Македонија
(Видео) Огнената група: И официјално сме фракција на ДУИ
Огнената група на ДУИ од денеска и официјално ќе функционира како фракција на ДУИ, ова членовите на таа група го соопштија на денешната прес-конференција.
„Денеска, стоиме пред вас како фракција на ДУИ и наша обврска е да бидеме неоспорен глас на сите Албанци и тој глас нема да го замолчи никој“, беше потенцирано на прес-конференцијата од страна на членството на огнената група.
Во ДУИ, како што потенцираа, постојат двојни стандарди за дебата и одлучување. „Нашиот предлог за гласање недоверба на министрите во власта беше одбиен. Органите на ДУИ не функционираат според статутот, партиските органи не постојат. Политичките одлуки се прават исклучиво од страна на министрите на ДУИ“, велат „огнените“.
Целта со фракцијата, како што појаснуваат, е да се добие битката внатре во ДУИ затоа што досега, како што истакна Меџити, се позитивно прифатени од страна на граѓаните.
На прашањето за оспорувањето на фракцијата од страна на Али Ахмети, лидерот на ДУИ, Меџити рече дека ДУИ промовира европски вредности и затоа смета дека нивната фракција не треба да се оспорува.
„Сега е моментот да има фракција и не знам од кои причини Ахмети рече дека нема да го дозволи тоа. Фракциите се европски вредности и тие тоа го промовираат“, рече Меџити.
Одговарајќи на прашањето дали со ваквиот чекор може да бидат казнети и исклучени од ДУИ, Блерим Беџети рече дека други треба да ја понесат вината или казната за настанатата ситуација.
„Објаснивме зошто дојде до оваа ситуација. Клучниот орган во партијата – централното претседателство – не беше консолидирано речиси три години и од тука почнаа сомнежите дека органите на партијата се узурпирани од страна на министрите на ДУИ. До оваа ситуација е дојдено поради узурпаторите и непочитување на статутот на партијата“, нагласи Беџети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба, меѓу нив Ѓорѓиевски и Арсовска, соопшти Комисијата за спречување на корупцијата
Државната комисија за спречување на корупцијата, согласно со член 17 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси ја евидентира и следи имотната состојба и интересите.
Согласно со член 82 став 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси сите избрани градоначалници на Локалните избори 2025 година имаат обврска, најдоцна во рок од 30 дена од денот на изборот, да поднесат изјава за имотна состојба и интереси, информираат од таму.
Потенцираат дека согласно со член 82 став 3 од наведениот закон, по престанокот на функцијата градоначалник, истите имаат обврска да поднесат изјава за имотна состојба.
„ДКСК изврши проверка во регистерот на имотна состојба и интереси и ја констатира следната состојба:
– 35 лица по престанок на функцијата – градоначалник, немаат поднесено изјава за имотна состојба и интереси и
– 19 лица по изборот на функцијата – градоначалник, немаат поднесено изјава за имотна состојба и интереси,
за кои ќе иницира постапки согласно закон, со издавање прекршочен платен налог.
ДКСК ќе ја следи состојбата и за сите наведени лица, кои и понатаму нема да ја исполнат законската обврска за доставување изјави, ќе иницира постапки за проверка на нивната имотна состојба и интереси“.


(Табели со лица кои немаат поднесено изјава за имотна состојба и интереси според ДКСК)
Македонија
(Видео) Петрушевски: Каде завршиле 2 милиона евра од „Лотарија“, пари на граѓаните украдени од СДС и ДУИ
ДЗР по извршената ревизија во Лотарија, за периодот на работа на раководството поставено од СДС и ДУИ, утврдило нереални и неоправдани сметководствени записи за нелогични трансакции во износ од близу 2 милиони евра, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„2 милиони евра Перпарим Бајрами и Артан Груби, ги фалсификувале, злоупотребиле или прикриле. Сето ова, се случувало додека СДС биле со тилот свртени кон криминалот и немо одобрувале.
Јавноста заслужува одговори, дали СДС и ДУИ го дозволиле првиот од многуте криминали во Лотарија од 2 милиони евра? На кои сметки завршувале овие пари? Со кое право СДС го прикривал криминалот на кадарот на ДУИ? И зошто ЈО толку време немало постапено иако ние јавно баравме одговорност и за други предмети поврзани со Лотарија?
Ете како СДС и ДУИ ги раководеа државните институции, ги исцицаа буџетите, и ги испокрадоа парите, ги уништија претпријатијата“.
Затоа, како што нагласува Петрушевски, одговорност мора да има, а сега, како што вели, го нема Коцевски да ги штити.
Македонија
(Видео) Костовски: Дали Митевски чека трагедија за да го затвори „Зимзоленд“
И покрај утврдените неправилности и отворениот предмет во Јавното обвинителство за општа опасност, „Зимзоленд“ во Општина Аеродром и понатаму работи, реагираат од Левицата.
„Наместо итна реакција, градоначалникот се крие зад процедури и рокови и ја префрла одговорноста. Во меѓувреме, безбедноста на граѓаните, а пред сè на децата, е занемарена“, иостакна Горан Костовски, советник од Левица на прес конференција.
Според него законот е јасен: кога постои опасност, објектот мора веднаш да се затвори. „Но очигледно, како што вели, за градоначалникот Митески ова не важи.
„И покрај констатираните пропусти од повеќе инспекции, Градот Скопје и јавните предупредувања, досега нема ниту една конкретна мерка за затворање или отстранување на опасните реквизити“, рече тој.
Советниците од Левица јавно побараа општината да делува, но како што велат добиле само празни уверувања дека „процедурата е во тек“.
„Прашањето е едноставно: дали институциите ќе реагираат навреме или повторно ќе чекаат трагедија за да преземат одговорност?“, истакнува Костовски.

