Македонија
Игор со цистична фиброза: Јас не го добив лекот иако е тука, на клиниките

Игор Пехчевски, кој боледува од цистична фиброза, реагира од болничкиот кревет дека сè уште не го добил лекот „трикафта“.
„ Сè додека не го објавив транспарентот од болничкиот кревет, никој не знаеше што е болеста цистична фиброза, ни медиумите, ни македонската јавност, а камо ли за лекот ’трикафта’. А сега кога лекот е тука и на клиниките, јас лекот не го добив. Ги прашувам надлежните – дали ние останатите ќе го добиеме лекот навреме, затоа што болеста секојдневно е непредвидлива и прогресивна“, вели Пехчевски.
Лекот „трикафта“ за најкритичните пациенти со цистична фиброза пред неколку дена пристигна на Клиниката за детски болести и на Клиниката за пулмологија.
Од осумтемина пациенти за кои терапијата веќе е пристигната, седуммина се возрасни, над 18 години, и едно е дете. Директорката на Клиниката за детски болести, Стојка Нацева-Фуштиќ најави дека ќе направат напор многу бргу да се обезбеди терапија за уште четворица пациенти оти со пониската цена им останале пари од сегашната набавка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДОМ: Со една рака делат милиони за невладините, со друга ги блокираат граѓаните во нивната независна политичка вклученост!

„Демократска обнова на Македонија (ДОМ) остро се спротивставува на сè поопасната пракса на владејачкото мнозинство но и на опозицијата (партиите-коалиционери од поранешната влада), кои со едната рака доделуваат милиони евра за невладини организации, а со другата рака ги блокираат демократските механизми што би им овозможиле на граѓаните реално политичко учество. Со усвојувањето на Ребалансот на Буџетот за 2025 година, беа зголемени трансферите кон невладиниот сектор од 26,7 на 34,4 милиони евра, а во исто време нема никаква политичка волја за измена на Изборниот законик што би овозможил учество на независни кандидати на претстојните локални избори“, велат од ДОМ.
„Поддршката за граѓанските организации е важна и потребна, но добива сенка на партиска инструментализација кога се користи како параван за прикривање на партиципативната демократија. Во исто време кога се зголемуваат средствата за невладиниот сектор, граѓаните и граѓанките системски се блокирани да учествуваат како независни политички субјекти. Згора на тоа: кои се механизмите за надзор над потенцијалната злоупотреба на овие средства зголемени за 30% на три (3) недели пред објавувањето на локалните избори? Дали веќе се знае кои невладини (нечии миленици) ќе ги добијат тие средства?
Зелената партија ДОМ остро се спротивставува на оваа пракса, каде со една рака се делат милиони, а со другата се бришат граѓаните од картата на политичка партиципација.
ДОМ уште еднаш упатува јавно барање веднаш да се отпочне постапка за измена на Изборниот законик и да се обезбеди еднаква, фер и демократска можност за учество на независни и граѓански листи на локалните избори во 2025 година. И да не се лажеме: партиските мастадонти ќе си формираат свои прокси политички субјекти воочи локалните избори и ќе си „туркаат“ со своите миленици – и од тие причини веќе знаеме кој ќе биде одговорот на нашето барање…за жал!“, соопшти ДОМ.
Македонија
Без струја дел од општина Карпош

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата 2 во село Бардовци, општина Карпош.
Македонија
Претежно сончево и многу топло, максималната температура до 42 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 36 до 42 степена.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 41 степен.
Времето во наредните денови
Во петок и во сабота ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност и со температура која наместа ќе достигне и 43°C. Во недела ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а температурата ќе биде во опаѓање.