Спорт
Артета пикира засилување од Галатасарај
Арсенал го насочи вниманието кон дефанзивецот на Галатасарај, Саша Бои, како можно засилување во летниот преоден рок. Привлекувањето на нов десен бек е главен приоритет на Микел Артета во текот на летото и затоа се насочил кон 22-годишниот Французин.
Бои беше доведен во Галатасарај од Рен во 2021 година и брзо се наметна во тимот на турскиот гигант. Досега за клубот од Истанбул одигра 42 натпревари, постигна еден гол и забележа две асистенции.
Неговиот договор е до 2025 година, па Галатасарај ќе биде во силна позиција во преговорите за негова продажба на лето.
Фудбалерот е заинтригиран од можноста да игра во Премиерлигата под водство на Микел Артета, кој веќе докажа дека знае да развива млади таленти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Кунде одигра најмногу натпревари во 2024 година
Францускиот фудбалер Жил Кунде (26) помина најмногу време на теренот во 2024 година.
Заклучно со 15 декември, фудбалерот на Барселона оваа година одигра 69 натпревари, вкупно 5.872 минути.
Според анализата на Фудбалската опсерваторија (ЦИЕС), во пресметката се вклучени натпревари на клупско и репрезентативно ниво, вклучувајќи ги и натпреварите во репрезентациите У21 и У23.
Втор на оваа листа е Колумбиецот од Флуминенсе Џон Аријас, додека трет е играчот на Реал Мадрид Федерико Валверде.
Арис оваа година одигра 67 натпревари, а Валверде 66.
Зад нив се Вирџил Ван Дајк (Ливерпул), Николас Отаменди (Бенфика) и Гранит Џака (Баер).
Анализата покажа дека најголемиот број играчи, очекувано, поминале најмногу време на теренот играјќи натпревари на клупско ниво (73,2%), додека остатокот од нивната игра е исполнета со настапи за репрезентацијата и во европските натпреварувања.
Спорт
(Видео) Реал го освои Светското клупско првенство
Фудбалерите на Реал Мадрид се новите светски шампиони во клупска конкуренција.
„Кралскиот“ клуб со 3:0 ја совлада мексиканската Пачука во финалето што се одржа на стадионот „Лусаил“ во Доха.
Стрелци за тимот на Карло Анчелоти беа Килијан Мбапе во 37. минута, Родриго во 53. минута и Винисиус Жуниор од пенал во 84. минута од натпреварот.
Реал по шести пат го освои Светското клупско првенство на ФИФА, а освои и три трофеи од Интерконтиненталното првенство кое се играше до 2004 година.
Лука Модриќ, капитенот на Реал, го освои 28.трофеј во кариерата со „кралскиот клуб“.
Од следната година, да потсетиме, глобалното клупско натпреварување ќе се игра во нов формат со 32 екипи, како во репрезентативна конкуренција.
Спорт
Кристијано Роналдо го бојкотираше гласањето за најдобрите играчи во светот
Кристијано Роналдо капитенот на фудбалската репрезентација на Португалија го бојкотираше гласањето за најдобар фудбалер во избор на ФИФА.
Наградата му припадна на Винисиус Жуниор од Реал Мадрид.
Капитените и селекторите на сите репрезентации, членки на ФИФА, и по еден новинар од секоја од тие земји, гласаат за најдобрите играчи во светот. Одредено влијание имаат и навивачите. Секој избира и рангира по тројца играчи – првото место заработува пет поени, второто три, а третото еден поен.
И покрај тоа што е капитен на Португалија, Кристијано Роналдо не сакаше да гласа за фудбалерите. Своите должности му ги предаде на заменик капитенот Бернардо Силва.
Роналдо во последните години е разочаран од изборот на играчи кои се номинирани. Затоа тој не гласаше за Златната топка, туку ја делегираше и таа должност. Роналдо пет пати ја освојуваше наградата на ФИФА, а последен пат во 2017 година.
Својот глас не го даде ниту Златко Далиќ. Пред три години, селекторот на хрватската репрезентација почна да го бојкотира гласањето за наградата на ФИФА. Тоа беше по освоеното трето место на Светското првенство во Катар.
Тогаш Далиќ изјавил дека хрватската репрезентација не била доволно почитувана и дека нејзините играчи многу ретко се номинирани за слични награди.