Свет
Институтот за војна: Путин не го доби она што го сакаше од Џјинпинг

Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Шји Џјинпинг вчера потпишаа заедничка изјава за продлабочување на партнерството и стратешката соработка, во која беше посочено дека руско-кинеските односи се сеопфатни, стратешки и на највисоко ниво во историјата.
Институтот за проучување на војната – ИСВ во својот последен извештај наведува дека обврските преземени од Шји и Путин биле забележително еднострани. Џјинпинг го пофали Путин и ја засили позицијата на Кина за политичко решение за војната во Украина, но не отиде многу подалеку од тоа да ги даде тие изјави.
„Путин, за разлика од него, најави голем број мерки што ги сигнализираат континуираната ориентација и зависноста на Русија од Кина во енергетскиот и економскиот сектор, кои изгледаат многу еднострани во споредба со релативно умерените обврски на Шји“, се вели во извештајот на ИСВ.
NEW: Russian President Vladimir #Putin appears to be setting conditions to weaponize the #UnitedNations Security Council (UNSC) as a method of Russian power projection ahead of #Russia’s accession to the rotating UNSC presidency in April. @criticalthreats https://t.co/uKu57EPD6V pic.twitter.com/Tb8PcAz94I
— ISW (@TheStudyofWar) March 22, 2023
„Шји сигнализира дека нема намера да ја поддржи руската војна во Украина надвор од нејасните дипломатски гаранции, што е веројатно помалку од она што Путин се надеваше да го обезбеди во преговорите. Путин, веројатно, не успеа да обезбеди точно партнерство што му треба и сака, а Шји, веројатно, ја напушти Москва по обезбедувањето гаранции, кои се повеќе еднострани отколку што сакаше Путин да бидат“, тврди ИСВ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Србин ликвидиран во вила на Бали, неговата сопруга била сведок на убиството

Австралискиот државјанин со српско потекло Живан Радмановиќ (32) е убиен во вила на Бали, додека неговиот пријател е тешко повреден. Индонезиската полиција верува дека станува збор за пресметка помеѓу криминални банди.
Австралиските медиуми објавија дека индонезиската полиција верува дека ги идентификувала маскираните напаѓачи одговорни за смртта на Радмановиќ, австралиски државјанин кој дошол на Бали од Мелбурн.
Радмановиќ бил убиен во бањата, додека неговата сопруга се криела од напаѓачите под прекривките на креветот во спалната соба, пренесе Н1.
Пријателот на Радмановиќ, Санар Ганим, бил претепан и застрелан со неколку куршуми во нападот, но успеал да преживее.
Индонезиската полиција соопшти дека сопругата на Радмановиќ среде ноќ ја разбудиле врисоците на нејзиниот сопруг. Како што рекла, се сокрила под покривката, а додека ја покривала главата здогледала маж во светло портокалова јакна со темен шлем на главата.
Таа на полицијата и кажала дека додека ѕиркала, видела како маж пука во нејзиниот сопруг во бањата пред да побегне. Набргу потоа слушнала друга жртва, Ганим, како вреска и истрели од неговата соба.
Истрчала од спалната соба и го затекнала пријателот на нејзиниот сопруг како крвари, а нејзиниот сопруг лежел на подот во бањата.
Австралиските медиуми јавуваат дека Радмановиќ и неговиот пријател во последните неколку месеци живееле на Бали, а веќе и биле познати на полицијата во Викторија.
Вилата во која се случило злосторството имала три соби и вкупно пет гости во моментот на нападот. Покрај жртвите, биле и нивните сопруги и уште еден непознат.
Полицијата нападот го третира како нарачано убиство, а се претпоставува дека напаѓачите се од Австралија. Се сомневаат дека избегале од Бали, но дека се уште се во Индонезија каде доколку бидат уапсени и осудени им се заканува смртна казна.
Свет
Трамп: Иран требаше порано да преговара

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп на прес-конференција за време на самитот на Г7 во Канада рече дека Иран сака да ги намали тензиите во конфликтот со Израел, но дека можеби е предоцна за преговори.
На прашањето на новинарите дали видел или примил пораки преку посредници дека Иран сака да деескалира, Трамп одговори: „Да, тие сакаат да разговараат, но тоа требало да го направат порано. Иран не победува во оваа војна“.
Трамп се појави пред медиумите заедно со канадскиот премиер Марк Карни. Во своето обраќање тој рече дека Иран покажува интерес за преговори и смирување на конфликтот со Израел, кој го опиша како „болен за двете страни“.
„Треба да почнеме да разговараме сега, пред да биде предоцна“, рече Трамп.
Запрашан што би ја разгорело можноста за вмешаност на американската војска, Трамп одговори кратко: „Не сакам да зборувам за тоа“.
Свет
(Видео) Израел ја погоди зградата на иранската државна телевизија, програмата прекината

Одбранбените сили на Израел (ИДФ) извршија напад врз информативната мрежа на Исламската Република Иран (ИРИНН), која ја води државната медиумска куќа, ИРИБ.
На „Икс“ се појави видео на кое се гледа програмата на таа иранска државна телевизија. Програмата била прекината во моментот на ударот. Пред тоа, можете да се види како нешто почна да паѓа во студиото и водителката бега од кадарот. Некој на видеото потоа извикува „Алах Акбар“.
🚨🚨 Moment Iranian television was struck by Israeli airforce pic.twitter.com/auan6THShy
— Amichai Stein (@AmichaiStein1) June 16, 2025
Програмата продолжи извесно време по ударот
Државната телевизија на Исламската Република Иран (IRIB) повторно емитува во живо, откако неколку минути беше исклучена од етерот поради израелскиот напад, јавува BBC Persian.
На екранот сега се прикажува порака дека „сите програми продолжуваат во живо без прекин“, додека друг текст вели дека Израел „погоди една од зградите на иранската државна телевизија во брутален напад“.
Нападот се случи откако израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека „иранскиот мегафон на пропаганда и поттикнување е на пат кон исчезнување“.
Кац изјави и дека евакуацијата на жителите од околните населби веќе е започната.
Претходно истиот ден, според иранските медиуми, израелските сили нападнале и воена база во западен Техеран.