Скопје
Пролетна акција за собирање кабаст отпад во Скопје
Следните викенди граѓаните на Скопје ќе можат бесплатно да се ослободат од својот кабаст, голем, гломазен отпад, затоа што градот Скопје во соработка со „Комунална хигиена“ оргнизираат една од четирите годишни вакви акции.
Минатиот викенд екипите на ЈП „Комунална хигиена“, во координација со општината Чаир, спроведоа акција за собирање кабаст отпад (мебел, стара електрична и електронска опрема) во оваа скопска општина.Градот Скопје заедно со ЈП„Комунална хигиена“ преку своите програми за одржување на хигиената на градот и подигање отпад почна еден нов начин на организирано третирање на кабастиот и инертниот отпад на територијата на градот. Имено, сите граѓани на Скопје имаат можност четири пати во годината бесплатно, на определени локации и договорени термини, односно до 11 часот претпладне, да ги остават сите свои стари и непотребни предмети со погабаритни големини, односно различен вид стар мебел, стари електрични апарати, како и инертен отпад од реновирање кој е уредно спакуван во вреќи. Инаку, граѓаните во текот на годината во кое било време можат да се јават и да ги повикаат екипите на ЈП „Комунална хигиена“ да дојдат и да го подигне овој вид отпад од нивните домови, но со симболична наплата на услугата. Исто така, самите граѓани имаат можност бесплатно во кое било време со свој превоз овој вид на отпад да го одложат во рециклажниот двор во Карпош и во новоизградениот Рециклажен двор во Вардариште. Акциите за собирање кабаст отпад по општините ќе се одвиват според следниов план за работа на ЈП „Комунална хигиена“ :- Општина Центар – 19 и 20 февруари, – Општина Аеродром – 26 и 27 февруари,- Општина Кисела Вода – 4 и 5 март,- Општина Гази Баба – 11 и 12 март,- Општина Бутел – 18 и 19 март,- Општина Шуто Оризари-25 и 26 март./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.



Македонија
(Фото) Во текот на декември подигнати 𝟣𝟥 𝟢𝟢𝟢 тони комунален отпад во Скопје
Во текот на месецот декември 2025 година, ЈП Комунална хигиена-Скопје подигна и транспортираше вкупно 13 000 тони комунален отпад од кантите во индивидуалните домувања и контејнерите поставени на јавни површини на територијата на градот Скопје, известуваат од ЈП Комунална хигиена-Скопје.

„Воедно, екипите на Претпријатието отстранија и 2200 кубни метри претежно кабаст и градежен отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини.

Во текот на последниот месец од минатата година, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше голем број едукативни разговори со претставници на стопанските субјекти, како и со лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпад, при што се изготвени 225 записници.

Најголем број на записници – вкупно 85 – се врачени во скопската општина Kарпош“, се додава во соопштението на ЈП Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Делови од Центар и Зелениково денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач од ф – 100 мм на ул. 5 бр. 47 во село Моране, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од село Моране, општина Зелениково.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради уличен дефект на ул. Васил Ѓорѓов б.б – пред ОУ Киро Глигоров, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Васил Ѓорѓов, Адам Мицкиевиќ, дел од корисниците од улиците Киро Глигоров и Козара, како и објектот на заводот за физикална медицина и рехабилитација, општина Центар.

