Контакт

Здравје

Научниците открија нов дел во човековото тело?

Објавено пред

Не може да се види, ниту да се допре, но игра клучна улога во борбата со имунолошките болести, велат научниците за новиот систем откриен во мозокот на човекот.

dobivaj vesti na viber

Имено, истражувачите ов Медицинскиот универзитет во Вирџинија, открија долго скриен систем од крвни садови кој го нарекоа централен нервен систем на лимфни крвни садови. Овие новооткриени крвни садови ја спроведуваат лимфата од мозокот до околните лимфни чворови, пишува Nationalgeographic.rs. Откритието, кое е објавено во магазинот Nature, ги потресе научните кругови. Истражувачкиот тим предводен од Антоан Лав, најпрво го испитувал мозочното ткиво на глувците, кај кои е забележан сличен систем на оној кој постои во имунитетните келии. Потоа ткивото е тестирано за да се испита дали во него постојат лимфни келии, а резултатот бил позитивен.  Овие клетки, исто така, постојат и во човечкото мозочно ткиво.Кога во нашиот организам ќе дојде до воспаление, молекулите и патогените се спроведуваат до лимфните келии, каде имунитетните клетки се активираат за да ја продолжат борбата со болеста или воспалението.Овие крвни садови се најдени во дуралните синуси, кои ја спроведуваат крвта од мозокот до вратните вени. Се наоѓаат во близина на крвните садови, па поради тоа се помалку воочливи.„За што подобро да ја разбереме функцијата на новооткриените клетки, неопходено е детално да ги проучиме, затоа што мозокот кај глувците и луѓето битно се разликува“, вели Лав.Сепак, самиот факт дека нервниот систем на лимфни крвни садови постои отвора нови прашања за потенцијалните терапии за лечење болести како Алцхајмерова, мултипла склероза или аутизам./крај/б/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Најдобрата напивка за слабеење: едноставна и идеална за лето

Објавено пред

Освен што ги топи вишокот масни наслаги во телото, го смирува стомакот и ја намалува надуеноста, па затоа нема причина да не го консумирате секојдневно.

dobivaj vesti na viber

Ако традиционално сте одлучиле да почнете да се храните поздраво и да вежбате повеќе околу два месеци пред летната сезона, или ако сте одлучиле да ослабете среде лето, можеби овој одличен пијалок, за кој експертите тврдат дека е најефикасен во топењето на вишокот масти во телото, ќе ви помогне во тоа.

Потребни состојки:
– 1 литар вода

– 1/2 грејпфрут

– 1 мандарина

– 1 краставица

– 4 до 6 големи листови нане

– мраз

Подготовка:
– Излупете ги и исечете ги грејпфрутот, мандарината и краставицата на парчиња.

– Додадете ги сите состојки во бокал со вода и оставете го во фрижидер.

– Оставете преку ноќ.

– Промешајте го пијалокот наутро и пијте го во текот на денот.

Сите овие состојки имаат свои интересни придобивки: од стабилизирање на нивото на шеќер во крвта, забрзување на согорувањето на калории, намалување на надуеноста до зголемување на чувството на ситост и смирување на желудникот.

Прикажи повеќе...

Забава

Трик за хидратација на кожата што ги излудува жените: ќе се каете што не сте почнале порано

Објавено пред

Заборавете на негата на кожата во десет чекори и сложените рутини кои одземаат повеќе време од вашето утринско кафе.

dobivaj vesti na viber

Нова опсесија за нега на кожата се нарекува „skin flooding“, техника која вклучува нанесување на хидратантни креми во слоеви додека кожата е сè уште влажна, за да се максимизира секоја капка влага и активни состојки.

Концептот е всушност многу едноставен, но многу ефикасен!

Наместо да чекаме лицето да се исуши по миењето, веднаш почнуваме да го хидрираме додека е сè уште влажно, прво со лесен тоник или термална вода, потоа преминуваме на серум со хијалурон или глицерол, и го запечатуваме сè со побогат хидратантен крем што спречува испарување на влагата.

Доколку вашата кожа е екстремно сува или дехидрирана, можете да ја завршите вашата рутина со дополнителен слој масло или балсам за да се осигурате дека она што сте го нанеле претходно ќе остане длабоко во вашата кожа.

Поентата е дека сите производи се нанесуваат еден по друг без чекање, додека кожата е сè уште еластична и отворена за апсорпција, исто како кога растението подобро апсорбира вода од влажна почва.

Овој ефект на „плакнење“ на кожата не само што обезбедува моментално чувство на мекост и свежина, туку на долг рок помага во зајакнување на бариерата на кожата, го враќа сјајот и го прави тенот да изгледа пополн, поздрав и поеластичен. Овој метод е особено корисен во периоди кога кожата изгледа безживотно, затегнато или иритирано – на пример по изложување на сонце, ветер или централно греење.

