Контакт

Европа

Захарова: „Западот покажа завист, гнев и банална љубомора“

Објавено пред

Западните режими вчера извадија пена на устата додека ги слушаа воведните говори на претседателите на Русија и на Кина, Владимир Путин и Шји Џјинпинг, на средбата во Москва, соопшти претставничката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

dobivaj vesti na viber

Како што истакна таа, Западот покажал „завист, гнев и банална љубомора“.

„Не го забележаа главното – и двајцата лидери зборуваа за повеќегодишниот конструктивен, а не деструктивен, развој на билатералните односи, што не е во интерес само на нашите две земји, туку и на целиот свет“, коментира Захарова на „Телеграм“.

Таа ги наведе најновите примери на синофобија во западните земји. На пример, Германија им забранува на своите компании да ги користат најновите кинески телекомуникациски производи, а Холандија забранува соработка со Пекинг на полето на микрочипови.

„Се разбира, во САД не може да им простат на Кинезите за тоа што нивните решенија предизвикуваат поголем интерес и се попопуларни од американските програми“, истакна Захарова потсетувајќи дека „антикинеската иницијатива може да доведе до целосна забрана за употреба на најпопуларна социјална мрежа меѓу младите – „Тик-ток“.

Таа исто така потсети на пандемијата на коронавирусот кога, според нејзините зборови, Русија и Кина се поддржуваа меѓусебно во тој тежок период – за разлика од западните режими „кои не знаеја што прво да направат – дали да ја спречат руската вакцина да влезе на светскиот пазар или да ја обвини Кина за наводно ширење на коронавирусот.

„Некогаш убавата вестерн-градина целосно избледе. Можеби им недостига руско ѓубриво, што самиот Запад го блокира. Од друга страна, џунглата е полна со сила, богата со ресурси и суровини, а исто така, можеби најважно, полна со конструктивност и одговорност“, заклучи таа.

Европа

(Видео) Најголемата егзекуција на војната: Русите убија 16 Украинци, кои се предадоа, јавуваат украинските медиуми

Објавено пред

Руски сили егзекутираа 16 украински воени заробеници во близина на Покровск во областа Донецк. Ова е најголемиот случај на егзекуција на украински воени затвореници, јавуваат украинските медиуми повикувајќи се на Канцеларијата на главниот обвинител.

dobivaj vesti na viber

Вчера, на каналите на „Телеграм“ се појави видео од егзекуцијата на 16 украински војници. Се претпоставува дека тоа се случило во атарот на селата Миколаивка и Сукји Јар кај градот Покровско за што со месеци се водат жестоки битки.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Вуледар падна, Русите веат знамиња во центарот на градот

Објавено пред

Руските сили имаат целосна контрола над градот Вуледар во областа Донецк во источна Украина, објави утринава каналот SHOT на комуникациската платформа „Телеграм“ и проруските воени блогери.

dobivaj vesti na viber

„Ројтерс“ не може независно да ги потврди извештаите. Руското Министерство за одбрана сè уште не го потврди заземањето на градот.

Регионален украински функционер синоќа изјави дека руските сили стигнале до центарот на градот, стратешко упориште, кое повеќе од две години се спротивставувало на руските напади. Снимките од руските сили како го веат своето знаме на покривот на административната зграда во центарот на градот во вторникот покажаа дека зградата е делумно претворена во урнатини со скршени прозорци.

Прикажи повеќе...

Европа

Експлозии во близина на израелската амбасада во Копенхаген

Објавено пред

Данската полиција истражува две експлозии во близина на израелската амбасада во Копенхаген, објави утринава Ројтерс.

dobivaj vesti na viber

„Никој не е повреден, ние спроведуваме првична истрага на местото на настанот“, објави полицијата во Копенхаген на Икс.

„Се истражува можна поврзаност со израелската амбасада во областа“, додаде полицијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Борис Кондарко повторно избран за претседател на ДИК

На денешната седница Собранието донесе одлука за усогласување на составот на Државната изборна комисија (ДИК) по смената на власта во...

Македонија8 часа

Ќе се забрани пристапот до 100 странски онлајн-коцкарници што се користат кај нас, Андоновски алармира дека се вклучени малолетници  

По згаснувањето на домашните онлајн-коцкарници, кои нелегално приредуваа игри на среќа, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, најави дека ќе...

