Топ
Македонецот што загина во сообраќајната несреќа кај Врање имал 25 години, се враќале кон кафеаната поради заборавен телефон

Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера на улицата Партизански пат во Врање.
Како што пишуваат српските медиуми, во несреќата животот го загубило 25-годишно момче од Македонија.
Во автомобилот имало неколку лица, но само едно починало на самото место, потврдиле извори од истрагата.
Исто така, неофицијално се пишува дека лицата го згрешиле патот кон Македонија и се упатиле кон Златокоп, но потоа се сетиле дека го заборавиле мобилниот телефон во кафеаната во центарот на градот, каде што претходно престојувале и се вратиле назад по што се случила несреќата.
Автомобилот од непозната причина излетал од патот и удрил во рабник. Истрагата е во тек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп ја објави листата на нови царини

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша извршна наредба со која се воведуваат повисоки царини за десетици земји низ целиот свет со цел реструктуирање на глобалната трговија во корист на американските работници, објави Белата куќа.
Новите царини се движат од 10 до 41 процент, со највисока царина за Сирија. Европската унија, Јапонија, Јужна Кореја, но и Македонија ќе бидат предмет на царини од 15 проценти. Србија ќе се соочи со царини од 35 проценти, а Босна и Херцеговина од 30 проценти.
Белата куќа во документот наведе дека целта на царините е „реструктуирање на глобалната трговија во корист на американските работници“ и ќе стапат на сила на 7 август, а не на 1 август како што беше најавено. Тарифите за канадските стоки се зголемуваат од 25 на 35 проценти, но ќе стапат на сила од петок.
🚨 Full List of US Reciprocal Tariffs by Country (Effective Aug 1)
Trump’s new Executive Order enforces country-specific tariff hikes citing trade imbalance & national security. Here’s what each nation faces 👇
—
🇦🇫 Afghanistan – 15%
🇩🇿 Algeria – 30%
🇦🇴 Angola – 15%
🇧🇩…— Depin Bhat (@DepinBhat) August 1, 2025
„Како одговор на континуираната неактивност и одмазда на Канада, претседателот Трамп сметаше дека е потребно да ја зголеми тарифата за Канада од 25 на 35 проценти со цел ефикасно да се справи со постојната вонредна состојба“, соопшти Белата куќа, велејќи дека Канада не соработувала во борбата против фентанилот и другите нелегални дроги.
Канадските производи опфатени со трговскиот договор меѓу САД, Мексико и Канада се ослободени од тарифи. Канадскиот премиер Марк Карни изјави во јуни дека доколку не се постигне договор до почетокот на август, Канада веројатно ќе возврати со дополнителни тарифи за извозот на американски челик и алуминиум.
Повисоките тарифи за канадските стоки се во остра спротивност со одлуката на Трамп да го одложи зголемувањето на тарифите на Мексико за 90 дена за да се овозможи повеќе време за преговори за поширок трговски договор.
Кина, од друга страна, има рок до 12 август да постигне долгорочен договор со администрацијата на Трамп, откако Пекинг и Вашингтон постигнаа првични договори во мај и јуни за прекин на зголемувањето на меѓусебните тарифи и укинување на забраната за увоз на ретки земни метали.
Свет
Македонија со царина од 15 отсто

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утрово по македонско време објави нови царински стапки.
Македонија, доби стапка од 15 отсто, идентична на онаа што ќе важи и за Европската Унија. Претходно објавената стапка за македонските производи во април изнесуваше 33 отсто, што значи дека новата мерка претставува значително намалување, пренесе „Блумберг адриа“
Трамп воведе минимална глобална царинска стапка од 10 отсто, додека за земјите со кои САД имаат изразен трговски дефицит, тарифите ќе започнуваат од 15 отсто па нагоре.
Од европските земји, највисока стапка од 39 отсто ќе важи за Швајцарија. Србија ќе се соочи со царина од 35 отсто, Босна и Херцеговина со 30 отсто, додека Хрватска и Словенија, како членки на ЕУ, се во истата група со Македонија – со 15 отсто. За земјите што не се наоѓаат на официјалниот список на Белата куќа, Анекс 1, меѓу кои се Црна Гора и Албанија, ќе важи пониска стапка од 10 отсто.
Македонија
Во моментот нема активни пожари, надлежните апелираат да се внимава за Илинденските празници

Според податоците на Центарот за управување со кризи (ЦУК), заклучно со 18:00 часот , нема ниту еден активен пожар. Шест се целосно изгаснати, додека еден е ставен под контрола.
Под контрола е пожарот во Општина Берово, во реонот на планината Готен кон Малешевските Планини, каде што е зафатена нискостеблеста шума, смрека, борова и букова шума, како и грмушки и ниска вегетација.
Во изминатото деноноќие, пожарните служби успешно се справија со шест пожари на отворен простор ширум земјата. Во Општина Карбинци, пожар избувна во шумскиот предел кај селото Јунузлија. Слична ситуација се случи и во Општина Кавадарци, каде што пламна ниска вегетација помеѓу селата Галиште и Ќесендре.
Во Општина Прилеп беа активни два пожара. Првиот се прошири од селото Бешиште, низ местото познато како Бешишки Рид, и продолжи кон територијата на Општина Новаци и граничниот појас со Грција. Вториот зафати поширок реон помеѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен, каде што гореше мешана шума и нискостеблеста вегетација.
Во скопската Општина Гази Баба беше изгаснат пожар во село Трубарево, каде што гореше отпад, додека во Општина Гевгелија беше изгаснат уште еден пожар во селото Милетево, кој зафати ниска вегетација.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска апелираше за внимателност за Илинденските празници, за да не се предизвикаат пожари.