Најдобриот дел е што ова не бара скапи производи или многу време, туку само промена на пристапот, т.е. користење на производите што веќе ги имаме во нашата рутина малку попаметно. Иако доаѓа од сферата на „Тик-ток“, овој тренд има и своја дерматолошка логика бидејќи се базира на задржување на влагата во кожата, што е основа на здрава, избалансирана и сјајна кожа.

Ако сакате тен кој изгледа одморен, сјаен и свеж без шминка или филтри, овој начин на хидратација лесно може да стане ваш нов омилен ритуал за убавина.

Прикажи повеќе...

Забава

Осум едноставни трика за исхрана, кои го имитираат ефектот на „оземпик“

Објавено пред

Малите промени во вашата исхрана може да ги активираат хормоните за контрола на апетитот и губење на тежината, без да трошите пари на лекови.

dobivaj vesti na viber

Ако не можете или не сакате да набавите „оземпик“ или слични лекови за слабеење, но сакате да ослабите, еден доктор споделува осум едноставни совети, кои може да ги имитираат ефектите на лековите GLP-1, и тоа сосема природно и бесплатно.

Д-р Марија Скурбутакос, предавач на Одделот за семејна и општа медицина на Универзитетот во Торонто и доктор по нутриционизам, неодамна напиша статија за The Conversation, во која објаснува како одредени навики во исхраната може да го стимулираат природното лачење на хормонот GLP-1 (кој го регулира шеќерот во крвта и чувството на ситост), а со тоа да го поттикнат губењето на тежината.

Иако природниот начин трае подолго за да се видат резултати, докторката истакнува дека ваквите промени може да го намалат ризикот од срцеви заболувања за дури 10 % повеќе од лековите како „оземпик“. Покрај тоа, ваквите навики може да помогнат во одржувањето здрава телесна тежина на долг рок.

Еве осум начини како можете да го забрзате губењето на тежината – денес:

1. Јадете заситен појадок

Студија од 2009 година покажа дека телото реагира на храна побргу наутро отколку попладне. Појадокот стимулира побрзо лачење на хормонот GLP-1, што ве прави да се чувствувате сити.

Затоа – никогаш не прескокнувајте го појадокот!

2. Ручекот нека биде помал, а вечерата најмала

Распределбата на калориите во текот на денот игра голема улога. Студија од 2013 година покажа дека жените што јаделе 700 калории за појадок, 500 за ручек и 200 за вечера изгубиле повеќе тежина и имале помал обем на половината од оние што вечерата ја правеле свој најголем оброк.

3. Додајте влакна во секој оброк

Влакната се број еден природен засилувач на хормонот GLP-1. Дури и без ограничување на калориите, исхраната богата со растителни влакна може да ви помогне да ослабите.

Храна богата со растителни влакна:

Зеленчук: брокула, моркови, спанаќ, артичоки, слатки компири (со кора);
Овошје: малини, круши и јаболка (со кора), банани, портокали, авокадо;
Цели зрна: овесна каша, киноа, кафеав ориз, јачмен, леб од цело зрно;
Мешунки: леќа, црн грав, наут, зелен грав;
Јаткасти плодови и семки: чиа, лен, бадеми, ф’стаци, сончоглед;
Препорачано дневно внесување растителни влакна: 25 g за жени, 34 g за мажи.

4. Додајте незаситени масти

Покрај растителните влакна, важни се и мононезаситените масти (т.н. MUFA). Тие помагаат во регулирањето на холестеролот, намалувањето на воспалението и зголемувањето на лачењето на хормонот GLP-1.

Одлични извори вклучуваат: маслиново масло, авокадо, бадеми, лешници, семки од тиква, маслинки, путер од кикиритки.

Се препорачува 15-20 % од вашите дневни калории да доаѓаат од MUFA-масти.

5. Ужина со ф’стаци

Ф’стаците се богати со растителни влакна и здрави масти. Студија од 2014 година покажа дека тие природно го зголемуваат нивото на хормонот GLP-1. Покрај тоа, тие може да помогнат во заштитата на вашиот вид од сина светлина како што стареете.

6. Јадете по следниот редослед: првин протеини, потоа зеленчук, па јаглехидрати

Студиите покажуваат дека јадењето протеини пред јаглехидрати ги зголемува нивоата на GLP-1. Значи, следниот пат кога ќе јадете – првин месо, потоа зеленчук, па тестенини или леб.

7. Изберете цврста храна наместо кашеста или течна

Дури и самото џвакање храна стимулира подобар хормонален одговор. Студија од 2024 година откри дека GLP-1 се зголемува кога јадеме цврст зеленчук за разлика од пире.

Значи – помалку смути, повеќе салати.

