Црна хроника
Скопјанец со автоматска пушка извршил грабеж во казино во Маџари

Скопјанец со автоматска пушка влегол во казино и од вработените ги одзел парите. Тој претходно играл на автоматите и ги изгубил парите.
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истрага против 27-годишниот скопјанец за разбојништво.
„ На 30 јануари, во казино на улицата „Жан Жорес“ во населбата Маџари, осомничениот со употреба на огнено оружје и сериозна закана дека ќе нападне врз животот и телото на двајца оштетени одзел 22.500 денари.
Откако претходно изгубил парични средства додека играл на ВЛТ апарати, тој излегол од казиното и си заминал, но по кратко време се вратил и од под јакната извадил автоматска пушка. Оружјето го насочил кон оштетените вработени и го репетирал, влегол зад пултот и побарал да му ги дадат парите. Еден од вработените му дал паричен износ од 22.500 денари по што осомничениот си заминал“ соопшти обвиниотелството.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје попладнево достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.