Економија
Вицепремиерот Битиќи до младите: Внимателно и секогаш ве слушам
„Праќам порака до сите вас и ве уверувам дека внимателно и секогаш ве слушам“, им порача заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на младите со кои имаше дискусија за заклучоците на проектот „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“.
Вицепремиерот Битиќи рече дека е дојден да ги ислуша младите, да слушне од прва рака кои се нивните потреби и што тој како вицепремиер може да направи за овие млади да си ги реализираат своите соништа, да добијат квалитетни работни места, кои нудат можности за нивен развој.
„Денеска сум тука за да ги сослушам сите – Аријан, Ирена, Бленди, Мартин, Сара, Нина, Жанета, Јана, Берин, Влатко, Леке, Гент, Хилал, Арта, Славчо, Викторија, Петар, Александар, Марио. Праќам порака до сите вас и ве уверувам дека внимателно и секогаш ве слушам! Со нетрпение очекувам да ги отвориме сите теми, кои се од нивен интерес и кои им се потребни за нивната добра иднина. Знам дека имам многу што да слушнам од нив и дека нивните потреби ќе ги претвориме во политики“, порача Битиќи.
Вицепремиерот ги увери младите и им порача дека токму преку процесот на Националната развојна стратегија (НРС) тие ќе го најдат својот дел во општеството бидејќи само така ќе им биде дадена јасна слика каде ќе биде нашата земја во наредните 20 години, што впрочем е и нивно барање.
Вицепремиерот Битиќи додаде дека неговата главна заложба како вицепремиер, но и на целата Влада, е креирање високо платени работни места за младите, што претставува еден императив, бидејќи младите сакаат да им се даде шанса да успеат овде, во нивната татковина, преку квалитетни работни места.
Заменик-претседателот на Владата посочи дека иднината на младите е во четвртата индустријализација, која нуди квалитетни работни места, а тоа се вештачката интелигенција преку учење роботика, дигиталниот маркетинг, сајбер-сигурноста, мекатрониката, роботика, како идните професии што ќе се бараат на пазарот на труд и дека заедно со нив ќе соработува ова да се вметне во формалното и во неформалното образование.
Инаку, проектот „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“ се спроведува од Институтот за добро владеење и евро-атлантската перспектива (ИДУЕП), финансиран од Европската Унија, а поддоделена од Фондацијата „Ана и Владе Дивац“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

