Свет
Кина ги нападна западните сојузници поради нуклеарните подморници: „Тргнавте по опасен пат“
Кина ги обвини Британија, САД и Австралија дека одат по опасен пат со пактот за подморници.
Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека трите земји ја игнорирале загриженоста на меѓународната заедница. Портпаролот Ванг Венбин изјави дека Кина и САД ја одржуваат потребната комуникација: „Ние веруваме дека вредноста и значењето на комуникацијата е да се подобри разбирањето и да се управуваат разликите“.
Велика Британија, САД и Австралија инсистираат на тоа дека пактот не го зголемува ризикот од ширење на нуклеарното оружје. Бродовите ќе носат конвенционално оружје, а нуклеарните реактори ќе бидат запечатени.
Инаку, овие три земји ги открија деталите од планот за обезбедување на Австралија со подморници на нуклеарен погон на почетокот на следната деценија, со цел да се спротивстават на амбициите на Кина во индо-пацифичкиот регион, пишува „Скај њуз“.
Говорејќи на церемонијата во американската поморска база во Сан Диего, придружуван од австралискиот премиер Ентони Албанес и британскиот премиер Риши Сунак, американскиот претседател Џо Бајден го нарече договорот во рамките на партнерството „Аукус 2021“ како дел од заедничката заложба за слободен и отворен индо-пацифик со двата „најцврсти и најспособни сојузници“ на Америка.
Сунак истакна дека станува збор за моќно партнерство.
„Ова значи дека првпат три подморнички флоти ќе работат заедно преку Атлантикот и Тихиот Океан одржувајќи ги нашите океани слободни во следните децении“, додаде тој. Според договорот, САД ќе ѝ продаваат на Австралија три американски подморници од класата „Вирџинија“ на нуклеарен погон на почетокот на 2030-тите, со опција Австралија да купи уште две доколку е потребно, се вели во заедничката изјава.
Се вели дека проектот ќе кулминира со британско и австралиско производство на нова класа подморници, „трилатерално развиен“ брод заснован на британски дизајн од следната генерација, што ќе биде изграден во Британија и Австралија заедно со најнапредните американски технологии.
Велика Британија ќе ја добие својата прва подморница кон крајот на 2030-тите, а Австралија ќе ја добие подморницата на почетокот на 2040-тите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сијарто предупредува: На економијата на ЕУ ѝ се заканува колапс во случај на конфискација на руски средства
Конфискацијата на замрзнатите руски резерви може да предизвика колапс на економијата на Европската Унија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
„Руската национална банка ja чува својата имовина и средства во Белгија.
Сосема е очигледно дека ако ЕУ ги конфискува своите резерви, глобалната доверба во белгискиот пазар ќе исчезне, а преку него и целиот финансиски пазар на ЕУ.
Ако довербата во европската инвестициска средина исчезне, тоа може да доведе до колапс на европската економија“, рече тој во програмата „Час Правде“.
Рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно потврдија за време на разговорите дека таков чекор од Брисел нема да помине без одговор од Москва.
Ова ќе зависи од ставот на поединечните земји во Европската Унија, истакна Сијарто.
„Конфискацијата на руски државен имот е една од најсериозните ескалации на ризикот во последните четири години, а запленувањето на резервите од страна на ЕУ е решение кое се заканува со ескалација на војната“, нагласи дипломатот.
И покрај фактот дека се чини дека дипломатското решение за украинската криза се приближува, Европејците всушност се обидуваат да ја продолжат и влошат војната со целосно непотребно присвојување на руски средства, резимираше тој.
На 12 декември, Советот на Европската Унија усвои одлука за трајно замрзнување на суверените руски средства, пренесува Спутник.
Европската комисија се надева дека на самитот на 18 и 19 декември ќе обезбеди одлука од земјите на ЕУ за експропријација на 210 милијарди евра руски средства, од кои 185 милијарди евра се блокирани на платформата „Јуроклир“ во Белгија.
Фото: депозитфотос
Свет
Унгарија ќе увезува американски гас: „Ова е ново златно доба на соработка со САД“
Унгарија денес објави дека потпишала петгодишен договор за снабдување со гас со американската енергетска компанија „Шеврон“.
Новиот договор, потпишан од „Шеврон“ и унгарската јавна енергетска компанија „МВМ“, предвидува испорака на 400 милиони кубни метри течен природен гас годишно во текот на следните пет години, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на заедничка прес-конференција со заменик-секретарот за енергетика на САД, Џејмс Денли.
Сијарто го поздрави новото „златно доба“ на соработка меѓу двете земји, пишуваат медиумите во регионот.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатиот месец на средбата со рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе продолжи да увезува руски фосилни горива, и покрај планот на ЕУ да го забрани увозот на руски гас до крајот на 2027 година.
Фото: депозитфотос
Регион
ГП Евзони блокиран поради протестот на грчките земјоделци
Денеска во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделци, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ.
Од таму додаваат дека граничниот премин за излез од Грција работи само за тешки моторни возила.

