Црна хроника
Скопјанка се преставувала како шефица во Бондстил и нудела вработувања во НАТО
МВР ја уапси „Генерал Мими“, 34-годишната скопјанка со иницијали М.Џ., која лажно се претставувала како шефица во американката воена база Бондстил на Косово, и нудела вработувања во НАТО, како и можности за бизнис со преставништва на Алијансата.
Од МВР велат дека М.Џ. се товари за 12 кривични дела изршен во периодот од јануари до јуни годинава, при што успеала да измами 12 македонски граѓани, поголем дел од кои биле жители на општина Аеродром. На истите им ветувала вработувања и големи плати, а за возврат ги „олеснила“ за 567.300 денари.
Обвинетата на измамените им ветувала дека во силите на НАТО ќе ги вработи како возачи, административни работници, месари, собарки, кафекуварки и во останатите служби, а на оние кои имале фирми им ветила дека доколку аплицираат во НАТО, ќе им среди тендери за снабдување на базата о храна, средства за хигиена, пијалоци и слично.
На измамените наложила да подготват свое „CV“, потоа со фотокопија од лична карта и две фотографии да платат сума од 6.000 денари со која ќе се покрие лекарскиот преглед, а дури им сугерирала да набават облека од скапи бутици за да изгледаат претставително на интервјуата и истата да ја користат како работна униформа.Откако ќе им ги земела парите, измамничката набрзо исчезнувала, а случајот стигнал дури и до помошникот на генералниот секретар на НАТО, Дирк Бренгелман, кој се распрашувал за истиот за време својата посета на земјава./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдени и одземени 220 таблети во пакет за осуденик во затворот Идризово
На 11 јануари 2026 година во 15:00 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправна установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 12:30 часот, при извршен претрес на пакет наменет за осудено лице А.Н. (39) од Скопје, биле пронајдени и одземени 220 таблети.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Инцидент во трговски центар: две жени меѓусебно се пријавиле за физички напад
На 11 јануари 2026 година во 13:10 часот во СВР Скопје, С.К.П. (41) пријавила дека околу 12:20 часот во трговски центар на подрачјето на Центар била физички нападната од М.Д. (56).
Според пријавата, со М.Д. било и едно машко лице кое ја снимало С.К.П. со мобилен телефон.
Од полицијата информираат дека и М.Д. поднела пријава, во која навела дека била физички нападната од С.К.П.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден 70-годишник во пожар во куќа во виничко Блатец
На 11 јануари 2026 година во 12:04 часот во ОВР Виница било пријавено дека во село Блатец, околу 11:50 часот, настанал пожар во куќа и помошна просторија – работилница, сопственост на М.Д. (70) од истото село.
Како што информира полицијата, сопственикот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош од Виница бил пренесен во Општа болница Кочани за укажување лекарска помош.
Пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Виница и Територијалната противпожарна единица Кочани.

