Контакт

Европа

67 пациенти од цела Европа се затруле со ботокс: клиниките се лоцирани, инспекцијата во шок

Објавено пред

Шеесет и седум пациенти од цела Европа се заразиле со ботулизам по примањето ботокс-инјекции во две клиники.

dobivaj vesti na viber

Ова е причината зошто здравствените власти издадоа итно предупредување за оваа инјекција со ботокс што може да се направи во Турција, пишуваат медиумите во регионот.

Состојбата, која може да биде опасна за живот, е предизвикана од токсините произведени од бактерии. Ако не се лекува навреме, ботулизмот може да доведе до парализа. Сите засегнати пациенти примиле ботокс за стомак, кој ги парализира мускулите на дигестивниот систем и на тој начин го забавува варењето. Турските клиники им ги нудат своите услуги за само 970 евра на пациенти што сакаат да ослабат, а во Европа и САД овие услуги се многу поскапи, пишува „Јутарњи.хр“.

Сите случаи, како што пренесува медиумот, се евидентирани во периодот од 22 февруари до 1 март 2023 година. Ботоксот и ботулизмот доаѓаат од токсините произведени од Clostridium botulinum и може да станат многу опасни. Кога токсините се администрираат од обучени медицински професионалци, постапката е обично безбедна, но ако се администрира неправилно, може да предизвика слабост, отежнато дишење или голтање.

Последната фаза на болеста е парализа, која на крајот доведува до смрт доколку не се лекува. Иако повеќето од познатите случаи биле благи, неколку пациенти биле примени во болница. Европската здравствена организација ги советува сите пациенти што имале процедура за слабеење со ботокс во овие периоди веднаш да се јават кај својот лекар, особено ако почнат да чувствуваат симптоми на ботулизам.

Најмногу случаи се регистрирани во самата Турција (53), потоа Германија (12) и по еден случај во Австрија и Швајцарија. Европскиот центар за превенција и контрола на болестите соопшти дека не е јасно што точно го предизвикало ботулизмот.

Турските власти пронајдоа најголем дел од случаите на две клиники, при што 60 случаи се поврзани со приватна болница во Истанбул и три со приватна болница во Измир, според медиумот.

Европа

Лавров: Америка го распарчува светот

Објавено пред

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека САД го „распарчуваат“ светот со своите постапки кон Венецуела и Иран.

dobivaj vesti na viber

Лавров рече дека САД го фрагментираат меѓународниот систем со преземање на она што тој го нарече нелегална операција за соборување на венецуелскиот лидер Николас Мадуро и со закана кон Иран со напад.

„Зборуваме за грубо кршење на меѓународното право“, рече Лавров за операцијата на САД за апсење на Мадуро. Тој додаде дека Русија останува посветена на своите договори со Венецуела, руски сојузник.

Лавров посочи дека САД го оштетуваат сопствениот имиџ со напуштање на принципите што ги промовираа толку долго. „Нашите американски колеги изгледаат несигурно кога дејствуваат на овој начин“, предупреди Лавров на прес-конференција со својот намибиски колега во Москва.

Запрашан за извештајот на Блумберг дека претставникот на Белата куќа Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, сакаат да ја посетат Москва за да се сретнат со рускиот претседател Владимир Путин, Лавров истакна дека Путин постојано повторува дека е отворен за сериозни мировни разговори во Украина.

„Би било корисно ако Вашингтон ја информираше Москва за најновите мировни предлози за Украина“, истакна Лавров.

Прикажи повеќе...

Европа

Поранешни вработени го обвинија Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба, откриени детали

Објавено пред

Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени на „несоодветно допирање, навреди и понижување во атмосфера на контрола и постојано вознемирување“. Обвинувањата беа објавени по тригодишна истрага, објавува „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

Жените, куќна помошничка и физиотерапевт вработени во вилите на Иглесијас во Доминиканската Република и на Бахамите, тврдат дека наводните напади се случиле во 2021 година.

Тригодишна истрага
Обвинувањата произлегуваат од заедничка истрага на шпанскиот портал elDiario.es и телевизиската мрежа Univision Noticias, кои собраа сведоштва од 15 поранешни вработени кои работеле за 82-годишниот пејач помеѓу крајот на 1990-тите и 2023 година.

„Интервјуата ги опишуваат условите за изолација на жените, работните спорови, хиерархиската структура на персоналот и напнатата атмосфера создадена од избувливата природа на Иглесијас“, се вели во својот извештај на elDiario.es.

