Македонија
(Видео) Со највисоки државни и воени почести Пендаровски го пречека претседателот на Австрија
На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот Стево Пендаровски денеска го пречека сојузниот претседател на Република Австрија, Александер ван дер Белен, кој во придружба на сопругата, Дорис Шмидауер, престојува во официјална посета на Македонија.
Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен одржаа тет-а-тет средба по што следуваше пленарен состанок на двете делегации.
Теми на разговор беа севкупните билатерални односи меѓу Македонија и Австрија, можностите за нивно продлабочување со акцент на економската соработка, текот на европските интеграции на нашата земја, како и отворените прашања на Западен Балкан и состојбите во поширокиот регион.
По завршувањето на пленарниот состанок на делегациите, предвидено е претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен да одржат заедничка прес-конференција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.

