Свет
Расте бројот на повредени во бомбашкиот напад во кој беше убиен воениот блогер, меѓу кои и тројца малолетници
Руската новинска агенција ТАСС јави дека бројот на повредени во експлозијата во кафулето во Санкт Петербург, во која загина воениот блогер Владлен Татарски, се искачи на 40.
Повикувајќи се на службата за односи со јавноста на руското Министерство за здравство, ТАСС наведува дека „според оперативните податоци, поради инцидентот во кафулето во Санкт Петербург, лекарска помош побарале 40 лица, меѓу кои и три малолетници“, пишува „Индекс.хр“.
Во болница се уште се 25 лица, од кои пет тешко повредени.
Татарски загина во експлозија во неделата. Руските власти ја приведоа Дарија Трепова, осомничена за инцидентот дека на Татарски му донела подарок експлозивна направа преправена во фигура.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети
Објавена е снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети.
Централната команда на САД сподели видео клипови од два разурнувачи вклучени во одбраната од ирански ракетен напад врз Израел во вторникот вечерта.
На снимката најмногу се слушаат звуци на сирени во позадина – додека бродовите не отворат оган.
The U.S. Sixth Fleet guided missile destroyers USS Cole (DDG 67) and USS Bulkeley (DDG 84) engaged multiple Iranian ballistic missiles in defense of Israel from the Eastern Mediterranean Sea, October 1, 2024. pic.twitter.com/phN9mMpXMT
— U.S. Central Command (@CENTCOM) October 2, 2024
Свет
Меланија Трамп го поддржа правото на жените на абортус во своите мемоари
Меланија Трамп, сопругата на поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп, ја изрази својата страсна поддршка за правото на жените да го контролираат своето тело, вклучително и правото на абортус, во долгоочекуваните мемоари што треба да се најдат во книжарниците за една недела.
„Императив е да се гарантира дека жените, врз основа на нивните убедувања, имаат автономија да одлучуваат за раѓање на дете, ослободени од каква било интервенција или притисок од владата“, истакна таа.
Меланија Трамп смета дека никој освен самата жена не треба да има моќ да определи што треба да прави со своето тело.
Свет
Привремениот либански премиер Микати: На Либан му треба итен прекин на огнот
Привремениот премиер на Либан, Наџиб Микати, денеска изјави дека на неговата земја и е потребен итен прекин на огнот меѓу Израел и милитантите на организацијата Хезболах и најави дека околу 1,2 милиони луѓе се раселени поради израелските напади.
„Запрете ги борбите. Не ни треба повеќе крв. Не ни треба повеќе уништување“, рече Микати на онлајн конференција организирана од Американската работна група за Либан, непрофитна организација со седиште во САД, пренесува Ројтерс.
Тој нагласи дека „итно е потребно прекин на огнот“.