Свет
Поранешен агент на ФСБ: Пригожин е психички болен, треба да биде отстранет од „Вагнер“

Поранешниот агент на ФСБ и десничарски националист Игор Гиркин на својот канал на „Телеграм“ објави дека Евгениј Пригожин е воен злосторник и повика веднаш да биде отстранет од раководството на „Вагнер“. Тој додаде дека „Вагнер“ има мало влијание врз ситуацијата на бојното поле.
Гиркин, познат како Игор Иванович Стрелков, е еден од главните проруски сепаратисти во Украина. Тој беше осуден пред неколку месеци за соборување на летот „МХ17“ во 2014 година.
„Најавите на Пригожин дека фронтот ќе пропадне без ‘Вагнер’ се пример за бесрамна криминална самопромоција“, тврди Стрелков и додава дека верува оти видеото во кое ја повикува Москва за недостигот на муниција е направено пред две недели.
Стрелков понатаму наведува дека влијанието на „Вагнер“ врз настаните на бојното поле, всушност, било прилично мало.
Тој вели дека битката што ја водат за релативно мал град во Донбас, мислејќи на Бахмут, не е толку важна воено. Освен тоа што не е одлучувачки за текот на војната, „доведува до огромни загуби на борци“, пишува Стрелков. Сето тоа, додава Стрелков, ѝ дава време на Украина. Во друга објава го допре и Пригожин.
„И малку повеќе за ‘Вагнер’. Според мене, ‘Вагнер’, по завршувањето на нападот на Бахмут, не може да се повлече од фронтот или да се распушти“, вели тој додавајќи дека единицата треба да се реорганизира за да може успешно да се користи к0олку што е можно во иднина. Сепак, Пригожин треба целосно да се отстрани од главата на ‘Вагнер’“, додава тој.
Стрелков пишува дека политичките амбиции на Пригожин само му наштетиле на „Вагнер“. Освен тоа, Стрелков пишува дека Пригожин е психички нестабилна личност и воен злосторник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Јас сум претседател-медијатор, сакам да решавам војни

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се гледа себеси како претседател-медијатор, нагласувајќи дека неговата цел е да помага во решавањето на конфликти ширум светот.
„Јас сум претседател-медијатор. Сакам да решавам војни“, рече Трамп за време на средбата со украинскиот претседател, Володимир Зеленки, додавајќи дека моменталната ситуација (мисли на Украина) не е лесна за посредување.
„Полесно е кога луѓето се разбираат, кога се среќаваат и кога си се допаѓаат еден на друг. Не сме баш во таква ситуација“, изјави тој пред новинарите, пренесе „Гардијан“.
Трамп спомена дека досега посредувал во осум конфликти, вклучително и на Блискиот Исток, и дека тековните напори се негов „деветти случај“.
„Ова ќе биде број девет за мене. Решив осум, вклучувајќи го Блискиот Исток… Не добив Нобелова награда, и не ми е важно тоа. Важно ми е да се спасувам животи“, изјави Трамп.
Свет
Трамп неодлучен за испорака на ракетите „ Томахавк“ на Украина

Како што објави „Гардијан“, американскиот претседател покажа двоумење во врска со испораката на Томахавк во Украина, велејќи: „Една од причините зошто сакаме да ја завршиме оваа војна е… не ни е лесно да ви дадеме… огромни количини многу моќно оружје… Се надеваме дека нема да им требаат. Се надеваме дека можеме да ја завршиме војната без да размислуваме за ракетите Томахавк“.
„Ќе зборуваме за ракетите Томахавк и многу повеќе би сакале да не им требаат тие ракети. Искрено, многу повеќе би сакале војната да заврши. Бидејќи, знаете, ние сме тука за војната да заврши… Продаваме многу различни видови оружје, како што знаете, на Европската Унија. Не сме тука за тоа. Ние сме тука за војната да заврши“, продолжи тој.
Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски, претходно изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.
Свет
Зеленски: Подготвени сме на Америка да ѝ понудиме дронови во замена за „Томахавк“ ракети

Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.
На прашањето дали таков договор би го интересирал, поранешниот американски претседател Доналд Трамп одговори: „Да, би нè интересирал. Во моментов имаме многу дронови – ги произведуваме сопствените, но купуваме и од други, а Украинците произведуваат многу добри дронови.“
Трамп беше прашан и што мисли за тоа Украина да употребува ракети за напад подлабоко во Русија. „Ќе разговараме за тоа“, рече тој.
„Тоа е ескалација, но ќе разговараме за тоа“.
Украина бара од САД да испорачаат ракети „Томахавк“ кои можат да погодат цели на оддалеченост од речиси 2.000 километри.