8. Јадете бавно

Бавното јадење му овозможува на телото да препознае ситост и да го координира лачењето на хормонот GLP-1. Кога јадеме премногу бргу, честопати јадеме повеќе отколку што ни треба бидејќи чувството на ситост доаѓа доцна.

Продолжете го времетраењето на оброците и ќе се чувствувате сити со помалку храна.

Со воведување на овие осум навики во вашата дневна исхрана можете природно да активирате хормони што го поддржуваат губењето на тежината – без лекови, без стрес и без трошоци, пишува Best Life.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

Трамп по разговорот со европските лидери и со Зеленски: Русија ќе се соочи со последици ако не се движи кон мировен договор

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денешниот разговор со европските лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски бил „многу добар“. „Тој...

Европа7 часа

Зеленски не го промени својот став за територијалните отстапки

На прашањето дали го променил својот став за предавањето на источниот регион Донбас по денешните разговори, украинскиот претседател Володимир Зеленски...

Европа7 часа

Што сакаа да постигнат европските лидери преку разговорот со Трамп?

Можноста, американскиот претседател Доналд Трамп самиот да седне со Владимир Путин, предизвика нервоза кај европските лидери. Иако Трамп јавно покажа...

Македонија8 часа

(Видео) Повторно излезе од контрола пожарот во Јасен

Состојбата со пожарот во ловиштето Јасен е променлива, и во моментот не е воспоставена контрола, информираше директорот на Дирекцијата за...

Македонија9 часа

Според очевидците пожарот кај Јасен бил разгорен од удар на гром, Мицкоски вели се прават натчовечки напори

Премиерот Христијан Мицкоски денеска заедно со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување беше во ловиштето „Јасен“, каде што веќе...

Македонија9 часа

Уставен оформи предмет за вториот протокол меѓу Македонија и Бугарија

Уставниот суд оформи предмет по иницијатива на Лилјана Поповска, со која се оспорува протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина...

Култура10 часа

Почина оперската дива Милка Ефтимова

Почина оперската примадона Милка Ефтимова, доајен на Македонската опера и амбасадор на македонската уметност и култура во светот. Во својата...

Македонија13 часа

(Видео) Мицкоски: Рамковниот договор 24 години потоа донесе мир и стабилност

Рамковниот договор е потсетник на една длабока вистина – дека државата ја имаме само ако ја чуваме заедно, по пат...

Топ15 часа

Уапсен скопјанец, фрлал камења кон полициски хеликоптер додека полнел вода за гаснење пожар

Вчера вечер, во 18:55 часот, полициски службеници од ПС Карпош го лишија од слобода И.А. (55) од Скопје поради сомнение...

Македонија16 часа

ЦУК: Изгаснати 28, активни три пожари

До 08:00 часот, на територијата на Македонија имаше вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои активни се три пожари,...

Свет16 часа

Комисијата на СЗО: Топлотните бранови повеќе не се климатска закана, туку здравствена криза

Екстремните временски услови што ги засегаат Европа и Централна Азија повеќе не се само климатска закана, туку и сериозен проблем...

Македонија16 часа

Димова: Повеќе од пет години не сум директорка на несреќната институција, недолично е да се кажуваат лаги

Повеќе од пет години не сум директорка на оваа несреќна институција и сметам дека е недолично да се кажуваат лаги...

Македонија16 часа

Пожарот кај Јасен сè уште активен, патот Македонски Брод – Скопје затворен за сообраќај

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила,...

Свет1 ден

Белата куќа објави детали за средбата Трамп – Путин

Средбата меѓу американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин ќе се одржи во петок, во Енкориџ, Алјаска, објави...

Топ1 ден

Тројца возрасни и едно дете осомничени за пукањето и убиството во Тетово

Тројца возрасни и едно дете се осомничени за пукањето во Тетово што се случи во неделата, а во кое беше...

Македонија1 ден

(Видео) ДЗС: Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува

Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува. Од земја дејствуваат припадници на специјалните единици на Армијата и Полицијата заедно со...

Свет1 ден

ЕУ воведува нови санкции кон Русија

Европската Унија подготвува 19-ти пакет санкции против Русија, бидејќи Москва продолжува да ги отфрла повиците за прекин на огнот во...

Топ1 ден

Уапсени двајца мажи од Росоман, му се заканувале на градоначалникот на Кавадарци

Денеска по полноќ, во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33)...

Топ1 ден

Скопјанец почина на Клинички откога бил донесен во тешка здравствена состојба: телото дадено на обдукција

Вчера во 17:20 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во тешка здравствена состојба кај...

Регион1 ден

(Видео) Густ чад го обвива Петровац, сцените од плажата се морничави: Црна Гора сè уште се бори со пожарот

Црна Гора сè уште се бори со пожарот, иако ситуацијата во Чањ и во Буљарица се чинеше дека се смирува,...