуирана, а во една од просториите се одржал состанок на кој присуствувал и претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Еколошка катастрофа – нафта истече во Јадранското Море

Големи количини гориво истекоа во Јадранското Море на островот Хвар во Хрватска. Неофицијално, инцидентот се случил кога пукнал резервоар на танк на бензинската пумпа ИНА, објави „Далмација данас“.
Полицијата е на терен и се истражува како се случил инцидентот.
„Утрово, околу 9.30 часот, е примена информација дека во градот Хвар, заливот Крижна Лука, имало загадување со нафта во морето. Припадници на Полициската станица Хвар и Поморската полициска станица, пожарникари, Хрватската крајбрежна стража и припадници на Капетанијата на пристаништата се на местото на настанот. Покрај спроведувањето на постапката за санирање на штетите, ќе се спроведе и постапка за утврдување на сите факти и околности на настанот“, соопшти сплитската полиција.
Регион
Вучиќ оди во Русија на прославата на Денот на победата, ќе се сретне со Путин

Српскиот претседател Александар Вучиќ потврди дека на 9 мај ќе отпатува за Москва, каде ќе присуствува на парадата за Денот на победата и ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, јавува Анадолија.
При гостувањето на ТВ Пинк, Вучиќ изјави дека „со гордост ќе ја претставува Србија“ на обележувањето на 80-годишнината од крајот на Втората светска војна.
„Пред осум месеци реков дека ќе одам во Москва. Ќе одам во Москва“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека најверојатно сам ќе отпатува во руската престолнина и дека поради тоа „ќе ги прими сите удари на светот, и однадвор и од внатре“.
„Не сакам владата на Ѓуро Мацут да ја плати цената. Сакам тој да има можност правилно да соработува со Европската унија и никој да не го обвинува за ништо. Тешко дека армијата ќе оди, бидејќи би била изложена на притисоци и санкции“, рече Вучиќ.
Тој најави дека со рускиот претседател ќе разговара за новиот гасен аранжман, како и за иднината на Нафтената индустрија на Србија (НИС), која е загрозена од американските санкции поради рускиот сопственички удел.
„Мораме да го потпишеме договорот за гас до 30 мај. Мора да го решиме прашањето за нафтената компанија. Мора да разговараме и за сите други теми“, рече Вучиќ.
Тој ја најави и посетата на еврокомесарката за проширување Марта Кос на Белград на крајот на април и изрази надеж дека ќе има можност да разговара со претставници на Републиканската партија и американското раководство пред да замине за Москва.
Регион
Се запали градинка во Загреб – пожaрот избил од клима уредот

Пожар изби попладнево во градинка во Загреб.
Според информациите на хрватските медиуми, причина за избувнување на пожарот е палење на клима уредот.
Првата личност која се обидела да се справи со огнот била жена која го гаснела со ПП апарат. Во меѓувреме сите деца навреме го напуштиле објектот и биле испратени на безбедно.
Пожарот се проширил низ една од просториите, а неговото натамошно ширење го спречиле загрепските пожарникари, кои дојавата за пожарот ја добиле околу 16:55 часот.
Допрва ќе се утврдуваат околностите под кои избил пожарот во градинката.