Македонија
Поради одредени зафати, привремено затворена за сообраќај Делницата 4, делот од с. Ногаевци до с. Виничани

АМСМ информира дека поради вградување асфалтен слој (асфалтирање), од 15.3.2023 до 18.3.2023, ќе биде затворена за сообраќај Делницата 4 (делот од с. Ногаевци до с. Виничани) од 8 до 16 часот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Предложено е спојување на Фондот за иновации со Агенцијата за поддршка на претприемништво

На денешната седница, Владата ја разгледа и усвои информацијата за потребата од реорганизација на Фондот за иновации и технолошки развој и предлог за спојување со Агенцијата за поддршка на претприемништво.
Владата го задолжи Министерството за образование и наука во рок од 10 дена да формира работна група со претставници на Канцеларијата на Претседателот на Владата, Министерството за дигитална трансформација, Министерството за економија и труд, Агенцијата за поддршка на претприемништво и Фондот за иновации и технолошки развој која ќе има за цел да изработи нов или измена и дополнување на Закон за иновациска дејност со кој ќе се регулира реорганизацијата на Фондот за иновации и технолошки развој.
Македонија
Владата ќе набави 120 еколошки автобуси за градски превоз

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои информацијата за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка на 120 еколошки автобуси за градски превоз.
Министерството за транспорт е задолжено да ја отпочне постапката за јавна набавка.
Распределбата ќе се изврши согласно ургентноста, економската оправданост и реалните потреби на секоја од единиците на локалната самоуправа, се вели во информацијата од владината прес-служба.
Македонија
Владата: Го усвоивме концептот за Ресурсен центар за поддршка на општините

Владата на денешната 66 седница го прифати предложениот концепт за организација на ресурсен центар за поддршка на општините.
Предложениот концепт за ресурсен центар за поддршка на општините ќе обезбеди сериозна поддршка за јакнење на капацитетите на локално ниво, што ќе доведе до поттикнување на поефикасен локален развој, а паралелно со ова ќе се обезбеди подобрена соработка помеѓу локалната и централната власт, велат од Владата.
Прва компонента која ја опфаќа овој концепт е Фонд за техничка документација (ФТД) – овој финансиски инструмент/шема за грантови за финансирање на општините и на центрите за развој на планските региони, за изработка на сеопфатна техничка документација за проекти за развој на инфраструктурата е веќе пилотиран во рамки на проектот „Градење на општински капацитети за имплементација на проекти“ и се спроведува во партнерски однос од страна на Министерството за локална самоуправа, УНДП и Шведската развојна агенција – SIDA. Втора компонента е поддршка и развој на капацитетите на општинската администрација – оваа компонента би се реализирала преку: обуки, стручна помош, размена на искуства и поддршка на меѓуопштинската соработка. Додека пак, трета компонента е прегледност на можности за финансирање на проектна основа-платформа со сите можности за финансирање на проектна основа. Следење и интегрирање на сите огласи за распределба на буџетски средства кон општините, како и отворени повици за повлекување на донаторски средства.