Свет
Пристигна првата реакција на Москва за испраќањето борбени авиони „миг“ во Украина
Утрово, Кремљ реагира на испраќањето борбени авиони „миг“ во Украина од две земји на НАТО.
„Борбените авиони испорачани во Киев ќе бидат уништени и нема да го променат текот на војната“, наведува Кремљ.
Словачката влада утрово одобри испраќање борбени авиони „миг-29“ во Украина. Тоа го потврди словачкиот премиер Едуард Хегер. Словачка е втората земја што објави дека ќе испрати воени авиони во Киев по Полска, која вчера најави испраќање четири авиони „миг“.
Словачка ќе испрати 13 авиони „миг-29“ во Украина, објавија локалните медиуми. Словачката флота од 11 авиони „миг-29“ беше пензионирана минатото лето и повеќето од нив се во оперативна состојба. Тие што работат ќе ги испратат, а другите ќе одат по резервни делови. Словачка исто така ќе снабдува дел од својот систем за воздушна одбрана КУБ, рече Хегер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бројот на бегалци во Германија годинава достигна нов врв
Бројот на бегалци кои живеат во Германија годинава достигна нов врв, покажуваат денешните владини податоци, пренесува Дојче веле.
Околу 3,48 милиони бегалци со различни видови дозволи за престој живееле во Германија на крајот на јуни 2024 година, што е за приближно 60.000 повеќе отколку на крајот на 2023 година.
Една третина од овие бегалци дошле од Украина.
Бројката вклучува и некои поединци кои се обврзани да ја напуштат Германија, но остануваат во земјата под политика на толеранција која опфаќа низа ситуации, како што се болест, недостаток на документи за идентификација или луѓе чии деца имаат дозвола за престој.
Статистиката беше дадена како одговор на барањето на партијата Социјалистичка левица во парламентот и првпат беше објавена од Ној Оснабрикер Цајтунг.
Свет
Лавров: Русија не сака ескалација, но западните политичари се однесуваат како деца
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија не сака да ги ескалира тензиите со западните земји, но дека, како што наведе, „политичарите на овие земји се однесуваат како деца“.
„Не сакаме ескалација. Се чини дека западните политичари навистина имаат менталитет на дете, иако како возрасни заземаат одговорни позиции: министри, премиери, канцелари, претседатели“, рече Лавров.
Лавров нагласи дека неколку месеци во светот се разговара за тоа како Русија наводно само се заканува и зборува за „црвени линии“.
Свет
Израелска армија: Убиени околу десет високи команданти на Хезболах
Портпаролот на израелската армија, контраадмирал Даниел Хагари, изјави дека заедно со Ибрахим Акил, во денешниот израелски воздушен напад врз јужен Бејрут биле убиени околу десет високи команданти на либански Хезболах.
Хагари на прес-конференција рече дека Акил и другите членови на елитната единица Радван на Хезболах се собрале во подрумот на една зграда кога биле мета и убиени.
Весникот „Тајмс оф Израел“ наведува дека Хагари рекол дека тоа биле „командантите кои го подготвиле и го воделе планот на терористичката организација Хезболах за напад на северната територија на државата Израел.
Портпаролот на израелската војска тврди дека како дел од таа инвазија, Хезболах планирал упад на израелска територија сличен на нападот на Хамас од Газа на јужна израелска територија на 7 октомври минатата година. Тогаш започна војната меѓу Израел и таа палестинска исламистичка организација.
Во меѓувреме, израелскиот министер за одбрана Јоав Галант на платформата X објави дека ќе продолжи „секвенцата на акции во новата фаза“ од конфликтот со Хезболах додека не се постигне целта за безбедно враќање на Израелците раселени поради прекуграничниот конфликт во нивните домови.