Европа
„Тоа е монструозна намера“- Захарова за изјавата на Велика Британија за употреба на осиромашен ураниум во Украина
Изјавите на Велика Британија дека ќе испорача муниција со осиромашен ураниум во Украина беше со цел да се промени агендата на средбата меѓу кинескиот претседател, Шји Џјинпинг, и рускиот претседател, Владимир Путин, изјави за „Соловјов“ портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
„Британците никако не може да разберат дека не е можно, со какво било ширење информации, каква било пропаганда, манипулација со нивниот мејнстрим, да се прекине конструктивна суштинска агенда. Тоа не може да се спречи со никакви пиар-акции, антиреклами и хистерија“, рече таа и додаде дека руско-кинеската соработка го создава вистинскиот тон за меѓународните односи.
Захарова нагласи дека изјавите на Велика Британија за испорака на муниција со осиромашен ураниум на украинската армија, по потпишувањето толку многу документи и по изјавите за стабилност, мир и придонесот на Русија и Кина, ѝ штетат на самата Велика Британија.
Таа го карактеризира осиромашениот ураниум како најстрашното нешто, а неговата можна примена во зоната на конфликтот како монструозна.
Британскиот заменик-секретар за одбрана, Анабел Голди, претходно изјави дека покрај испраќањето ескадрила борбени тенкови „Челинџер 2“ во Украина, Лондон ќе испрати и муниција, вклучително и оклопни гранати, кои содржат осиромашен ураниум.
По тоа, рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека Москва ќе биде принудена да реагира доколку колективниот Запад почне да користи оружје со нуклеарна компонента.
Изјавата на Велика Британија за осиромашениот ураниум дојде во време кога кинескиот претседател Шји Џјинпинг беше во работна посета на Русија од 20 до 22 март. Тоа е негово прво патување во странство по третиот реизбор за лидер на Кина. По пристигнувањето во Москва, тој рече дека Пекинг и Москва се сигурни партнери и дека Кина е подготвена одлучно да го заштити меѓународното право со Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Експлозија на руски танкер во Црното Море: постои ризик од потонување
Рускиот танкер „Каирос“, кој е под санкции, беше оштетен во експлозија во близина на Босфорскиот теснец во Црното Море во петокот. Бродот е поврзан со таканаречената „флота во сенка“ на Москва, која се користи за избегнување на западните санкции врз рускиот извоз на енергија, објави Ројтерс.
Турското Министерство за транспорт и инфраструктура соопшти дека „Каирос“ пријавил „надворешен удар“ додека бил на пат кон руското пристаниште Новоросијск, 28 наутички милји од турскиот брег. Експлозијата предизвикала пожар во машинската просторија на бродот, а турските спасувачки служби започнале операција за евакуација на 25 членови на екипажот.
An explosion and fire broke out in the engine room of the Gambian-flagged tanker Kairos while it was sailing in ballast about 52 miles north of the Bosphorus in the Black Sea, shipping agency Tribeca said. pic.twitter.com/Hvp8Ov4j5r
— Levent Kemal (@leventkemaI) November 28, 2025
Според агенцијата за бродски превоз „Трибека“, „Каирос“ можеби удрил во мина и е во опасност да потоне. Спасувачки влекачи и крајбрежната стража беа испратени на местото на настанот за да обезбедат помош.
Извор за Ројтерс изјави дека друг танкер, „Вират“, исто така претрпел експлозија во Црното Море. И двата брода се на списокот на санкционирани бродови поврзани со руската „флота во сенка“.
Европа
(Видео) Украинците уништија руски систем за воздушна одбрана вреден 60 милиони долари
Украинските сили за беспилотни системи објавија дека уништиле три вредни руски противвоздушни системи со вкупна проценета вредност од околу 60 милиони долари – Бук-М1, Бук-М2 и Тор-М2 – за време на тридневен напад со беспилотни летала.
Во соопштение на социјалните мрежи, тие велат дека операторите од батаљонот Асгард на 412-та бригада Немезис, заедно со 12-от Центар за специјални намени и специјалната единица „Кабул 9“ на Воената разузнавачка служба (ХУР), погодиле три важни цели: системите Бук-М1, Бук-М2 и Тор-М2.
Уништените системи се меѓу највредната руска опрема на бојното поле.
Европа
(Видео) „Ризикуваме да изгубиме сè“: драматичен говор на Зеленски по падот на вториот човек на Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се огласи на Фејсбук за прв пат по оставката на Андриј Јермак, шефот на кабинетот на украинскиот лидер.
Како што нагласи на самиот почеток, „Русија едвај чека Украина да прави грешки“.
– Ние нема да ги правиме. Нашата работа продолжува. Нашата борба продолжува. Немаме право да не успееме, немаме право да се повлечеме или да се свртиме едни против други. Ако го изгубиме единството, ризикуваме да изгубиме сè – себеси, Украина и нашата иднина. Мора да стоиме заедно. Мора да издржиме. Нема друг избор. Никогаш нема да има друга Украина. Ние ја браниме Украина. Слава на Украина! – рече Зеленски.
Зеленски денес објави дека неговиот шеф на кабинетот, Андриј Јермак, поднел оставка.
– Прво: Канцеларијата на претседателот на Украина ќе назначи ново лице на чело – шефот на кабинетот, Андриј Јермак, ја потпиша својата оставка – рече Зеленски во своето вечерно обраќање, пренесува Интерфакс Украина.
Тој му се заблагодари на Јермак за неговата досегашна работа и рече дека утре ќе одржи консултации за тоа кој би можел да биде новиот шеф на неговиот кабинет, пренесува УНИАН.

