Македонија
Донев: Системот на правосудство во Македонија е уништен, тоа го докажува и последниот избор за судии
Јован Донев, поранешен амбасадор и универзитетски професор на денешната панел дискусија тема „Извештај на Стејт Департментот:Сериозна владина и судска корупција“ зборуваше за последниот извештај на Стејт Департментот каде посочи дека во тој извештај е отсликана реалната состојба во Македонија каде се покажува есктремната корупција и екстремна злоупотреба на владеење на правото.
-Тоа е стандарден извештај само стандардна форма веќе десетина години ако не и повеќе наназад, се труди да ги нотира состојбите во областа на демократијата и владеењето на правото во сите држави во светот, некои држави го прифаќаат, некои го одбиваат, некои се задоволни, некои не се задоволни. Преку тој извештај се обидуваат да ги фатат големите случаи каде има големо кршење на човековите права или владеењето на правото, немаме нешто повеќе да додадеме или одземеме од тој извештај, реално е отсликана состојбата за Македонија. За разлика од минатата и предминатата година имаме заострување на вордингот, на термините што ги употребуваат, дека имаме екстремна корупција, екстремна злоупотреба на владеење на правото и така натаму, што е факт и го знаеме сите ние. Всушност немаше ни потреба да го чекаме овој извештај, зошто и анкетите јасно тоа го покажаа, рече Донев.
Донев во текот на своето обраќање се осврна и на две важни реченици кои него најмногу го засегнале.
-Она кое мене најмногу ме засегна и имам доста дилеми зошто е тоа така, тоа се само две реченици. Во една реченица зборува дека имаме од страна на социјадемократскиот сојуз екстремна злоупотреба на клиентализмот, полтронство и втората реченица дека ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати реагира на таквата позиција и таквото однесување на социјалдемократскиот сојуз. Ако вие имате клиентализам во една политичка партија, а не само во една политичка партија туку насекаде во Република Македонија и ако имате форсирање на своите членови на партијата или на своите истомисленици во тој случај имате драстично кршење на слобода на убедување и тоа не е нешто што е дозволиво и мислам дека е многу полоша и од корупцијата. Вие не можете некому да не му дозволите да не се вработи затоа што не е член на СДСМ, вие имате ситуација дека не можете ниту помош да добиете, ниту грантови од Министерството за култура или образование, економија и така натаму ако не сте нивни член или нивни симпатизер или нивни член. На тој начин има серозно драстично кршење на човековите права во Република Македонија и тоа е нешто кое мора да го елиминираме. За мене тоа е сериозно прашање и поврзано со ова прашање, ако вие имате мислење или ако имате убедување кое што се спротивни од убедувањата на владејачката гарнитура во Република Македонија, во тој случај не само што се дискриминирани по тој основ, туку ви е дискриминирано правото на потрага по среќа. Луѓето си одат од Македонија, да, не само што Македонија е економски неразвиена, туку затоа што и правото по потрага на среќа ви е скратен, потенцираше тој.
Донев на крај порача дека имате ваков уништен систем на правосудство како што го има Република Македонија нема никаде на друго место, а за тоа е и доказот за избор на судии.
-Вие не можете да имате ваков уништен систем на правосудство како што го има Република Македонија, и тоа е резултат на тоа дека ако вие бирате судии односно бирате студенти што ќе завршат академијата за судии и јавни обвинители по политичка припадност, во тој случај не можете да очекувате да имате делење на правдата. Јас мислам дека ескалацијата на сето ова се случи по потпишувањето на договорот со Преспа, кажа Донев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со температура од 11 до 18 степени
Времето денеска е биде променливо облачно и релативно топло, велат од Управата за хидрометеорологија (УХМР). Претпладне ќе има слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта, првин во западните делови ќе има врнежи од дожд.
На повисоките планини во северозападните делови врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.
Македонија
Независниот полициски синдикат утре организира протестен марш во Битола: За закани за тепање и убивање полицајци се оди во притвор
Независниот полициски синдикат (НСП) утре во Битола организира марш за еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела, без селективен пристап по заканите за тепање и убивање полицајци. Маршот ќе почне во 11 часот со јавен собир пред Основното јавно обвинителство Битола од каде ќе се маршира кон хотел „Епинал“, а ќе заврши на плоштадот „Магнолија“.
„Како одговорен синдикат ќе организираме мирен марш со цел да се актуелизира и јавно да се побара доследно и еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела, без исклучоци и без селективен пристап. Повод за маршот се последните јавни изјави и настани во Битола, во кој поединци се закануваа дека ќе тепаат и убиваат полицајци доколку се обидат да ги спроведат законите, кои повторно ја отворија темата за двојните аршини во постапувањето на институциите кога се работи за полицајци и останати граѓани и создадоа чувство на неправда. Целта на маршот не е насочена против ниту една етничка, социјална или друга заедница, туку е јасен апел и крик за потребата од владеење на правото, каде што законот ќе важи подеднакво за сите, без разлика дали се работи за полицајци, граѓани или институции“, најавија од НСП.
Барањата кои е се упатат од маршот се: еднаков третман пред законот за сите извршители на кривични дела, а не само на полицајците, крај на селективната правда и притвор за сторителите, бидејќи за ваков сличен настан пред само 2 години кој се случи во Прилеп, кога лице се закануваше на обвинителка веднаш беше побарано и определено притвор, барање за итна промена на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и враќање на поранешната глоба која изнесување 1000 евра за омаловажување на државни органи и полициски службеници, наместо сегашните 50, односно 150 евра.
Целта на мирниот марш од НСП велат дека е и враќање на достоинството на полицијата.
Независниот синдикат на полицијата поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола против две лица поради упатени сериозни закани по животот на полициски службеници. Двете лица јавно се извинија за заканите со објаснување дека се заканиле оти биле под стрес.
Македонија
Магла ја намали видливоста до 60 метри на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози соопшти Авото-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ), Намалена видливост поради појава на магла до 60 метри има на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица, на планинскиот премин Стража до 100 метри и кај Маврово до 100 м.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ потстува дека е на сила законската обврска за зимска опрема во возила и препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

