Економија
Fashion Group: Направи онлајн-нарачка и добиј ја со бесплатна достава!

Веројатно денеска е совршено време за шопинг на сите оние парчиња што долго време ги обожувавте, но немавте време да си ги купите.
Од денеска па сè до 17 – ти март, сите нарачки што ќе ги направите преку онлајн продавницата на Fashion Group ќе ги добиете со бесплатна достава, независно од износот на нарачката.
Искористете го дождливото време и ставете ги во кошничка сите шик парчиња со кои ќе ги направите најубавите комбинации во топлите денови што доаѓаат.
За да ви ја олесниме потрагата по најстилските пролетни парчиња, направивме мала селекција на некои од највпечатливите парчиња од колекциите пролет-лето ‘23 од нашите брендови.
Овие денови, направете супер избор и одберете го омилениот дуксер од најмодерната колекција на Scotch&Soda, сите кул парчиња од машката, женската и детската колекција на Mango, најфраерските парчиња од познатите брендови во Fashion&Friends, удобните парчиња од Women’secret, најдобрите модни додатоци од Parfois и секогаш уникатните Hugo модели.
Збогатете ја вашата колекција накит со ексклузивните парчиња од Guess, но дополнително истакнете ги и сите комбинации со уникатните чанти од брендот.
Во пресрет на најубавата сезона што доаѓа во која апсолутно ќе преовладуваат секојдневните забави и убави пригоди, не двоумете се и само сега, нарачајте го омилениот фустан, костим, високи потпетици, чевли и што уште не.
За денот да е уште поубав, од денеска па сè до 17-ти март, бесплатната достава важи и за сите нарачки од онлајн продавницата на Okaidi кои можете да ги погледнете на www.okaidi.com.mk.
Вашите малечки нека уживаат во најудобните парчиња од колекциите на брендот, овозможувајќи им безгрижни денови какви што и само заслужуваат.
Посетете ја страната на www.fashiongroup.com.mk и уште веднаш ставете ги во кошничка сите шик парчиња на кои постојано им се враќавте.
ПР текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица за предадени јаболка

Денеска се исплатија 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица од подмерка 1.9 за јаболка предадени кај регистрирани откупувачи или регистрирани преработувачки капацитети, од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, извести Министерството за земјоделство.
Од таму најавуваат дека продолжува поддршката кон производителите на јаболка.
Економија
УЈП со повик: Платете го веднаш достасаниот данок по ДЛД-ГДП и избегнете присилна наплата

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници, кои во законскиот рок не ја платиле даночната обврска по ДЛД-ГДП 2024, да го исполнат својот даночен долг.
Во согласност со евиденцијата на УЈП, 3.155 даночни обврзници ја немаат намирено разликата за доплата на данокот на личен доход утврдена во годишната даночна пријава за данокот на личен доход (ДЛД-ГДП) за 2024 година, што требаше да се исполни во законскиот рок до 30 јуни.
„Во следниот период УЈП ќе премине кон опоменување и присилна наплата на достасаните неплатени долгови по овој основ, што ќе доведе до дополнителни трошоци по основ на камата за задоцнето плаќање од 0,03 % дневно и еднократна посебна такса во постапка на присилна наплата“, информира УЈП.
Дополнителни информации се објавени на страницата на УЈП, во делот плаќање даноци на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje.
Економија
Меџити: Поддршка со 227 милиони денари за 43 проекти во 33 општини

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ги потпиша договорите за реализација на 43 капитални проекти во 33 општини во државата.
За овие проекти се обезбедени над 227 милиони денари директна финансиска поддршка од Министерството, со што се овозможува имплементација на конкретни решенија во областа на канализацијата, водоснабдувањето и управувањето со водните ресурси.
„Убеден сум дека ова е најправилниот и најефикасен модел на соработка – директно партнерство меѓу Владата и општините, со цел да им донесеме на граѓаните конкретни придобивки“, изјави министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.
Тој исто така ја потенцира важноста од навремената и квалитетна реализација повикувајќи на одговорност и посветеност од страна на сите општини.
„Немаме време за губење. Секој ден што ќе го добиеме во овој процес е еден ден повеќе во служба на граѓаните“, изјави Меџити нагласувајќи дека преку ова партнерство се поставуваат нови стандарди во справувањето со инфраструктурните и еколошките предизвици.