Црна хроника
Корисник на инвалидска пензија се заканувал на А1 Телевизија

Министерството за внатрешни работи соопшти денеска дека ги расчисти пријавените закани кои преку електронска пошта стигнале на адреса на Телевизија „А1“
По претходно преземени мерки и направени проверки од страна Одделот за компјутерски криминал, утврдена е интернет адресата и местото од каде што се испраќани пораките.
Како автор на пораките е идентификуван И.М.(56) од Охрид, кој воопшто не се обидел да користи лажен идентитет при испраќањето на пораките. Кај И.М. кој живеел сам и е корисник на инвалидска пензија, со судска наредба е извршен претрес, а при претресот не е пронајдено никакво оружје или експлозиви со кои би можел да ги оствари заканите. Со судска наредба е одземен компјутерот, а И.М. е повикан на разговор во СВР Охрид.При извршениот разговор И.М. не негирал дека ги испратил пораките, појаснувајќи дека тоа го сторил револтиран од ставовите на телевизијата без намера да ги реализира.
Од извршените проверки утврдено е дека против И.М. досега воопшто не се поднесувани никакви кривични пријави и дека истиот не и е познат на полицијата.По целосно комплетирање и документирање на случајот, а во консултација со надлежниот Јавен Обвинител против И.М. ќе биде процесуиран соодветен поднесок.На адресата на А1 Телевизија почнале да стигнуваат смртни закани за новинарите по одржувањето на симулацијата на преговорите со Грција за името, минатиот викенд во Охрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Поранешен дечко со оружје дошол пред домот на девојка во Гевгелија, полицијата го спречила

Полицијата во Гевгелија денеска спречи обид за убиство на девојка од нејзиниот поранешен партнер.
Според информациите на Министерството за внатрешни работи, 25-годишната М.П. од Гевгелија пријавила дека на нејзината влезна врата тропале нејзиниот поранешен партнер Ј.Г., кој користел отсуство од затвор, заедно со Л.Г.
Од пријавата произлегува дека двајцата се заканувале, а младата девојка слушнала и репетирање на огнено оружје.
Полициските службеници веднаш излегле на местото на настанот и извршиле преглед. Во ормарот за чевли бил пронајден пиштол без рамка. При извршеното алкотестирање кај поранешниот партнер биле измерени 3,3 промили алкохол во крвта.
Двајцата биле приведени, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.
Црна хроника
Со тврд предмет ги нападнал сопругата и малолетната ќерка: уапсен скопјанец

Синоќа во 20:30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 39-годишник од Скопје.
Полицијата постапила по претходна пријава од неговата 42-годишна сопруга дека во семејниот дом, физички ги нападнал неа и нивната малолетна ќерка, при што употребил и тврд предмет.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Ги претепал двете сестри: кривична за 19-годишник од Тетовско

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 19-годишник од тетовско село.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Имено на 09.08.2025 во семејниот дом, пријавениот физички ги нападнал двете негови сестри, од кои едната е малолетничка.