„Двете жени кои го пријавија сексуалниот напад беа интервјуирани повеќе пати во период од повеќе од една година и нивните искази останаа конзистентни. Нивните искази беа поткрепени со обемни документарни докази, како што се фотографии, дневници на повици, пораки на WhatsApp, визи, медицински извештаи и други документи.“

Детали за сведочењето
Една од жените, идентификувана под псевдонимот Ребека за да се заштити нејзиниот идентитет, изјави дека Иглесијас, тогаш 77-годишен, често ја канел во својата соба на крајот од работниот ден. Таа тврдеше дека потоа сексуално ја злоупотребил без нејзина согласност. „Ме користеше речиси секоја вечер“, изјави таа за elDiario.es и Univision Noticias. „Се чувствував како предмет, како роб“.

Според Ребека, нападите обично се случувале во присуство и со учество на друг вработен кај Иглесијас, кој бил нејзин претпоставен.

Друга жена, позната под псевдонимот Лаура, изјави дека Иглесијас ја бакнувал и ги допирал нејзините гради без нејзина дозвола. „Бевме на плажа и тој дојде до мене и ме допре“, рече таа, додавајќи дека сличен инцидент се случил покрај базенот во вилата на пејачот во Пунта Кана.

Двете жени рекоа дека работниците биле подложени на напната и контролирачка атмосфера и зборуваа за тоа како Иглесијас „ја нормализирал злоупотребата“. Ребека рече: „Таа куќа треба да се нарече куќа на ужаси затоа што е кошмар – нешто навистина ужасно“.

Поднесена жалба и реакции
ElDiario.es објави дека две жени поднеле формална жалба до обвинителите во највисокиот кривичен суд во Шпанија, обвинувајќи го Иглесијас за трговија со луѓе и сексуален напад.

Новинарите што го истражуваат случајот постојано се обидуваат да го контактираат Иглесијас и неговиот адвокат, но не добиле одговор. Сепак, жената што Ребека ја идентификуваше како нејзин претпоставен во вилата во Пунта Кана ги отфрли обвинувањата како бесмислени.

Таа рече дека чувствува само „благодарност, восхит и почит кон големиот уметник и човечко суштество каков што е тој“, опишувајќи го како „скромен, дарежлив, вистински господин и голем почитувач на сите жени“.

Шпанската министерка за труд Јоланда Дијаз го нарече сведочењето на жените „ужасно“, велејќи дека тие опишале „сексуален напад и ситуација на ропство“.

Од друга страна, Изабел Дијаз Ајусо, претседателка на мадридскиот регион, застана во одбрана на Иглесијас. Таа рече дека нејзината администрација нема да ги послуша повиците да му се одземат почестите на пејачот. „Мадридскиот регион никогаш нема да придонесе за дискредитирање на уметник, а уште помалку кога станува збор за најуниверзалниот од сите пејачи: Хулио Иглесијас“, напиша таа на социјалната мрежа Икс.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Се огласија родителите на девојката која ги носеше прскалките во барот во Швајцарија: Се обидела да избега, вратата била заклучена, а потоа се онесвестила

Објавено пред

Родителите на 24-годишната Сијан Панин, келнерка која загина во пожар на новогодишната ноќ во барот „Le Constellation“ во Кран-Монтана, Швајцарија, за прв пат јавно проговорија за последните моменти од животот на нивната ќерка и околностите на трагедијата во која загинаа 40 лица, а 116 беа повредени.

dobivaj vesti na viber

Сијан Панин била една од вработените во барот каде што избувна пожарот на новогодишната ноќ.

Според досега познатите информации, младата жена во еден момент носела шишиња шампањ со запалени прскалки, седејќи на рамената на маскирано лице.

Видеото од тој момент го обиколи светот. Истражителите се сомневаат дека прскалките ја запалиле звучната изолација на таванот, која била лесно запалива, а пожарот се проширил низ целиот простор за само неколку минути.

Иако јавно се тврдеше дека Сијан ненамерно го предизвикала пожарот, нејзиното семејство и адвокат нагласуваат дека ова се прерани заклучоци и дека одговорите можат да се дадат дури откако ќе заврши истрагата.

Адвокатката на семејството, Софи Хени, истакнува дека Сиан не била задолжена за послужување на масите таа вечер, туку, поради големиот број нарачки, сопственикот на ресторанот ѝ наредил да се спушти во подрумот и да им помогне на колегите.

– Сијан никогаш не била предупредена за опасноста од запаливиот таван, ниту пак добила никаква обука за противпожарна безбедност. Таа несомнено е жртва, рече адвокатот, додавајќи дека трагедијата немаше да се случи доколку се почитувале безбедносните прописи.

Откако избувнал пожарот, Сијан, според нејзините родители, се обидела да избега низ излезот за итни случаи во подрумот, кој добро го знаела. Сепак, вратата кон тој излез била заклучена. Пријателите подоцна ја пронашле без свест пред вратата, откако успеале да ја скршат однадвор.

