Спорт
Биндер го доби спринтот во Аргентина

Бред Биндер, возачот на КТМ, победи на спринт трката во пресрет на Големата награда на Аргентина.
Јужноафриканецот до победата дојде пред возачите на тимот на Валентино Роси, ВР46, Марко Бецеки и Лука Марини. Победата на Биндер претставува огромен успех бидејќи спринтот го започна од 15. позиција.
Биндер во целта имаше подобар резултат од Бецеки за само 72 илјадити делови од секундата.
Франко Морбидели со својата Јамаха, водеше еден круг, на крајот го освои четвртото место, пред Алекс Маркез кој ја имаше пол-позицијата и актуелниот светски првак и победникот на спринтот и првата трка во Портимао, Пеко Бањаја.
Бодови во спринтот освоија уште Маверик Вињалес (Априлија), Хорхе Мартин (Прамак Дукати) и Фабио Квартараро (Јамаха).
Утре од 19 часот ќе се вози трката за Големата награда на Аргентина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Илчо Ѓорѓиоски ја презеде Струга ТЛ

Фото/ facebook.com/Fcstruga
Актуелниот шампион на Македонија, Фудбалскиот клуб Струга Трим Лум го именуваше Илчо Ѓорѓиоски за нов тренер. На кормилото тој го замени Ќатип Османи кој си поднесе оставка по поразот од Вардар.
Ѓорѓиоски последниот ангажман го имаше пред две години кога ја предводеше Калмата. како тренер работел и во: Брегалница, Вардар и Македонија Ѓорче Петров, а во еден период беше и селектор на репрезентацијата на Македонија до 19 години.
Струга по 29 рунди во домашното првенство се наоѓа на петтото место со 32 поени, 11 помалку од лидерот на табелата Шкендија.
Дебито наа клупата на Струга, Ѓорѓиски ќе го има в недела, против четвртопласираниот тим на табелата Силекс.
Спорт
Ливерпул со загуба од 57 милиони фунти

Англискиот фудбалски клуб Ливерпул објави загуба од 57 милиони фунти.
Тоа е 71,8 милиони долари, пред да бидат оданочени, до 31 мај 2024 година. Сепак, вкупниот приход на клубот од Премиер лигата се зголеми за 20 милиони фунти, на 614 милиони фунти во сезоната 2023/2024 година, а комерцијалните приходи се зголемиле за 36 милиони фунти, на 308 милиони фунти, објави Би-Би-Си.
Ливерпул соопшти дека административните трошоци значително се зголемиле, а еден пример се платите. Тие трошоци се зголемиле за 38 милиони фунти, на 600 милиони фунти.
Периодот 2023/2024 ја опфати последната сезона на Јирген Клоп како менаџер, во која „црвените“ го освоија Лига купот, завршија на третото место во Премиер лигата и стигнаа до четврт-финалето на Лига Европа и ФА Купот.
Ливерпул се засили со четворица фудбалери за чии трансфери потроши 165 милиони фунти . Станува збор за Алексис Мекалистер, Доминик Собошлај, Ватару Ендо и Рајан Гравенберх.
Спорт
Грег Поповиќ потврди дека ги води Спарс до крајот на сезоната

Тренерот на Сан Антонио, Грег Поповиќ потврди дека нема да го води тимот до крајот на сезоната, како што соопшти клубот пред неколку дена. Тој се уште се опоравува од последиците од благиот мозочен удар.
Оттогаш Сан Антонио го предводи неговиот помошник Мич Џонсон.
„Одлучив да не се враќам на клупата оваа сезона. Мич Џонсон и неговиот тим завршија прекрасна работа, а одлучноста и професионалноста што ја покажаа играчите беа извонредни. Сакам да се фокусирам на моето здравје со надеж дека ќе можам да продолжам да работам во иднина”, рече Поповиќ.
Грег е тренер на Сан Антонио од 1996 година и за тоа време освои пет шампионски титули во НБА.
BREAKING: Spurs head coach Gregg Popovich addressed team today for first time since suffering a stroke to update them on his recovery and to inform that he’s not returning this season, league sources tell me. pic.twitter.com/ECeDWmWjfx
— Chris Haynes (@ChrisBHaynes) February 27, 2025