Македонија8 часа

(Видео) Пожар во зграда во Чаир, станарите евакуирани, неколкумина побарале лекарска помош оти вдишиле чад

Пожар избувна во подрумски простории во зграда во скопската населба Чаир, а неколкумина станари, пожарникар и полицаец побарале лекарска помош...

Македонија11 часа

Македонското МНР го осуди иранскиот ракетен напад, граѓаните да не патуваат во Израел, Иран и Либан

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија го осудува синоќешниот ирански ракетен напад врз Израел, како и терористичкиот напад во...

Македонија11 часа

Обвинение за несовесно работење против градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против службено лице – градоначалник на Општина Струга за кривично дело – Несовесно...

Свет12 часа

(Видео) Тројно се зголеми бројот на загинати во Северна Каролина по ураганот Хелен: „Видовме тела како висат на дрвјата“

Бројот на жртвите на ураганот Хелен во шест американски држави се искачи на над 160, а милиони луѓе останаа без...

Македонија12 часа

„Вреди“: Елми Азири подготвен да ја потоне ДУИ

„Елми Азири, пратеник од таканаречениот Европски фронт, во телевизиска изјава јавно призна дека учествувал на состанокот одржан во собраниска канцеларијата...

Свет13 часа

Најмалку 162 изгубени животи: Хелен и официјално е вториот најсмртоносен ураган во САД

Разорниот ураган Хелен однесе најмалку 162 животи, јавуваат американските медиуми. Според информации, црниот биланс е забележан во шест земји. Ураганот...

Свет14 часа

Иран: Ова беше самоодбрана, доколку Израел не возврати, акцијата е завршена

Иранската воена акција против Израел заврши, се вели во изјавата на иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи. Во објавата...

Свет14 часа

(Видео) Моментот кога огромен број ракети се појавија над Тел Авив и Ерусалим

Иран вчера попладне лансираше стотици ракети кон Израел. Според Израел, биле истрелани речиси 200 ракети. Ракетите се појавија над Израел...

Свет14 часа

Нетанјаху: Иран направи голема грешка, ќе плати

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Иран ќе се соочи со последици за неговиот напад ноќеска. „Иран направи голема грешка...

Свет24 часа

Истрелани се околу 180 проектили од кои повеќето се пресретнати, тврди израелската армија

Израелската војска соопшти дека идентификувала околу 180 проектили истрелани кон Израел од Иран. Претставник на израелската безбедност, исто така, рече...

Свет1 ден

Иранската револуционерна гарда: Овој напад е одмазда за смртта на лидерите на Хамас и Хезболах

Иранската револуционерна гарда соопшти дека нападот врз Израел бил одмазда за смртта на лидерите на Хамас и Хезболах. Лидерот на...

Свет1 ден

(Видео) Израелската армија: Иран истрела ракети кон Израел

Израелската војска соопшти дека ракети биле истрелани од Иран кон Израел. Сирените се огласија низ Израел. Израелските одбранбени сили (ИДФ)...

Топ1 ден

На Клиника починала 67-годишна жена од Кумановско

Денеска (01.10.2024) во 02.40 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив...

Македонија1 ден

Филипче: Безбедноста на граѓаните загрозена во 100 дена власт на Мицкоски

Насилничкото однесување на припадници на полицијата, ја покажа погубната страна на партизацијата на безбедносните служби во првите 100 дена од...

Македонија1 ден

Ѝ се заканувал со убиство на уставна судијка преку социјалните мрежи: Обвинителството предлага условна осуда за скопјанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за издавање казнен налог против едно...

Македонија1 ден

Минималната плата не стана 450 евра; Трендафилов: Утре ќе биде 101. ден од новата Влада и ништо нема да биде сменето   

Владата на Христијан Мицкоски не го исполни барањето на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) од мај годинава – покачувањето на...

Македонија1 ден

Мицкоски за 100 дена Влада: Нема да направиме ниту една отстапка што ќе значи дополнителен срам и понижување на граѓаните

Оваа влада нема да направи ништо спортивно на националните интереси и стратешки правци на граѓаните. Нема никогаш да направи ниту...

Економија1 ден

Трајкоска за 100 дена Влада: Имавме многу високи очекувања, не добивме ништо, немаме информација како парите од кредитот ќе одат за бизнисот

Работодавците немаат никаква конкретна информација на кој начин половина од парите од најавениот унгарски кредит ќе одат за бизнисот. Претседателката...