– Ја извлекле. Таа сè уште била жива, но без свест, рече нејзината мајка Астрид.

Родителите не можат да разберат зошто вратата за итен излез била заклучена: „Сопственикот се плашеше дека луѓето ќе си заминат без да платат. А масите чинеа илјада евра секоја. Да беше вратата отворена, сите деца ќе излезеа. Можеби тогаш воопшто немаше да има смртни случаи“, рече мајката.

Според записите добиени од швајцарските медиуми, сопственикот на барот, Жак Морети, се обидел да влезе во барот откако избувнал пожарот.

Главниот влез бил непрооден, а кога влегол низ вратата за итен случај, ги нашол заклучени внатре. Зад вратата, пронашол неколку луѓе како лежат неподвижни на подот, вклучувајќи ја и Сијан.

„Се обидувавме да ја реанимираме повеќе од еден час, сè додека спасувачите не ни кажаа дека е предоцна“, рече Морети.

Неговата сопруга и ко-сопственичка на ресторанот, Џесика Морети, им кажа на полицајците дека Сијан ѝ била како помлада сестра и дека го поминала Божиќ со нивното семејство.

По трагедијата, родителите Астрид и Жером и нивната друга ќерка Еолин веднаш отпатувале во Швајцарија за да го идентификуваат телото и да го организираат транспортот на останките во Франција. Сијан Панин беше погребана минатата сабота.

– Таа беше како зрак сончева светлина. За нас сонцето не изгреало од почетокот на 2026 година. Постои време за тага и време за одговорност и гнев. Мислам дека гневот брзо ќе победи, рече нејзиниот татко Жером.

Истрагата за причините за пожарот и одговорноста за една од најголемите новогодишни трагедии во Швајцарија сè уште е во тек.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена

Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за...

Свет7 часа

И Македонија на листата на земји во кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи, според „Фокс Њуз“

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја запира обработката на имигрантски визи за апликанти од 75 земји, соопшти во средата...

Македонија8 часа

Филипче: Нема услови за укинување на техничката влада

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција изјави дека укинувањето на техничката влада треба да се случи дури кога...

Македонија11 часа

(Видео) Мицкоски: Техничката влада треба да замине во минатото, но ако СДСМ мислат дека е потребна за следните избори, во ред, прифаќаме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на прес-конференцијата по завршување на лидерската средба извести дека сите присутни се согласиле дека техничката...

Економија12 часа

Мој ДДВ не се укинува – налозите за исплата во февруари се подготвуваат, извести УЈП

Управата за јавни приходи ги демантира написите во дел од медиумите дека се укинува мерката „МојДДВ“. „Јасно и недвосмислено истакнуваме...

Топ13 часа

Загина маж во пожар во стан во Тетово: со изгореници се здобило уште едно лице

Вчера во 19:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улицата „180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост...

Македонија15 часа

Oбјавена листата на најмоќните пасоши за 2026 година: Македонија бележи напредок

Азиските земји продолжуваат да доминираат на рангирањето на најмоќните пасоши во светот, според најновиот извештај на „Henley Passport Index“. Сингапур...

Македонија15 часа

(Видео) Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и...

Македонија15 часа

За новогодишно украсување, општините дале 785 илјади евра – најмногу пари потрошила Општина Штип

За новогодишно украсување, општините потрошиле 785 илјади евра, а 78 отсто од вредноста е концентрирана кај една фирма. Ова го...

Македонија18 часа

Вељаноски за техничката влада: Eксперимент кој предизвикува штета за државата

За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист...

Свет19 часа

Денешниот состанок во Вашингтон ја одлучува судбината на Гренланд

Денес во Белата куќа се одржува состанок кој би можел да ја одреди иднината на Арктикот, но и на самиот...

Свет20 часа

Трамп: Сакам да победам во Иран, обожавам да победувам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе „преземе многу силни мерки“ ако иранските власти почнат да ги бесат...

Македонија20 часа

Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува

Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со...

Свет1 ден

(Видео) Премиерот на Гренланд: Ако треба да избереме помеѓу САД и Данска, ја бираме Данска

Премиерот на Гренланд изјави дека доколку неговиот народ мора да избере „тука и сега“, ќе ја избере Данска пред САД....

Европа1 ден

Поранешни вработени го обвинија Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба, откриени детали

Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени...

Македонија1 ден

(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави...

Европа1 ден

Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби

Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка...

Свет1 ден

Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите

Се појавуваат извештаи за илјадници жртви во немирите во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од...

Свет1 ден

Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се...

Македонија1 ден

Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен...