Спорт
Англиските играчи шокирани од изведбата на нивната химна
Англиската химна „God Save the King“ во изведба на италијанската пејачка Елинора пред натпреварот Италија – Англија (1:2) на стадионот „Диего Марадона“, во Неапол стана вирална, но од сосема погрешни причини.
Нејзината очајна, нечујна и непрепознатлива верзија на една од најпознатите национални химни во светот ја засени репризата на финалето на ЕП 2021 на стартот на европските квалификации следната година.
Елинора им го украде шоуто на бројните фудбалски ѕвезди на теренот и стана хит на социјалните мрежи.
Поточно, таа стана мета на жестоки критики и потсмев, меѓу кои се издвојува оценката дека тоа е најлошата изведба на англиската химна во историјата.
Освен вистинската верзија на националната химна, вирални станаа и сцените со изразите на лицата на англиските фудбалери додека слушаат што прави Елинора од нвната химна. Како што можете да видите репрезентативите на Англија останаа занемени и со неверување ја слушаа химната.
What a disgrace of the national anthem #England #Italy #Euros #EURO2024 #EURO2024Qualifiers #Naples pic.twitter.com/K0cUvPqrh0
— Gary Hershcovitch (@GaryHersh) March 23, 2023
Wow. Got to be the worst national anthem performance I’ve ever watched 😭 #ITAENG pic.twitter.com/LYiev3KcGl
— Kyle Gacheru (@KyleGacheru) March 23, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Пулишиќ под еден услов ќе остане во Милан
Кристијан Пулишиќ сè уште не потпишал нов договор со Милан, иако навивачите долго време очекуваа таков потег од клупското раководство.
Актуелниот договор на Американецот истекува во јуни 2027 година. Според информациите од „Чизмата“, Пулишиќ не потпишал само од една причина – сака гаранции дека клубот ќе се квалификува во Лигата на шампионите.
Според моменталните услови, Пулишиќ заработува 4,4 милиони евра годишно, а челниците на Милан ќе му ја зголемат платата на за 1,1 милион евра, на 5,5 милиони евра годишно, доколку ја продолжи соработката.
Негов приоритет е да остане на „Сан Сиро“.
Милан моментално е третопласиран тим во италијанското првенство, два бода зад првопласираните Интер и Рома.
Пулишиќ одигра девет натпревари оваа сезона, постигна шест гола и додаде две асистенции во сите натпреварувања.
Foot/ EPA
Спорт
Цехте го напушти Еурофарм Пелистер
Репрезентативецот на Словенија, Нејт Цехте, доби дозвола од клубот и го напушти Еурофарм Пелистер.
Цехте кариерата ќе ја продолжи во Бундес лигата, во дресот на Фуксе Берлин.
„Репрезентативецот на Словенија Цехте дојде во Еурофарм Пелистер во 2023 година. Тој како наш член освои две титули шампиони на Македонија, како и еден СУПЕРКУП.
Еурофарм Пелистер му посакува многу среќа во новиот клуб, на овој голем професионалец, а пред се добар човек!
Среќно Нејц, Битола секогаш ќе те памети!“
Цехте, во кариерата играл во Бундес лигата, четири сезони го носеше дресот на Хановер.
Фото/ Фејсбук, РК Еурофарм Пелистер
Спорт
Двајца македонски пингпонгари на светски младински камп во Кина
Два талентирани претставници на македонскиот пинг понг, Јован Пармачки и Матеја Смолиќ, ќе учествуваат на светски младински камп што ќе се одржи од 3 до 13 декември во Народна Република Кина. Кампот е организиран од Меѓународната пингпонгарска федерација (ITTF) и националната федерација на Кина.
Македонските пингпонгари ќе бидат предводени од селекторот Сашко Богатинов, а домаќин на подготовките ќе биде градот Ченгду, каде што ќе се соберат најперспективните играчи во категоријата до 15 години.
Од Пингпонгарската федерација на Северна Македонија потсетуваат дека овој чекор доаѓа по соработката со Амбасадата на Народна Република Кина и средбата со амбасадорката Џијанг Сјаојан, која, како што наведуваат, веќе дава први резултати.
„На Матеја и Јован им посакуваме пријатен престој во Кина и собирање на големо знаење и искуство во друштво на најперспективните пинг понгари од целиот свет,“ соопштува федерацијата.

