Македонија
Шест партии и три институции испратија претставници за уставните измени, министерот за правда ги објави имињата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/337109114_499061819107028_6246233922935267658_n.jpg)
До Министерството за правда, до истекот на рокот (10.4.2023), пристигнати се следните предлози од парламентарните политички партии за членови во работната група за уставните измени:
Цветанка Иванова – СДСМ
Арбр Адеми – ДУИ
Ремзи Мехмеди – Алијанса за Албанците
Соња Мираковска – НСДП
Нано Ружин – ЛДП
Христа Најданов – ДОМ
Темелко Ристески – Партија на пензионерите
Раметула Куќи -ДПА
Еран Куртиш – Партија за движење на Турците
Бејџан Илјас – Демократска партија на Турците
Пристигнати предлози од институции:
Александар Спасов – Кабинет на претседателот на Република Северна Македонија
Драган Тилев – Секретаријат за европски прашања
Шпенд Садики – Министерство за надворешни работи
Експертите што ќе бидат дел од работната група за подготовка на уставните измени ќе се соопштат до крајот на неделава, велат од Министерството.
„Ве информираме дека ова работно тело е формирано од Министерството за правда, кое е задолжено од Владата да ја подготви предлог-иницијативата за потребата од уставните измени. Владата е предлагач на уставните измени. По подготвувањето на измените, предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието. Паралелно ќе се одржуваат и стручни јавни расправи, на кои експерти, партии, граѓански организации и други институции ќе може да ги кажат своите ставови“, стои во соопштението од Правда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Мисајловски во посета на Командата за операции
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/misajlovski-1.jpg)
Министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска беше во посета на Командата на операции во Касарната „Боро Менков“ во Куманово, каде оствари средба со командантот, бригадниот генерал Бесник Емини, началникот на штабот бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски и најодговорните офицери во командата.
За време на денешната посета министерот Мисајловски беше брифиран за мисијата и задачите кои ги остварува оваа команда, главниот двигател на Армијата во чиј состав се најголемиот број на армиски единици од сите родови и служби кои заеднички придонесуваат за заштитата на територијалниот интегритет и суверенитет на државата и во операции за поддршка на мирот и безбедноста предводени од НАТО, Обединетите нации и Европската Унија.
Министерот Мисајловски на денешниот брифинг упати огромна благодарност до сите припадници на командата за сето она што го направиле досега и порача максимално ќе ги поддржи сите активности и потреби кои ги има оваа Команда и единиците од нејзиниот состав.
„Сакам да ги запознам нашите припадници, чувари на мирот и безбедноста од блиску, да се запознам со вашите потреби и состојби и да направиме се што е потребно вашата работа да ја извршувате беспрекорно. Во мене имате сојузник на кој можете да се потпрете“, порача министерот Мисајловски.
На денешниот брифинг министерот Мисајловски беше брифиран за идните чекори на Командата за операции, опремување и модернизација, обуката и вежбите и прифаќањето и имплементацијата на НАТО стандардите.
Македонија
Тошковски: Справувањето со илегалната миграција и останатите форми на прекуграничен криминал се еден од нашите главни приоритети
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/2-6.jpg)
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој учествува на министерската конференција во рамки на Салзбуршкиот форум денеска имаше свое обраќање, во кое истакна дека стратешки приоритет на нашата држава е интеграција во европското семејство.
„Од наша страна ќе бидат вложени максимални напори за обезбедување на неприкосновено владеење на правото, спроведување на законите и зајакнување на правната држава“, рече министерот Тошковски.
„Миграциските текови долж т.н. Источно-Медитеранска рута и понатаму се еден од главните предизвици на Министерството за внатрешни работи. Во таа насока управувањето и зајакнувањето на границите, справувањето со илегалната миграција, како и останатите форми на прекуграничен криминал се еден од нашите главни приоритети, но во исто време и еден од нашите предизвици“, потенцираше министерот Тошковски.
Министерот Тошковски нагласи дека клучна активност на нашиот пат во одржливото управување со миграциите на Западен Балкан е зацврстувањето на меѓународната доверба, зголемена размена на информации, заеднички пристап, координација и соработка кои се главен предуслов за успешно справување со предизвиците на управување со миграциите.
Македонија
ЦУК: Извлечена e екипата на брзата помош која беше заглавена во лифт, имаат повреди
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/brza-pomos.jpg)
ЦУК информира дека е извлечена екипата на Брзата помош која беше заглавена во лифт на зграда во скопска Кисела Вода.
Од таму додаваат дека лицата имаат повреди.
Претходно ЦУК соопшти дека во 11:22 часот на 112 била добиена пријава за заглавена екипа на Итната медицинска помош од Скопје, во лифт во подрумски дел од зграда на ул. Христо Татарчев бр.47, Кисела Вода, Скопје.
Иако според првичната информација беше наведено дека заедно со екипата бил и пациент, подоцна ЦУК соопшти дека во лифтот немало пациент, туку екипата на Брзата помош била во зградата на констатација на смрт.
„Лифтот паднал најмалку од приземје во подрум. Во него имало екипа на итната медицинска помош, најмалку 4 лица биле во лифтот во моментот на падот.
Пациент немало, екипата била на констатација на смрт. Лицата се извлечени и имаат повреди“, се појаснува во информацијата од ЦУК.