Регион
На милиони дози на вакцини им истече рокот во Бугарија: Нема да ги надополнуваме залихите
Бугарија уништува големи количини на истечени дози од вакцината „Ковид-19“ и не планира да ги надополнува своите залихи, изјави бугарскиот министер за здравство. „Во овој момент нема луѓе кои сакаат да се вакцинираат“, вели во интервју за државната телевизија Асен Междиев, кој привремено ја извршува функцијата министер за здравство.
„Огромни количини“ вакцина со поминат рок се веќе уништени, а оваа година треба да се отстранат дополнителни 2,8 милиони дози, рече тој. Тој и порача на Европската комисија дека Бугарија сака да го прекине договорот со BioNTech/Pfizer, според кој неговата земја е обврзана да ја купи вакцината против коронавирусот до 2025 година, рече Междиев.
„Овој став е поддржан од Полска, Чешка и Литванија“, рече тој.
Бугарија има најниска стапка на вакцинација во Европската унија. Само 30 отсто од населението од 6,5 милиони имаат основна имунизација против вирусот, според официјалните податоци. Нема задолжителни заштитни мерки против вирусот од средината на ноември 2022 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Расте бројот на жртви од бурата во Грција
Невремето во Грција уништи мостови, куќи и деловни простории, а бројот на жртви се искачи на три лица, јавуваат денеска грчките медиуми.
Маж е пронајден мртов денеска на полуостровот Халкидики откако неговото возило се превртело поради лизгање на земјиштето и слетало во канал, објави весникот „Катимерини“.
Απίστευτα πράγματα. Τι θα φανερωθει με το πρώτο φως της ημέρας.#Ρόδος #Κακοκαιρία_BORA #πλημμύρες #κακοκαιρία pic.twitter.com/PpxmCnAKca
— Εποχικοί Πυροσβέστες (@epoxpyrosvestes) December 1, 2024
Уште две лица го загубија животот за време на викендот во невремето што го погоди северниот егејски остров Лемнос.
Поројниот дожд и невремето предизвикаа значителни штети на Халкидики, особено на Ситонија, каде се поплавени куќи, подруми и продавници, а патиштата беа непроодни поради одрони.
Невремето предизвика штети и на Родос, каде што беше урнат мост во одморалиштето Фалираки, а оштетени се куќи и продавници на брегот, пренесе Ројтерс.
Регион
Снегот парализира села кај Златибор: урнати далноводи, жителите 30 часа без струја
Поради големото количество обилен снег, во подножјето на Торник на Златибор паднаа два далновода и неколку дрвени столба, па селата Стубло и Јабланица се без струја 30-ина часа, пренесуваат медиумите во регионот.
Според „Нова.рс“, екипите задолжени за санирање на дефектот денеска излегле на терен. Врз основа на процената на моментната состојба, имајќи ги предвид количината снег и паднатите дрвја што ја предизвикаа несреќата, струја и во текот на овој ден нема да добијат две златиборски села.
Големото количество снег натежнал над боровите стебла, кои од тежината се откорнале, па десетици од нив паднале на струјните кабли. Во овој дел на Златибор моментно има густа магла, а снегот е висок 60-ина сантиметри, јавуваат тамошните медиуми.
Регион
Курти по експлозиите во Косово: Милан Радоичиќ е клучната причина за нападите
Косовскиот премиер Албин Курти ја повика меѓународната заедница да изврши притисок врз Србија да го предаде Милан Радоичиќ на косовските власти, нагласувајќи дека овој српски политичар и претприемач е „клучната причина“ за нападите што се случија и може да се случат во Косово во иднина.
На вчерашната прес-конференција во Приштина, по нападот на каналот Ибар-Лепенец на северот на Косово пред два дена, Курти истакна дека одбивањето на Србија да го екстрадира Радоичиќ претставува клучен предизвик за решавање на актуелната ситуација, јавува Радио Слободна Европа на албански јазик.
This is the damage caused by the the terrorist attack on Kosovo's critical water supply system. pic.twitter.com/zN82Avk6IC
— Admirim (@admirim) November 30, 2024
Косовските власти издадоа налог за апсење и го обвинија Радоичиќ, поранешен потпретседател на Српската листа, политичката партија на Србите на Косово, кој ја презеде одговорноста за смртоносниот напад врз косовската полиција во Бањска во септември 2023 година.
Kosovo police carried out raids and made arrests after an explosion damaged a canal that sends water to two power plants responsible for nearly all the country's electricity https://t.co/ASw9giATxn pic.twitter.com/jkMzKBM7Qs
— Reuters Asia (@ReutersAsia) December 1, 2024
Курти изјави дека, доколку Радоичиќ не беше ослободен во Србија, драстично ќе беа намалени шансите за реализација на сите овие напади што се случија, како и идните напади што ги планираат. „Ги повикуваме меѓународните фактори да извршат притисок врз Белград за главниот виновник Радоичиќ да им биде предаден на институциите на Косово. Ако Србија се сомнева дека Радоичиќ нема да има правично судење на Косово, го имаме ЕУЛЕКС кој ги надгледува сите случаи на Косово. Затоа тој треба да биде екстрадиран на Косово“, рече Курти.