Македонија
Герасимовски: Реконструкција на уште еден станбен објект во Центар
Општина Центар почна со реконструкција на фасадата на станбениот објект бр. 81 на булеварот Илинден, со површина од 2.200 квадратни метри. На овој потег во тек е реконструкција на стара и оштетена фасада на колективна станбена зграда, што, покрај енергетската ефикасност, ќе добие и нов лик, што ќе го збогати целокупниот амбиент.
„Ќе се задржи нејзиниот автентичен изглед, а боите, како што е веќе практика, ќе бидат избрани во договор со станарите. Новите фасади овозможуваат многу подобри услови за живеење за станарите, заштитени од влијанието на промените во годишните времиња и за 30 % пониски сметки за електрична енергија“, вели градоначалникот Горан Герасимовски.
Реконструкцијата подразбира поставување термичка изолација врз целата фасада, како и изведување други градежно-занаетчиски работи што се неопходни за нејзина реализација (лимарски работи, демонтажа на уреди за ладење и греење, натстрешници, решетки и сл.). Рокот за извршување на работите е до крајот на јуни оваа година.
За реализацијата на овој проект, Општина Центар одвои 70 % од вкупната инвестиција, а 30 % се инвестиција на Заедницата на сопствениците на станови на булеварот Илинден бр. 81.
Општина Центар набргу ќе објави и нов јавен повик за пријавување заинтересирани заедници на сопственици на станови од подрачјето на општина Центар за субвенционирање реконструкција на фасади. За оваа намена од буџетот се издвоени околу 7.000.000 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

