Спорт
Денвер повторно загуби без Јокиќ

Кошаркарите на Денвер, без двајцата најдобри играчи, Никола Јокиќ и Џамал Мареј, запишаа пораз во Аризона. Феникс Санс славеа против лидерот на Западот со 100:93 (32:20, 28:20, 24:34, 16:19).
Санс дилемите околу конечниот победник ги решија во првото полувреме, по кое имаа предност од 20 поени. Денвер наполни десет во третата четвртина, н без Јокиќ и Мареј не Нагетс не можеа да ја оспорат победата на Феникс.
Кевин Дурент ги предводеше Санс со 30 поени, Девин Букер додаде 27. На другата страна најефикасен беше Гордон со 26 со осум скока, Браун застана на 16, а Џексон имаше три помалку.
НБА, резултати:
Шарлот – Чикаго 91:121
/Букнајт 22 – Дерозан 23/
Индијана – Оклахома 121:117
/Меконел 21 – Гилџис-Александер 39/
Филаделфија – Торонто 117:110
/Embid 24 – Барнс 29/
Вашингтон – Орландо 109:116
/Кисперт 27 – Банкеро 30/
Бостон – Јута 122:114
/Тејтум 39 – Хортон-Такер 28/
Бруклин – Атланта 124:107
/Бриџис 22 – Мареј 21/
Кливленд – Њујорк 116:130
/Мичел 42 – Брансон 48/
Хјустон – Детроит 121:115
/Портер 33 – Багли 21/
Мемфис – ЛА Клиперс 108:94
/Бејн 22 – Пауел 16/
Минесота – ЛА Лејкерс 111:123
/Конли 25 – Дејвис 38/
Голден Стејт – Сан Антонио 130:115
/Кари 33 – Џонсон 22/
Портланд – Сакраменто 114:138
/Шарп 27 – Фокс 20/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Реал Мадрид по цел ден плачат, а нивниот претседател ги лаже луѓето“

Претседателот на Ла Лига Хавиер Тебас се осврна на обвинувањата од Мадрид дека судиите работат против Реал, во интервју за шпанскиот весник „АС“.
Тебас рече дека станува збор за агресивна кампања и дека Реал преку клупската телевизија манипулира си луѓето. Тебас рече и дека другите клубови сметаат дека употребата на ВАР технолигијата најмногу профитираат Реал и Барселона.
Освен што го критикуваше Реал, Тебас го кажа и своето мислење за начинот на кој Флорентино Перез раководи со Реал Мадрид и за неговата улога во европскиот фудбал.
„Фудбалот на Флорентино ги лаже луѓето. Претставува олигархиски фудбал, претставува фудбал само за богатите. Тој сака да одлучува за сè, дури и за парите што се делат. Некои луѓе во Реал Мадрид грешат што одобруваат се што прави Флорентино, велејќи дека се е во ред. Реал Мадрид треба да има независно мислење“, додаде Тебас.
Спорт
Манчестер јунајтед (речиси) го завршиле трансферот на Осимен

Виктор Осимен е прв избор на тренерот Рубен Аморим за нов напаѓач на Манчестер јунајтед.
Последните информации велат дека работата е речиси завршена и дека брилијантниот Нигериец во летниот преоден рок ќе го стави својот потпис на договорот со великанот од „Олд Трафорд“.
Осимен моментално е позајмен во Галатасарај од Наполи, а наполитанците бараат 75 милиони евра обештетување.
Парите за трансферот треба да ги обезбеди „Инеос“ компанијата на ко-сосптвеникот на клубот, Џим Ретклиф. Аморим е незадоволен од настапите на Зиркзе и Хојлунд и Осихен несомнено ќе бидат прва опција во нападот.
Нигериецот има 26 години, најдобрите моменти во кариерата ги имаше во Наполи, кого го предводеше до титулата во 2023 година. На 108 натпревари за наполитанците постигна 65 голови. Моментално е во Галатасарај каде на 18 натпревари постигна 14 голови.
За репрезентацијата на Нигерија одигра 39 натпревари и постигна 23 гола. Тој беше вицешампион на Африканскиот куп на нации во 2023 година.
Спорт
Консеисао би можел да добие отказ

Сержо Консеисао, тренерот на Милан, би можел да добие отказ доколку неговиот тим не ги добие натпреварите против Болоња и Лацио оваа недела, објавија медиумите на Апенинскиот полуостров.
„Росонерите“, откако беа елиминирани во Лигата на шампионите од Феенорд, викендов доживеаја нов студен туш. Во саботата загубија на гостувањето кај Торино со 2:1. Ова уште повеќе им ја отежна ситуацијата кога е во прашање борбата за позициите кои водат во Лигата на шампионите следната сезона.
Интер, Наполи и Аталанта напредуваа и речиси имаат обезбедено пласман во Лигата на шампионите следната сезона, а за едно место кое моментално го држи четвртопласираниот Јувентус ќе се бори Милан кој се наоѓа на седмото место со осум бода помалку од Јуве.
Покрај Јувентус и Милан, во трка за Лигата на шампионите се и Лацио, Фиорентина и Болоња.
Консеисао го презеде кормилото на Милан на крајот на декември, кога го наследи Пауло Фонсека. Започна добро, го освои го италијанскиот Суперкуп, но во новата година резултатите се променливи.
Италијанските медиуми пишуваат дека Милан со Консеисао на клупата на 15 натпревари има полоши резултати од Фонсека во последните 15 натпревари. Иако неговиот договор со Милан е до јуни 2026 година, Португалецот би можел порано да ги спакува куферите.