Македонија
Тренчевска: Ги означуваме последните чекори на кампањата „Гласна и храбра“
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, го почна денот со посета на „Преплет“, женско претприемаштво, продавница за подароци, формирано од успешни жени и веќе функционира 10 години. Министерката беше пречекана од страна на сопственичките на „Преплет“, графичките дизајнерки Викторија Лаговска-Хајредин и Магдалена Аврамовска, архитектката Емилија Ланговска и нивните две вработени – Фросина Крстевска и Сандра Костовска. Во рамките на кампањата „Гласна и храбра“, Министерството за труд и социјална политика остави трага на местата каде што се одржаа настаните за економско зајакнување и ментално здравје со семиња од цвеќе. „Преплет“ ги дизајнира производите што беа дел од кампањата, а имаа цел да ја пренесат пораката на „Гласна и храбра“.
За време на посетата на продажното место и работилницата на „Преплет“ беше разговарано за инспирацијата за работа, историјата на нивниот бизнис и нивната мрежа на купувачи. Овој бизнис претставува и пример за инклузија. Во изминатите години поддржани од мерките на Фондот за иновации и технолошки развој имаат дизајнирано маици испишани на Брајово писмо. Сопственичките ја известија министерката за уште една нивна иновација – подароматот, кој може да им овозможи на купувачите да купат од нивните производи во кое било време од денот.
„Вие сте пример за тоа дека со ентузијазам, упорност и решителност може да се успее! Токму како пораката на семето, порака за успех“, посочи Тренчевска за време на посетата.
Министерката ја поздрави нивната иницијатива и се заблагодари за нивниот труд што ја одбележа кампањата „Гласна и храбра“, со што се остави трага и се даде вистинската нота и насока.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

