Свет
Кина: Никогаш не треба да се почне нуклеарна војна

Официјален Пекинг реагира на одлуката на Русија да распореди тактичко нуклеарно оружје во Белорусија.
Како што рече портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, никогаш не треба да се почне нуклеарна војна, а страните треба да се фокусираат на дипломатско решение на украинската криза.
„На 3 јануари минатата година лидерите на државите со нуклеарно оружје издадоа заедничка изјава во која се вели дека е невозможно да се победи или да се води нуклеарна војна. Во соопштението се нагласува дека војните меѓу државите што поседуваат нуклеарно оружје треба да се избегнуваат и да се намалат стратешките ризици“, рече таа одговарајќи на барањето на „Спутник“ да ја коментира позицијата на Кина во однос на одлуката на Русија да распореди тактичко нуклеарно оружје во Белорусија.
Портпаролката нагласи дека во сегашните околности сите страни „треба да се фокусираат на дипломатските напори за мирно решавање на украинската криза и заедно да работат на смирување на ситуацијата“.
Рускиот претседател Владимир Путин во саботата изјави дека Москва и Минск се договориле да распоредат тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, без да ги прекршат меѓународните обврски. Путин објасни дека Русија не ѝ го предава своето нуклеарно оружје на Белорусија, туку го прави она што САД го прават со години. Според него, изградбата на магацинот за тактичко нуклеарно оружје во Белорусија ќе биде завршена на 1 јули.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Итна седница поради планот на Израел за окупирање на градот Газа

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи итна седница во врска со планот на Израел за заземање и трајно окупирање на градот Газа, соопштено е од седиштето на ОН во Њујорк.
Седницата, чие одржување го побараа пет земји – Данска, Франција, Грција, Велика Британија и Словенија, ќе почне во 10 часот наутро по локално време, односно во 15 часот по централноевропско време.
Според извори од Советот за безбедност, сите држави-членки, освен Соединетите Американски Држави, го поддржаа барањето за одржување на седницата.
Свет
Речиси 1.900 камиони со хуманитарна помош пристигнаа во Газа

Израелската воена агенција која ја координира хуманитарната помош денеска соопшти дека во текот на изминатата недела, од палестинската страна на премините Керем Шалом и Зиким се собрани и дистрибуирани речиси 1.900 камиони со хуманитарна помош.
Како што се наведува, повеќе од 1.310 камиони што влегоа во Газа во текот на неделата превезуваа главно прехранбени производи, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Агенцијата, која работи во рамките на израелското Министерство за одбрана, наведува дека ќе продолжи да го олеснува доставувањето на хуманитарна помош до цивилното население во Газа, „но не и до Хамас“.
Свет
Конструктивен беше состанокот на советниците за безбедност од Украина и нејзините партнери, вели Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека состанокот на советниците за безбедност од Украина и нејзините партнери, што се одржа во Велика Британија, бил конструктивен.
Аргументите на Киев беа слушнати и опасностите беа земени предвид, додаде тој во своето вечерно обраќање до Украинците.
Зеленски истакна дека на средбата учествувале претставници на Велика Британија, САД, Франција, Германија, Италија, Финска и Полска, со цел консолидирање на позициите за постигнување примирје.
„Патот кон мирот за Украина треба да биде определен заедно и само заедно со Украина, тоа е клучен принцип“, нагласи украинскиот претседател.