Регион
Протести во Грција: откажани летови, градскиот транспорт во прекин, затворени училишта
Летовите во Грција денеска ќе бидат прекинати, а бродовите ќе останат закотвени во пристаништата за време на штрајкот поради најсмртоносната железничка несреќа во земјата.
24-часовниот штрајк на најголемите синдикати во приватниот и јавниот сектор во Грција исто така се очекува да ги затвори јавните служби и државните училишта и да го наруши градскиот транспорт. Тоа е последен во серијата протести по верижниот судир на патнички и товарен воз во централниот грчки регион Темпa. Во патничкиот воз имаше повеќе од 350 луѓе, главно студенти.
Железничарите организираа континуирани штрајкови.
Штрајкувачите ги обвинуваат конзервативната влада и политичкиот естаблишмент во земјата дека ги игнорираат повиците на синдикатите за дефектните системи за безбедност на железницата.
📌Train accident massacre protests continue in Greece. Thousands of people protest the Greek government in Syntagma Square in the capital, Athens. #antireport#Τεμπη#Athens #Greece pic.twitter.com/2YTD9epQBC
— Partizan Yunanistan (@partizanGreece1) March 12, 2023
„Сакаме колективно да го изразиме нашето разочарување од она што не се случило со години, но, пред сè, сакаме да го изразиме нашиот гнев за она што се случи во Темпа. Нема да дозволиме недостигот на транспарентност, прикривање, негирање на одговорност и какво било одложување да доведе до заборав“, се вели во соопштението на синдикатот ГСЕЕ.
Поведена е судска истрага за несреќата.
Несреќата предизвика гнев во јавноста. Минатата недела десетици илјади луѓе се собраа во Атина и други градови во Грција на најголемите улични протести со кои се соочи владата од изборите во 2019 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Почина 13-годишното девојче кое падна од шести кат од зграда во Мостар
Почина тринаесетгодишното девојче кое падна од балконот на шестиот кат во зграда во Мостар.
Информација за „Аваз“ ја потврдил Људевит Мариќ, портпарол на полицискиот оддел на МУП на Херцеговско-неретванскиот кантон.
Инцидентот бил пријавен во полиција во 14 часот и 30 минути, а на лице место бил спроведен увид, предводен од дежурниот кантонален обвинител на Обвинителството на Херцеговско-неретванскиот кантон.
Како што беше речено, преземени се сите потребни истражни дејствија за целосно расветлување на сите околности на овој настан.
Во моментот на падот, според „Аваз“, девојката била сама во станот, а малку порано нејзината мајка излегла да пазари во блиската продавница.
Откако дознала за несреќата, жената доживеала шок.
Регион
Тринаесетгодишно девојче паднало од шести кат од зграда во Мостар
Тринаесетгодишно девојче е во тешка состојба откако паднало од балкон на станбена зграда во Мостар.
Таа е хоспитализирана во Универзитетската клиничка болница Мостар, пренесува Klix.ba потврда од оваа здравствена установа.
Според првичните информации како што пишува медиумот тоа се наоѓа на Одделот за анестезија, реанимација и интензивно лекување.
Според неофицијални информации, девојката паднала од шести кат.
Засега не се познати околностите за нејзиниот пад, според написите.
Регион
Борисов ја повлекува кандидатурата за премиер
Лидерот на централно-десничарската бугарска партија ГЕРБ и поранешен премиер, Бојко Борисов, ја повлече својата кандидатура за премиер на Бугарија и одлучи да го врати мандатот за формирање влада.
„Не сакам повеќе да се занимавам со оваа земја. Ќе го вратам мандатот штом го добијам“, изјави Борисов на прес-конференцијата.
Борисов ја донесе одлуката по неуспешните преговори за коалиција по парламентарните избори во октомври, на кои ГЕРБ освои најмногу гласови, но без доволно мнозинство за самостојно да формира влада.
Минатата недела Борисов и понуди на коалицијата „Продолжување на промените – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) поддршка за кандидатурата на Атанас Атанасов за претседател на парламентот, под услов да формираат заедничка влада со него како премиер, но тој предлог беше одбиен.
Парламентот се уште е блокиран, а пропаднаа и обидите за избор на претседател на Собранието.