Македонија
Пендаровски: Условите на Бугарија не беа очекувани, ЕУ не смее да дозволи блокада поради историски прашања
Претседателот Стево Пендаровски смета дека недозволиво е да се блокираат преговорите на Македонија за влез во ЕУ поради историски прашања. Тој упати јавна порака до Унијата дека не смее да се проблематизира влезот на која било земја ако тоа нема поврзаност со реалните вредности и принципи. Пендаровски посочи дека граѓаните со право се прашуваат како да бидат сигурни дека во иднина нема на друга земја членка да ѝ текне да ја блокира Македонија со ново барање.
„Морам да бидам искрен дека условите што последните две години ги поставува Бугарија не можеше никој да ги предвиди дека ќе бидат поставувани. Бидејќи комплетен консензус, во кој учествуваше и бугарската влада во 2017, 2018, 2019 година, кога додаваме Северна кон Македонија, имаше општ консензус дека нови барања нема да има. Со право и граѓаните прашуваат од каде овие барања се додаваат. И сега логично прашање е дали, ако сега ги направиме овие уставни промени, утре-задутре некоја друга земја членка или истата што нè блокира 2,5 години, нема да ѝ текне да постави ново барање? Јас се надевам дека нема да се случуваат такви работи“, рече Пендаровски.
Упати и јавни пораки до Европската Унија.
„Кредибилитетот на ЕУ како организација, која со децении е сметана за шампион за промоција на човекови права и демократија, беше драстично нарушен, со тоа што РСМ сè уште чека во предворјето соочувајќи се нови барања. ЕУ самата внатре не смее да дозволи која било членка да поставува прашања или да проблематизира нечиј влез кој нема врска со реалните критериуми, вредности и принципи поради кои е формирана и поради кои постои. Да блокирате држава поради историски прашања – е недозволено и не би требало да биде дозволено во модерна Европа“, посочи Пендаровски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Мециновиќ: Владата води историски најопасна надворешна политика по државните интереси
На денешната седница за пратенички прашања, пратеникот од Левица Амар Мециновиќ даде критички осврт на надворешната политика која ја води владата на ВМРО-ДПМНЕ. Мециновиќ на почетокот се осврна на тоа зошто министерот Муцунски не е присутен на пратеничките прашања и праша дали можеби неговото отсуство е поврзано со градењето на новиот објект на покривот на Министерството за надворешни работи.
„Јас и претходно реагирав за едно многу контроверзно гласање во Генералното собрание на Обединетите Нации. Тоа е гласањето против обидот за носење на резолуција за прекин на огнот во Газа. Тогаш вие гласавте против, надвор од очекувањата на македонското општество и надвор од традицијата дипломатска која Македонија ја има”, истакна Мециновиќ.
Пратеникот од Левица дополни дека ова е првиот владин кабинет за надворешна политика кој гласал против кревањето на ембаргото на Куба. Ваквиот чекор според Мециновиќ претставува најгруб дисконтинуитет во традицијата на македонската дипломатија.
Тој се осврна и на односите со Кина, безвизниот режим и прашањето за Тајван, како и на поширокиот геополитички контекст на продлабочена криза во трансатлантските односи. Ја обвини Владата дека во момент кога САД стануваат сè понепредвидлив партнер, таа ја врзува Македонија исклучиво за американската линија, занемарувајќи ја европската траекторија.
„Албанија воведе безвизен режим со Кина и се приближува кон Европската Унија. Вие не воведувате безвизен режим и се оддалечувате од Европската унија. Моето пратеничко прашање е: каде оди овој брод?” – праша пратеникот од Левица.
Македонија
Министерство за правда: Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Со мнозинство гласови пратениците ја изгласаа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет. Законот се проследува на второ читање, информираат од Министерството за правда.
Министерот за правда Игор Филков во своето обраќање рече дека со овој закон во министерството е започната нова ера на работа и функционирање, во којашто секој битен и суштински закон за граѓаните на Република Македонија ќе се изготвува низ отворен, јавен и транспарентен процес.
,, Клучни новини кои се предвидени со Законот се:
Јавност во постапката за разрешување на претседател на Судскиот совет,
За прв пат прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“.
Воведување јавна расправа при избор на кандидатите за не-судски членови со цел поголема транспарентност и одговорност,
Зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови на Советот од редот на судиите,
Јасно прецизирање на постапката за дисциплинска одговорност на судиите, но и на членовите на судскиот совет,
Воспоставување обврска Судскиот совет да ги прецизира, индивидуализира и образложи одлуките за избор и утврдување одговорност на судиите,
Утврдување на рокови за преземање дејствија за дисциплинска одговорност на судиите, како и прецизирање на основите и постапката за жалба против одлуката на Судскиот совет, како и
бројни други решенија за унапредување на целокупната правна рамка согласно препораките на ЕУ”, рече Филков.
Тој изрази жалење што дел од опозицијата не беше присутна на седницата за носење на, како што оценува, исклучително важен закон кој е дел од Реформската агенда.
Македонија
Утре, во утринските часови наместа со појава на магла, во текот на денот сончево со умерена облачност
Утре во утринските часови наместа ќе има појава на магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност и претежно тивко. Во северозападните делови повремено ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде умерено до значително облачно и претежно тивко.
Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини ќе има појава на магла.

