Регион
Таткото се обидел да ги спаси децата преку терасата, но вратата се заглавила -Нови детали за пожарот во кој изгореа четири деца
Четири деца утрово загинаа во страотен пожар што избувна во стан на шестчлено семејство во Нови Пазар, додека родителите се здобија со тешки телесни повреди.
Противпожарната служба, брзата помош и полицијата веднаш пристигнале на местото на настанот, но за жал немало начин да се спасат децата.
Децата како што пишуваат медиумите, биле пронајдени во една соба, а се претпоставува дека починале од вдишување на чад.
Таткото се обидел преку терасата да влезе во детската соба, но не успеал да ја пробие вратата која била заглавена.
Таткото на повредените деца, родум од Египет, добил изгореници на 45 отсто од телото, а мајката се здобила со изгореници од втор и трет степен на 18 отсто од телото.
Причината за пожарот се уште не е позната, а се шпекулира дека пожарот го предизвикал греалка или шпорет.
„Има четири мали деца, знаете како оди, работите се оставаат да се исушат, веројатно нешто се запалило и така настанал пожарот, сестра ми е мажена за Египќанец, била домаќинка, додека деверот работеше. Утрово и двајцата беа таму, но судбината сакаше да им ги одземе животите на нивните деца, а нивните животи беа доведени во прашање“, изјави братот на мајката на децата кои загинаа за „Блиц“.
Полицијата соопшти дека нивните припадници веднаш по пријавата за една минута излегле на местото на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Хрватска, Косово и Албанија ќе произведуваат оклопно возило наречено „Шота“
Косово, во соработка со Албанија и Хрватска, планира да започне производство на оклопното возило „Шота“, што би бил прв заеднички проект од ваков тип на Балканот. Веста ја потврди в.д. министерот за одбрана на Косово, Ејуп Мачедонци, наведувајќи дека разговорите со Албанија се во завршна фаза, по што договорот ќе биде проширен и на Хрватска, пишува „Кликс.ба“.
Во во интервју за емисијата „60 минути“, пренесено од порталот „Коха“, тој изјави дека партнерите веќе постигнале начелен договор за заеднички развој и производство на возилото со албански дизајн. Според него, производството би било географски распределено, така што секоја земја би била задолжена за изработка на различни компоненти.
Доколку проектот се реализира, тоа ќе биде првпат три балкански држави заеднички да произведуваат воено оклопно возило, кое би било наменето за нивните вооружени сили, но и за извоз. Оваа иницијатива е продолжение на меморандумот за соработка во областа на одбраната и безбедноста што Косово, Албанија и Хрватска го потпишаа во март во Тирана, при што е оставена можност и за приклучување на други земји.
U okviru trilateralne vojne suradnje, Kosovo, Albanija i Hrvatska ulaze u povijesni projekt zajedničke proizvodnje oklopnog vozila “Shota”, dizajniranog u Albaniji. pic.twitter.com/dwNGk4bcoc
— Vuk83J 🇭🇷 (@putnik833) December 27, 2025
Министерот нагласи и дека Косовските безбедносни сили напредуваат побрзо од очекуваното, надминувајќи ги целите поставени со Сеопфатниот план за транзиција од 2018 година. Тој потврди дека Косово веќе користи системи за противдронска заштита и размислува за дополнително зајакнување на тие капацитети.
Во иднина, Косово планира да премине кон целосна воена оперативност веќе од следната година, што вклучува набавка на системи за противвоздушна одбрана и хеликоптери. Се водат разговори со Пентагон за можната набавка на хеликоптери, при што министерот истакна дека Соединетите Американски Држави и Турција остануваат главни одбранбени партнери на Косово, заедно со проширување на соработката со Германија, Италија, Обединетото Кралство, Хрватска и Чешка.
Трилатералниот меморандум за одбрана предизвика остри критики од Србија, пишува „Индекс“. Белград тврди дека со него се крши регионалниот договор за контрола на вооружувањето од 1996 година, како и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, која, според српскиот став, го дефинира КФОР како единствена овластена вооружена сила на Косово.
Фото: pexels
Регион
Две тела најдени во стан во Крушевац, сомнежот е дека син ги убил родителите со нож, па се фрлил од зграда
Двојно убиство и самоубиство се случија утрово во семеен стан во Крушевац, а полицијата ги утврдува сите околности на овој случај. Според првите неофицијални информации од истрагата, млад човек извршил двојно убиство во семејниот стан, убивајќи ги своите родители со нож, по што извршил самоубиство скокајќи од зградата.
Случајот е откриен откако соседите пријавиле дека на тротоарот пред зградата има безживотно тело на маж. Кога полицијата и брзата помош пристигнале на местото на настанот, смртта била констатирана, а набрзо следел уште поголем шок.
При влегувањето во станот каде што мажот живеел со своите родители, припадниците на полицијата затекнале ужасна сцена. Телата на таткото и мајката биле пронајдени со бројни убодни рани во пределот на торзото и вратот.
Истрагата на лице место траела со часови, а полицијата, според информациите, го пронашла ножот со кој најверојатно е извршено злосторството.
„Местото на настанот било морничаво. На местото на злосторството било пронајдено ладно оружје со траги од крв, кое е испратено на вештачење“, изјавил извор близок до истрагата.
Регион
Кос: На крајот од 2026 година, ЕУ нема да биде поголема, но ќе биде поблиску до проширување
ЕУ ќе мора да ја искористи 2026 година за брзо да се движи кон амбициозно вклучување на Западен Балкан и Источна Европа во своите редови, или сегашната Комисија нема да има време за тоа при крајот на својот мандат, изјави европската комесарка за проширување Марта Кос.
Пред празниците, Кос разговараше со бриселскиот портал Политико за годината што завршува и нејзините очекувања за следната година.
„Ќе биде подобра (2026) од 2025 година“, рече Кос, инсистирајќи дека „дури и 2025 година беше многу успешна“.
Таа, исто така, рече дека во следните 12 месеци ќе бидат неопходни активности за да се обезбеди прием на нови членки на време.
„Зошто мислам така? Прво, тоа е геополитика. Второ, тоа е вистинското вклучување на некои земји-кандидатки“, изјави Кос за Политико.
Европската комесарка, исто така, рече дека не станува збор само за кандидатите, туку и за ЕУ - дали може да се справи со предизвиците.
„Дали е добро за нашата безбедност, дали ги пополнуваме празнините што ги оставивме во минатото? Да! Дали ни треба Украина во ЕУ? Да!“, истакна Марта Кос.
Како што рече словенечката еврокомесарка, до крајот на следната година ЕУ „сè уште нема да биде поголема“, но „ќе завршиме поблиску“ до целта за проширување.
„Веројатно тогаш ќе ги завршиме сите преговори со Црна Гора“, рече Кос.
Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ изјави за Политико дека напредокот на Црна Гора кон пристапувањето во ЕУ мора да се постигне во следната година, ако тоа треба да се постигне за време на мандатот на оваа европска комисија.
Милатовиќ рече дека е оптимист дека за време на шестмесечното претседателство на Кипар во ЕУ од 1 јануари, ќе се формира работна група под покровителство на Советот за изготвување на договорот за пристапување на Црна Гора.
„Тоа е навистина голем чекор. Тоа сигурно ќе значи дека Црна Гора ќе стане 28-ма членка на ЕУ во 2028 година“, рече црногорскиот претседател.

