Свет
Американски авион принудно слета: Има загинати
Едно лице загина за време на турбуленции во американски авион во кој имало пет лица.
Поради ова, екипажот принудно слета на аеродромот Бредли во државата Конектикат, соопштија локалните власти.
„Бомбардиер“ наиде на сериозни турбуленции над Нова Англија додека патуваше од Кина, Њу Хемпшир до Лизбург, Вирџинија, изјави Сара Сулик, портпаролка на Националниот одбор за безбедност на транспортот (NTSB).
Степенот на штетата на авионот не е проценет, а НТСБ не соопшти детали дали жртвата носела сигурносен појас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Поблиску сме до крајот на војната отколку што мислиме
Се поблиску сме до крајот на војната, поблиску отколку што мислиме, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за „ABC News“.
И во оваа прилика Зеленски уште еднаш ги повика Вашингтон и другите партнери да продолжат да ја поддржуваат Украина, бидејќи како што рече првиот човек на Украина, „само силната позиција на Украина може да го охрабри рускиот претседател Путин да ја прекине војната“.
Зеленски во моментов престојува во Соединетите Американски Држави, каде што ќе учествува на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации.
Украинскиот претседател ќе ја искористи оваа можност за бројни средби со светските лидери, а ќе разговара и со актуелните американски кандидати за нов претседател Камала Харис и Доналд Трамп.
„Уште еднаш ги повикувам сите наши сојузници да ни помогнат да постигнеме заедничка победа за вистински праведен мир“, рече Зеленски, по што се осврна на операцијата Курск.
„Путин многу се плаши од таа операција бидејќи неговите луѓе од неа видоа дека тој не може да ја брани целата своја територија“, заклучи Зеленски.
Европа
Човек ненадејно почина на лет од Бугарија: авионот принудно слета во Келн
Авион на Jet2 од Бугарија за Велика Британија ненадејно бил пренасочен кон Келн, откако еден патник починал за време на летот.
Летот LS3214 полета од Бургас, Бугарија за Ливерпул во понеделникот околу 13 часот по локално време, пред екипажот да прогласи вонредна состојба два часа подоцна.
Авионот бил пренасочен кон Келн, а по слетувањето на оддалечената писта на аеродромот околу 15 часот и 32 минути, кон авионот веднаш се упатила брзата помош.
Мажот, наводно, добил срцев удар и бил прогласен за мртов, и покрај огромните напори на патниците и екипажот да го реанимираат, пишува Мирор.
По неколку часа поминати на аеродромот, авионот конечно повторно полета за Ливерпул во 21.17 часот и слета во Велика Британија во 22.27 часот.
Регион
Дојава за бомба во Подгорица, судот итно евакуиран
Зградата во која се сместени Вишиот суд и Врховниот суд во Подгорица е евакуирана поради дојава за поставена бомба.
На електронската пошта на Врховниот суд е испратена закана за бомба.
Специјалната полициска единица моментално врши проверка на просториите, а вработените ја напуштиле зградата, јавуваат подгоричките медиуми.