Европа
Тајани: Балканот не може веќе да чека

Балканот не може повеќе да чека, вели италијанскиот министер за надворешни работи и потпретседател на Советот на министрите, Антонио Тајани, во авторски текст за српски „Блиц“. Тој пишува дека заедно со министрите за надворешни работи на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, како и Шведска, која претседава со Советот на ЕУ, и со комесарот за проширување и соседска политика, разговарале како да се направи поконкретен процесот на европска интеграција на овој регион.
„Од дискусијата произлезе потребата од заедничка работа на интеграција во механизмите и институционалниот живот на Европската Унија од почетните фази на преговарачкиот процес, особено во клучните сектори, како енергетиката и дигиталната транзиција, инфраструктурата, образованието и истражувањето. Некои од моите колеги рекоа: „Сакаме да помогнеме во поставувањето на фазите на ова патување, а не само да ги следиме“, вели Тајани.
Тој нагласи дека го поддржува овој пристап, кој мора да ги вклучи сите шест земји во креирањето на следните фази од процесот на интеграција.
„Она што го бараат земјите од Западен Балкан не е попуст на реформите што треба да ги усвојат за да влезат во Европската Унија. Бараат сигурност за процесот, роковите и, пред сè, конечниот резултат. Навистина можев да ја почувствувам нивната фрустрација од процесот на интеграција, кој во последните години станува сè понестабилен благодарение на честото бирократско толкување на динамиката на преговорите од страна на Европската Унија. На овој начин се заборава извонредната трансформативна вредност што ја има процесот на интеграција за институциите и граѓанското општество на овие земји. Европскиот сон ризикува да стане илузија за сите нив“, вели Тајани.
Италијанскиот министер потенцира дека средбата во Рим послужила веднаш да се дадат конкретни одговори.
„Јас сум оптимист за резултатите што може да се постигнат бидејќи ја видовме подготвеноста на сите да работиме заедно, да изградиме синергија, што може да му обезбеди на регионот иднина на мир и просперитет работејќи на рушење на бариерите што го ограничуваат слободното движење на луѓето, стоки, услуги и капитал, со цел да се постигне заеднички регионален пазар како прв чекор кон интеграција на единствениот пазар на ЕУ. Имаме заеднички предизвици со Балканот, а кои исто така бараат заеднички одговори: енергетска транзиција, поддршка за раст и вработување, борба против нерегуларната миграција“, истакна Тијани.
Тој додаде дека Италија има намера да развие повеќедимензионална акција кон Балканскиот Регион.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Украина разнесе руски брод што превезувал иранско оружје

Украинските специјални сили извршија напад врз руското пристаниште Оља во регионот Астрахан погодувајќи брод што превезувал делови од беспилотните летала „Шахед“ и иранска муниција. Се сомнева дека украинските беспилотни летала истовремено нападнале рафинерија за нафта во регионот Самара, објавува „Киев пост“.
Според соопштението од Генералштабот, нападот е извршен во четвртокот во соработка со Силите за специјални операции и други единици на одбранбените сили со цел да се намали способноста на Русија да спроведува воздушни напади.
Пристаништето Оља е еден од клучните логистички центри за увоз на воена опрема од Иран. Бродот „Порт Оља 4“, кој наводно превезувал делови за беспилотни летала и муниција, бил погоден. Процената на штетите е сè уште во тек.
Рано утрово беспилотни летала од Краснодар нападнаа рафинерија во градот Сизран во регионот Самара. Мештаните пријавија до 10 експлозии од 4 часот наутро, а снимки и фотографии од пожар во објектот се појавија на „Телеграм“. Руските власти сè уште не ја потврдија штетата.
Украина официјално не коментира до моментот на објавување.
Руското Министерство за одбрана тврди дека неговата воздушна одбрана соборила 53 украински беспилотни летала преку ноќ.
фото: принтскрин
Европа
Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Тој рече дека тоа ќе биде приватна средба, со преведувачи, за време на која ќе се дискутираат чувствителни прашања.
Централна тема на состанокот ќе биде решавањето на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за трговската и за економската соработка, рече Ушаков.
Средбата ќе почне во 11.30 часот по локално време, а времетраењето на разговорите ќе зависи од тоа како ќе се одвива дискусијата, рече Ушаков.
На крајот од самитот двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Трамп и Путин ќе имаат и поширок состанок со делегациите и работен појадок, објави „Скај њуз“.
Европа
(Видео) Зеленски пристигна на средбата со британскиот премиер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на Даунинг стрит, каде што беше пречекан од британскиот премиер Кир Стармер, објави „Скај њуз“.
Даунинг стрит не даде многу детали за темите на нивните разговори, но средбата се случува само еден ден пред американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска за да разговараат за прекин на огнот во Украина.
BREAKING: Volodymyr Zelenskyy arrives at Downing Street and is greeted by Sir Keir Starmer.
The meeting comes just a day before Donald Trump meets Vladimir Putin in Alaska to discuss a ceasefire in Ukraine.https://t.co/rrfAtUSjPC
📺 Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/tk9jzCellw
— Sky News (@SkyNews) August 14, 2025
Двајцата мажи се прегрнаа и се ракуваа игнорирајќи ги прашањата од новинарите пред да влезат внатре, објави „Скај њуз“.
фото: принтскрин