Македонија
Австрискиот претседател Ван дер Белен утре во Скопје
Претседателот Стево Пендаровски утре ќе биде домаќин на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, кој престојува во официјална посета на Македонија во придружба на сопругата Дорис Шмидауер.
Претседателот Ван дер Белен ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на официјална церемонија во Кабинетот на претседателот по што ќе следува тет-а-тет средба на претседателите Пендаровски и Ван дер Белен и пленарен состанок на делегациите на Македонија и Австрија.
Во рамките на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје, претседателот Ван дер Белен и претседателот Пендаровски ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев. Предвидено е двајцата претседатели да се обратат на македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу Северна Македонија и Австрија“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип
Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно, од 19:10 часот, поради сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип во близина на село Тркање, сообраќајот беше во целосен прекин.

