Европа
Москва: Четири земји не може да бидат посредници во мировниот процес за Украина
Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Франција и Германија не може да бараат улога на неутрални посредници во мировниот процес во Украина бидејќи тие се вклучени во конфликтот со Русија, изјавија за „РИА новости“ од руското Министерство за надворешни работи.
Во врска со предлогот на поранешниот шеф на Минхенската безбедносна конференција, Волфганг Ишингер, да се создаде контакт група за Украина со цел да се почне мировниот процес, руското МНР соопшти дека официјално не знаат ништо за оваа иницијатива.
Ишингер изрази мислење дека во таа група треба да бидат САД, Велика Британија, Франција и Германија, а од руското Министерство велат дека неговата идеја отвора легитимни прашања, пред сè, затоа што „сите четири споменати земји се самите учесници во конфликтот со Русија, кој продолжува на територијата на Украина“.
Министерството за надворешни работи на Русија наведува дека овие земји ја снабдуваат Украина со оружје и испраќаат платеници таму, ги снабдуваат вооружените сили на Украина со разузнавачки информации и ги обучуваат украинските војници.
Покрај тоа, тие земји „воведоа санкции кон Русија, го блокираа нејзиниот имот во странство, бараа формирање трибунал за казнување на нејзиното раководство и ги уценуваа нејзините пријатели за да им забранат да соработуваат со Москва“, соопшти руското Министерство.
Овие земји ги поддржуваат псевдомировните иницијативи на Зеленски и крајните барања за капитулација на нашата земја, кои немаат допирни точки со реалноста“, нагласуваат од руската МСП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Најголемата егзекуција на војната: Русите убија 16 Украинци, кои се предадоа, јавуваат украинските медиуми
Руски сили егзекутираа 16 украински воени заробеници во близина на Покровск во областа Донецк. Ова е најголемиот случај на егзекуција на украински воени затвореници, јавуваат украинските медиуми повикувајќи се на Канцеларијата на главниот обвинител.
The Russian military executed 16 (!!!) surrendered Ukrainian soldiers at sight.
This is the worst incident of POW execution known so far in this war.
It happened near Pokrovsk.
Look at what the Russians did – they lined the surrendered Ukrainians up, shot them all down, and… pic.twitter.com/U3ub7PKx3x
— Illia Ponomarenko 🇺🇦 (@IAPonomarenko) October 1, 2024
Вчера, на каналите на „Телеграм“ се појави видео од егзекуцијата на 16 украински војници. Се претпоставува дека тоа се случило во атарот на селата Миколаивка и Сукји Јар кај градот Покровско за што со месеци се водат жестоки битки.
Европа
(Видео) Вуледар падна, Русите веат знамиња во центарот на градот
Руските сили имаат целосна контрола над градот Вуледар во областа Донецк во источна Украина, објави утринава каналот SHOT на комуникациската платформа „Телеграм“ и проруските воени блогери.
„Ројтерс“ не може независно да ги потврди извештаите. Руското Министерство за одбрана сè уште не го потврди заземањето на градот.
Confirmed. Russia has fully occupied Vuhledar. Russian units from the 36th Separate Guards Motor Rifle Brigade raised their flag over the Vuhledar City Council. Ukrainian forces have withdrawn to Bohoyavlenka, north of Vuhledar. pic.twitter.com/q2OZueh9Gc
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) October 1, 2024
Регионален украински функционер синоќа изјави дека руските сили стигнале до центарот на градот, стратешко упориште, кое повеќе од две години се спротивставувало на руските напади. Снимките од руските сили како го веат своето знаме на покривот на административната зграда во центарот на градот во вторникот покажаа дека зградата е делумно претворена во урнатини со скршени прозорци.
Европа
Експлозии во близина на израелската амбасада во Копенхаген
Данската полиција истражува две експлозии во близина на израелската амбасада во Копенхаген, објави утринава Ројтерс.
„Никој не е повреден, ние спроведуваме првична истрага на местото на настанот“, објави полицијата во Копенхаген на Икс.
„Се истражува можна поврзаност со израелската амбасада во областа“, додаде полицијата.