Регион
Единствениот преживеан од првиот вагон во Лариса води битка за својот живот
Единствениот преживеан од првиот вагон на грчкиот патнички воз кој во вторникот се судри со товарен воз се бори за живот на Одделот за интензивна нега во Лариса. 20-годишниот Герасимос-Јасон Георгиадис е во критична состојба, велат лекарите.
Кога се судриле двата воза тој бил фрлен од прозорецот. Се здобил со сериозни повреди на главата паѓајќи на земја. Бил спасен и префрлен во болница во Лариса.
Тој веќе претрпе две операции, при што лекарите не се откажале од напорите да го спасат.
Дваесетгодишникот, по потекло од градот Волос, се качил на возот во Лариса кој сообраќал кон Солун, бидејќи студира машински инженеринг на Универзитетот Аристотел. Заминал дома за да помине време со своето семејство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Во Србија се судри автобус со ученици и автомобил, едно лице загина
Едно лице загина во судир на училишен автобус во кој имало деца и автомобил на патот меѓу Нови Сад и Инѓија во Србија. Несреќата се случила околу седум часот утринава.
Автобусот завршил на страна, а возачот на автомобилот починал на местото на настанот.
Нова.рс пишува дека има повредени и дека се пренесени во болница во Нови Сад.
Регион
Дојава за бомба во два трговски центри во Белград
Два трговски центри во Белград денеска добиле дојава за бомба, пишува „Евроњуз Србија“.
Дојавата за подметнати бомби пристигнала во 13 часот во трговскиот центар „Биг“ во Карабурба и во трговскиот центар „Милениум“. Непознати лица нешто по 13 часот пријавиле дека во трговските центри била поставена експлозивна направа.
Во моментот во тек е евакуација на посетителите во овие трговски центри.
Регион
Опозициските политичари во Албанија запалија столчиња пред парламентот во знак на протест поради апсењето на нивниот колега
Албанските опозициски политичари запалија куп дрвени столчиња пред Собранието во знак на протест поради апсењето на нивниот колега.
На почетокот на редовната собраниска седница пратениците од опозицијата ги извадија столчињата од собраниската сала и ги запалија на скалите од зградата.
Припадниците на службата за безбедност брзо го изгаснале пожарот.
Апелациониот суд на Албанија во петокот ја потврди пресудата на понискиот суд со која Ервин Салијани, член на опозициската Демократска партија, беше осуден на една година затвор.
Понискиот суд го прогласи Салијани за виновен за „лажна пријава“ против поранешниот министер за внатрешни работи. Салијани ја негираше вината и рече дека судењето е политички мотивирано.
Претходно овој месец, водачот на Демократската партија Сали Бериша, кој е во домашен притвор од декември, беше обвинет за корупција за дејствија што ги презел додека бил премиер од 2005 до 2013 година. Бериша, исто така, ја негира вината.
Демократската партија повика на голем протест во главниот град Тирана на 7 октомври.