Македонија
Герасимовски: Ги исполнивме сите проекти што ги побараа пензионерите

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, беше во посета на пензионерите од пензионерски клуб „Невена Георгиева-Дуња“ во близина на Заводот за вработување во Капиштец. Од таму ги потсети повозрасните жители на општината да не забораваат да аплицираат за бесплатните стоматолошки услуги, како и проектите „Нега на стари лица во домашни услови“, каде што пензионерите добиваат домашна нега од физиотерапевти, негуватели, социолози и психолози два дена во неделата и проектот „Сервис за одмена на семејна грижа“, наменет за лицата со Алцхајмер и деменција.
„Она што како Општина го ветувавме и во предизборието се реализира. 90 домаќинства се посетуваат од страна на наши обучени тимови, физиотерапевти, социјални работници, кои им помагаат на нашите повозрасни сожители. Почна и проектот во кој наши тимови од луѓе ги посетуваат повозрасните лица од центарот, а кои се соочуваат со Алцхајмерова болест и деменција и им помагаат на семејствата“, рече Герасимовски пред пензионерите.
Општина Центар на барање на пензионерите отвори и три нови пензионерски клуба во населбата Крњево и во близина на Универзалната сала. Дополнително, во време на криза Општината издвои 330.000 илјади денари финансиска поддршка на повозрасните жители во социјален ризик. Општина Центар продолжува да вложува во проекти што ги олеснуваат пензионерските денови и длабоката старост.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Партиите од ВЛЕН отсега ќе делуваат како еден политички субјект

Коалицијата ВЛЕН известува дека „денес е направен првиот чекор кон целосно политичко обединување, со заедничка визија и обединета структура, како единствена сила што ја претставува надежта, достоинството и иднината на Албанците во оваа земја“.
„На денешниот состанок беше формирано Заедничкото Претседателство на ВЛЕН, како прв орган што ќе ги координира сите политички и организациски активности на коалициско ниво.
Од денес стапува во сила мораториум на јавните активности на политичките партии учеснички во ВЛЕН, при што сите активности и настапи ќе се реализираат исклучиво под името, логото и единственото претставување на ВЛЕН.
Во наредниот период ќе се формираат и другите заеднички органи, вклучително и Раководството на ВЛЕН и Шефот на Изборниот штаб, кој ќе ја води подготовката за претстојните избори.
Пратеничката група на ВЛЕН ќе продолжи да функционира со актуелните пратеници кои го поддржуваат процесот на обединување и се посветени на јакнење на заедничкиот глас на Албанците“, велат од ВЛЕН.
Македонија
(Видео) Запален домот на Александар Пандов: Нема да не запрат и нема да не поколебаат

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов на социјалните мрежи објави дека му бил запален домот.
„Ова е данокот за нашата борба за владеење на правото без калкулации? Ова е цената за удирањето по мафијата! Домот ми беше запален, и имам основано сомневање дека станува збор за смислен атак на криминалците!
Нема да не запрат и нема да не поколебаат. Никој не е над законот! Нема враќање назад кога се бориш за правдата. И кога ќе тргнеш против криминалот, тој се брани со насилство. Но ова нема да ме запре — напротив, само не зајакнува!“, напиша Пандов.
Тој додаде дека очекува институциите да го најдат и казнат сторителот.
Македонија
Милошоски: Не помина интерпелацијата на Левица и СДСМ за Тошковски, целта им беше лична дискредирација и злоупотреба на трагедијата

„Не помина интерпелацијата на Левица и СДСМ против МВР, Панче Тошковски. Целта им беше провидна“, напиша на социјалните мрежи Антонио Милошоски.
„Прво лична дискредитација на Тошковски, а потоа злоупотреба на семејните емоции од големата трагедија во Кочани. Манипулативни намери, наместо реални предлози и поддршка“, додаде тој.