Европа
Тригодишно девојче пронајдено задушено во машина за перење
Тригодишно дете било пронајдено во машина за перење во стан во Париз.
Француските обвинители не дадоа дополнителни детали ниту ги потврдија извештаите дека девојчето било пронајдено живо во машина за перење од нејзиниот татко и уште еден член на семејството и дека еден час подоцна починала во Итната помош.
Машината за перење не беше вклучена, но вратата се затвори автоматски. Девојчето било во семејниот стан кога се случила трагедијата, пренесува „Мирор“.
Таа наводно починала околу 23:30 часот и покрај напорите на лекарите, а првичните информации велат дека смртта настанала од „гушење“.
На телото на девојчето немало траги на насилство, но допрва ќе се врши обдукција.
48-годишниот татко на девојчето рекол дека вратата на машината била затворена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Експлозии во близина на израелската амбасада во Копенхаген
Данската полиција истражува две експлозии во близина на израелската амбасада во Копенхаген, објави утринава Ројтерс.
„Никој не е повреден, ние спроведуваме првична истрага на местото на настанот“, објави полицијата во Копенхаген на Икс.
„Се истражува можна поврзаност со израелската амбасада во областа“, додаде полицијата.
Европа
Папата Франциско побара прошка за сексуалната злоупотреба и понижување на жените
Папата Франциско ја водеше молитвата за време на која бараше прошка за пропустите на Католичката црква, вклучувајќи го и третманот на свештенството кон жените и жртвите на сексуална злоупотреба, додека католичките водачи се подготвуваат за едномесечниот синод во Ватикан.
На церемонијата во базиликата Свети Петар, жртва на злоставување го даде своето сведочење и им кажа на стотици бискупи дека скандалите со злоупотреба „ја разнишаа верата на милиони и го нарушија угледот на институцијата на која многумина се угледуваат за водство“.
Во неделата, Франциско се врати од патување во Белгија, каде што се соочи со најжестоките критики упатени за време на едно од неговите странски патувања.
Белгискиот крал и премиер повикаа на поконкретна акција за справување со скандалите со злоупотреба, додека двајца лидери на католички универзитети го отфрлија ставот на Папата за улогата на жената во црквата и општеството.
Како дел од мисата во вторник, седум кардинали, највисоките личности по папата во Црквата, која има повеќе од 1,4 милијарди верници на глобално ниво, побараа прошка за различните пропусти на Црквата.
Франциско на присутните им кажа дека барањето за прошка го напишал сам „затоа што беше неопходно да ги извикуваме нашите гревови со име и презиме“.
Пензионираниот бостонски надбискуп, кардиналот Шон О’Мали, водачот на ватиканската комисија за сексуална злоупотреба на свештенството, побара прошка.
Франциско рече дека мисата е наменета „да започне зараснување на раните кои никогаш нема да престанат да крварат“.
„Бараме прошка, чувствувајќи се срам, од оние кои се повредени од нашите гревови“, рече Папата.
Ватиканскиот синод започнува во среда. Ќе собере кардинали, бискупи и други од повеќе од 110 земји во светот. Членовите на Синодот кон крајот на октомври ќе гласаат за конечниот текст кој може да донесе промени во доктрината.
Минатогодишниот синод разговараше за прашања кои ја делат црквата, како што е благословот на истополовите парови.
Но, за повеќето од најконтроверзните прашања ќе одлучуваат работни групи кои ќе го достават својот конечен извештај до папата Франциско (87) следниот јуни.
Европа
Борис Џонсон тврди дека кралицата Елизабета имала рак: Го знаев тоа една година
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон ја опиша својата последна средба со покојната кралица Елизабета Втора, која се одржа во замокот Балморал во септември 2022 година, неколку дена пред нејзината смрт, во своуте претстојни мемоари Unleashed.
Џонсон тврди дека на кралицата ѝ бил дијагностициран рак на коските во последните години од животот, пренесува „Дејли мејл“ делови од неговите мемоари.
View this post on Instagram
„Една година или повеќе знаев дека има форма на рак на коските, а нејзините лекари беа загрижени дека во секој момент може да дојде до ненадеен пад“, напиша Џонсон во мемоарите.
Пред нивниот состанок Џонсон тврдеше дека приватниот секретар на кралицата, Едвард Јанг, го предупредил дека нејзиното здравје се влошило во текот на летото.
„Но, нејзиниот ум, како што рече и Едвард, беше целосно неповреден од нејзината болест и одвреме-навреме во нашиот разговор таа сè уште имаше голема насмевка, која го подигнуваше расположението“, додаде Борис.
Кралицата почина само два дена по нивната последна средба. Според Џонсон, Елизабет цело лето знаела дека ќе умре, но била решена да издржи и да ја изврши последната должност и да го надгледува неговото заминување од премиерската функција. Борис Џонсон официјално поднесе оставка за време на нивната средба.