Црна хроника
Казнети 30 автобуси што вршат превоз на ученици, приведен малолетник

Во текот на вчерашниот ден (6.3.2023), во периодот од 6 до 10 часот, на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, преглед на средношколци пред влегување во училишта, угостителски објекти и игри на среќа во непосредна близина на училиштата.
При контролата приведено е едно малолетно лице од Скопје според Законот за оружјето, член 80 став 3, кај кого при прегледот бил пронајден електрошок.
При контролата санкционирани се 30 возачи поради сторени сообраќајни прекршоци, од кои 12 за возење без возачка дозвола…
Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Се бара притвор за четири лица кои краделе од објект на Железници во Скопје

Скопското обвинителство поведе постапка против четири лица кои извршиле вкупно 4, а се обиделе да извршат уште една тешка кражба од објект на Јавното претпријатие Македонски железници Инфраструктура – Скопје на булеварот „Србија“.
Од почетокот на месецов, во четири наврати, со физичка сила и алат го кршеле катанецот со кој била затворена капијата на објектот, а потоа влегувале внатре и одземале машини и други предмети во вкупна вредност од 1.239.000 денари.
Потоа, уште еднаш на 14 април, двајца од нив дошле пред објектот, ја обиле металната капија и се обиделе да одземат парчиња лим, но биле забележани и задржани на лице место од вработените.
За сите нив јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
Црна хроника
Водоводџија почина во куќа во Карпош додека вршел поправки

Седумдесет и шестгодишниот водоводџија М.Т. од Скопје почина во куќа во Карпош додека извршувал поправки.
Лекар од Итната медицинска помош констатира смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, објави МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Пожар во угостителски објект во Центар

Денеска околу 03 часот во полицијата било пријавено дека бил опожарен угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје.
„Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема“, информираа од МВР.
Извршен бил увид.