Македонија
(Видео) „Ѝ ја затворија устата на Агелер да не зборува за корупција“ – Џевдет Хајредини за црната листа на САД

Во интервју за „Макфакс“ поранешниот министер за финансии со оценка за тоа кој од македонските функционери и политичари би можел да се најде на американската црна листа.
Никогаш нема да биде ништо од тоа, вели Хајредини, сè додека не се реши проблемот со уставните измени.
Потсети на зборовите на американската амбасадорка Агелер, која во својата платформа се заложи прва задача да ѝ биде борбата со корупцијата во државата.
„Најави дека ќе дојде тим за санкции, во ДУИ ги фати паника. Но, што се случи и дали случајно тројца високи функционери на Стејт департментот еден по еден дојдоа за да ја релативизираат состојбата и да ѝ ја затворат устата на Агелер. Ѝ рекоа, остави ја таа работа, кого го интересира корупцијата“, појаснува Хајредини.
Од странците, додава тој, не може да очекуваме да ни ги решат ајдуците.
Оценува дека политичарите и функционерите, за да се спасат да не одат во затвор и да одговараат за корупција, го користат моментот за уставните измени.
Странците да кажат, дециден е Хајредини, каде на друго место има вакви регулативи како во Македонија.
„Бербок вели седнете со опозицијата да се договорите, ама дали може да го направат тоа кога се во заемна амнестија“, додава тој.
Како и по чиј налог доаѓа Ковачевски на власт, дали аферата „Телеком“ е голем товар за премиерот, за фудбалот на Груби и за неговиот монопол во партијата и во државата и слично – детаљно во интервјуто за „Макфакс“ ексминистерот за финансии, Џевдет Хајредини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Фото) Герасимовски: Спортот ја развива кондицијата, дисциплината и спортскиот дух, децата спортуваа со Кокан Ајановски

Вчера, околу триесет деца, придружени од нивните родители, учествуваа на спортската дружба со македонскиот атлетичар Кокан Ајановски. На настанот, дел од проектот „На одмор сум, во Центар сум“, децата од Центар имаа шанса да учат за атлетиката како спортска дисциплина, да трчаат и да се забавуваат покрај Кејот на Вардар, извести општина Центар.
Родителите ја поздравија активноста што ја организираше Општина Центар, која ги поттикнува центарските деца да бидат активни и да го поминуваат летото на креативен и здрав начин. Атлетиката и трчањето, како основни спортови, не само што помагаат за физичката кондиција, туку ја развиваат и самодовербата, дисциплината и тимскиот дух, што е клучно за развојот на младите, велат од Општината.
„Со овие активности се обидуваме да понудиме нешто повеќе за нашите млади центарци. Спортот е најдобриот начин да растат активни и здрави, а ваквите настани се важен дел од нивниот развој. Се радувам што имавме одлично присуство и енергија. Ќе продолжиме да ги поддржуваме ваквите активности и во иднина. Благодарност до нашиот Кокан Ајановски и Паблишер за соработката, на дечињата им приредивме убава спортска дружба“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.
Проектот „На одмор сум, во Центар сум“ продолжува со нови активности овој месец со културни и рекреативни содржини за децата кои го поминуваат летото во Центар, во Скопје.
Македонија
Обезбедени 170 милиони денари субвенции за инвертер клими за ранливите категории, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува и докажува вистинска грижа за сите категории на граѓани. Таа грижа посебно се истакнува кај граѓаните од ранливите категории. Секој македонски граѓанин заслужува еднаков третман од државата и покомотни и достоинствени услови за живеење“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Врз основа на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, објавен е оглас за поддршка на домаќинства кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија.
Огласот предвидува субвенции за инвертер клима уреди за граѓани од ранливи категории кој ќе трае 60 дена и за таа цел од Владата се обезбедени 170 милиони денари.
Станува збор за клима уреди од класата А+ со инсталирана моќност од 3,5 киловати, кој ќе биде вграден директно во домот.
Нема веќе принцип „прв дојден-прв услужен“, клима уредите ќе се набавуваат преку јавна и транспарентна тендерска постапка и истите ќе се поделат според месечните приходи на домаќинствата, од најниски до највисоки се до исцрпување на средствата.
Тоа е гаранција дека уредите ќе ги добијат оние на кои им се најнеопходни и на овој начин ќе се придонесеме семејствата од ранливите категории да имаат поголем комфор во својот дом како во летото, така и во зимата.
А, од друга страна, со оваа мерка се интервенира и во делот на заштитата на животната средина и намалување на загадувањето, посебно во периодот на грејната сезона кога граѓаните ги затоплуваат своите домови.
Освен субвенциите за инвертер клими, за ранливите категории Владата обезбеди и финансиска поддршка за потрошена електрична енергија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Филипче да одговори дали јахтата на која плови со Заев е купена со пари од државни тендери“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„На лицемерието на СДС му нема крај. Додека на прес-конференции и преку соопштенија глумат загрижени за стандардот на граѓаните, нивниот сегашен и поранешен претседател, крстарат со луксузна јахта низ Егејското море“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Цела македонска јавност ги виде сликите од Венко Филипче и Зоран Заев како безгрижно, раскомотени со скапи пијалаци и луксузна (како што впрочем и тие ја нарекоа) храна, тераат ќефови на сред Егејско.
После приватната журка со Харис Џиновиќ во Дубаи, дуото Заев и Филипче своето уживање во луксуз го покажаа со јахтата во Грција, кој ретко кој бизнисмен, не само од Македонија, туку и од регионот може да си го дозволи.
Таков луксуз не може да се постигне со чиновничка плата, макар тоа премиерска, министерска, пратеничка, ниту пак со докторска.
Затоа прашуваме и очекуваме одговори, дали јахтата со која пловат Филипче и Заев е на Заев од марката Рива и истата чини 850 илјади евра?
На која фирма ја регистрирал и дали за нејзиното купување се употребени пари од државни тендери?
И додека СДС глумат душегрижништво за стандардот и платите во државата, Филипче и Заев за неколку часа пловење со луксузната јахта, само за гориво трошат една просечна плата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.