Компании
„Џонсон Контролс“ гради фабрика во Струмица за нови 1.500 вработувања
Нови 1.500 работни места ќе донесе инвестицијата од 20 милиони долари на американската компанија „Џонсон Контролс“ во новата фабрика што почна да ја гради денеска во индустриската зона во Струмица.
Во новиот производен капацитет, на површина од 13.000 метри квадратни, ќе се произведуваат делови за прекривки за седишта за автомобилската индустрија, кои ќе се извезуваат на европскиот пазар каде вакви производи „Џонсон Контролс“ пласира и од својата фабрика во Штип.Вкупниот број на вработени на оваа американска компанија во Македонија, со новиот капацитет во Струмица, ќе изнесува околу 3.000.„Успешниот развој на нашата фабрика во Штип и успешната соработка со македонската Влада неколку години наназад го подготвуваше нашиот пат за следниот чекор за новата фабрика во Струмица“, рече Владимир Теплик, потпретседател за операции во „Џонсон Контролс“.„Почетокот на изградбата на втората фабрика на „Џонсон Контролс“ и вчерашниот старт на градежните работи за втор капацитет на „Ван Хол“ покажува дека инвестициите во Македонија продолжуваат и оти државата продолжува да чекори напред“, оцени премиерот Емил Димитриев.Според вицепремиерот Пешевски, фактот дека „Џонсон Контролс“, компанија застапена во над 150 држави и со околу 160.000 работници, инвестира повеќе пати во свои капацитети во Македонија, е магнет и за други компании да дојдат тука да видат какви се условите за инвестирање и да почнат свои инвестиции.Новиот производствен капацитет на „Џонсон Контролс“ во Струмица, според директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо, се очекува да биде готов до април следната година. Основа за тоа е веќе почнатото пробно производство на американската компанија во браунфилд инвестиција во овој град за што веќе има ангажирано 400 работници. До крајот на годината се планира тој број да се зголеми на 500.На поставувањето на камен-темелникот присуствуваа премиерот Емил Димитриев, вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, директорот на Дирекцијата за технолошко-развојни зони Виктор Мизо, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и пратеници./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)
Економија
Креативен пристап на MINT Fintech Group на eCommerce конференцијата
На 13 ноември, MINT Fintech Group беше значајна поддршка на eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер, настан кој ги собра водечките професионалци и ентузијасти од светот на е-трговијата. Оваа конференција се истакна како платформа за најновите трендови и иновации, овозможувајќи им на учесниците непроценливо искуство за вмрежување и размена на знаења.
Во својот корнер, MINT понуди уникатен пристап, спојувајќи ја финтек индустријата со релаксирачки активности, меѓу кои и масажа во соработка со My Spa.
„Ова е наш начин да го направиме искуството на посетителите подинамично и поопуштено,“ истакна претставник на MINT Fintech Group. „Реакциите беа исклучително позитивни, а редиците за масажа зборуваа сами за себе, сепак ова се личности чија професија е најчесто поврзана со долгочасовно седење, па оттука и нашата идеја да бидеме корисни.“
MINT Fintech Group и понатаму останува посветен на својата визија за поддршка на дигиталната економија и креирање нови можности за развој и соработка во финтек индустријата.
(ПР)