Македонија
(Видео) Јаневска: Шаќири ја призна целата мизерија на власта, од буџет од 450 милиони евра не може да одвојат за учебници
Срамна изјава на министерот за образование, Јетон Шаќири, дека Министерството за образование нема пари за печатење учебници за средно образование, изјави Весна Јаневска, претседателка на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.
МОН оваа година има буџет од 450 милиони евра, тој е 8,4 % поголем од буџетот за 2022 година, а Шаќири при својата презентација во Владата на почетокот на годината се фалеше дека се гордее со буџетот кој е развоен и ќе има и за нови инвестиции, и за учебници и за поголеми плати. Од многу фалење стигнавме до немање пари, па оттука, прашуваме на што се трошат 450 милиони евра што МОН ги има во буџетот ако нема пари за учебници?“, праша Јаневска.
Таа потсети дека оваа Влада немаше пари ниту за свидетелства, кои доцнеа, ниту за учебници во основно, кои ги печатеа за еднократна употреба.
„Признанието е крајно поразително ако се земе во обѕир дека оваа Влада има пари за златни лажици, ф’стаци и бифтеци, за нови службени возила, за прослави на Рамковниот договор и годишнина од формирање на Владата, за енормно скап километар автопат, за братот на Артан Груби, за надзор на градежни фирми кои до вчера произведувале долна облека, за отштета за неизграден клинички центар – 8 милиони евра, дури и за дресирање магариња.
Добро образование и добро структуриран образовен систем ги одредува аспирациите и потребите на државата, како и нејзината иднина, односно судбина. Веќе е сосема познато дека нашето образование е во постојан пад и веќе е на работ на комплетен колапс. Од последната анкета спроведена од Институтот за политички истражувања, а во врска со образованието во Македонија, се гледа дека населението е незадоволно од повеќе елементи во образованието, од кои најмногу од наставните програми и од учебниците“, изјави таа.
Според Јаневска, учебниците за образованието се од суштинско значење и се основа за сите други видови учења. Без нив, додаде таа, оние што учат би немале ниту појдовна точка ниту начин за процена на својот напредок.
.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Потпишан Меморандум со највисоко рангираните универзитети во Македонија за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, објави Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Град Скопје, заедно со највисоко рангираните универзитети во Македонија потпишаа Меморандум за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, со што академската заедница официјално се вклучува како активен и рамноправен партнер во овој значаен европски културен процес, информираат од Град Скопје.
Со Меморандумот се потврдува јасната европска ориентација на универзитетите и нивната улога како двигатели на знаење, креативност и иновации, како и нивната општествена одговорност во развојот на заедницата. Вклучувањето во „Скопје 2028“ отвора можности за интеграција на културата во наставните и истражувачките програми, поттикнување на студентската креативност и младинскиот ангажман, развој на интердисциплинарни и меѓународни партнерства и зголемување на академската видливост на европско ниво.
Академската заедница останува посветена на активна, професионална и визионерска улога во реализацијата на „Скопје 2028“, со цел зајакнување на европските вредности, продлабочување на интеркултурниот дијалог и создавање одржлива, солидарна и креативна иднина за Скопје и Македонија.
Македонија
Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели на миграција“ (Skills4Justice), спроведен во рамките на програмата на ЕУ за истражување и иновации Хоризонт Европа (HORIZON Europe). Настанот се одржа на Економскиот факултет при УКИМ, како национален координатор на истиот.
Во своето воведно излагање, таа истакна дека одливот на младите високообразовани и компетитивни македонски кадри е една од најголемите закани за македонскиот општествен развој, со сериозни демографски, економски, политички, научни и културни последици.
Според неа, со сè помалубројна и послаба епистемолошка заедница (професори, истражувачи, новинари-аналитичари, културни дејци), тешко е да се креираат добри политики во различни области.
Најдобрите си заминуваат во потрага по подобар живот, но и заради недостиг на меритократија (потценето знаење, талент, вештина и креативност), како и отсуството на владеење на правото и правдата при вработувањето и напредувањето, смета таа.
За неа, напливот на високообразовни институции со сомнителен квалитет, како и партизацијата и непотизмот, продуцираат некритична и послушна ,,интелигенција”.
Таа истакна дека борбата со егзодусот на најдобрите треба да почне со реформи во основното и средно образование, преиспитување на високообразовната мрежа и заострени критериуми при избор и кариера.
На крајот, претседателката укажа на потребата од воведување дуално образование во сите степени, преиспитување на преоптоварената високообразовна мрежа, организирање заеднички студии и проекти со други универзитети, ангажирање на македонските умови од дијаспората со помош на вештачката интелигенција и дигитализација.
Македонија
СДСМ: Македонија сака во ЕУ а ВМРО изолација
Македонските граѓани во големо мнозинство, над 70% сакаат членство во ЕУ. Додека Мицкоски и ВМРО намерно ја туркаат земјата кон изолација, далеку од ЕУ, истакнуваат од СДСМ.
„Известувачот за Македонија, Томас Вајс денеска изјави дека мора да се исполнат реформи и условот со уставни измени за да продолжи европскиот пат на земјата, при презентирањето на нацрт-извештајот за 2025 година.
Евроамбасадороот Михалис Рокас вчера беше дециден дека нема членство во ЕУ без право на глас и без право на вето.
Со ова, приказните на Мицкоски се разобличени целосно.
Исто како и празната националистичка реторика која веќе не поминува“.
Граѓаните, додаваат од СДСМ, го гледаат Мицкоски седнат во авион како се лукзуора на нивна сметка, со скапи часовници од 60.000 евра, со тендери како томбола за бизнис.
Тоа, како што оценуваат, е личен финаниски патриотизам.
„Зборува за меко ткиво а не знае дека и мозокот е меко ткиво.
Мицкоски, граѓаните имаат мозок“.

