Свет
78-годишна старица од САД третпат ограбила банка

Полицијата во Мисури соопшти дека пензионерката Бони Гуч е уапсена во врска со нејзиниот трет грабеж на банка.
Гуч влегла во банката „Гоперт“ и ѝ дала белешка на вработена на шалтер, од која барала илјадници долари во готовина.
Гуц веќе има две пресуди за грабежи на банки зад себе. Последниот пат кога организирала грабеж во 2020 година нејзиниот син рекол дека излегла од куќата лута, а му оставила порака дека ќе ограби банка. „Извини, не сакав да те исплашам“.
Бони Гуч сега е во затвор, а нејзината кауција е одредена на 23.000 долари.
Bonnie Gooch (78) is facing bank robbery charges for the third time in her life this week. The first was in 1977. This time she handed over a robbery note demanding 13,000 small bills, adding ‘thank you sorry I didn’t mean to scare you’. At least she was polite about it. Pleasant… pic.twitter.com/Pm2mtwf9np
— Rose (@901Lulu) April 10, 2023
Носејќи црна маска N95, црни очила за сонце и гумени ракавици, таа влегла во банката минатата среда и на вработената на шалтер ѝ подала белешка на која пишувало „Предајте 13.000 долари во мали апоени“, според судските документи до кои дојде „Канзас сити стар“.
Надзорната снимка покажува дека Бони Гуч удира на шалтерот во еден момент наредувајќи им на вработените побргу да ги предадат парите, соопштија обвинителите.
Полицајците од полициската управа одговориле на повиците за грабеж и ја нашле Бони Гуч во свпето возило „наполнето со алкохол“, со готовина расфрлана на подот.
„Кога полицајците првпат ѝ пријдоа, беа некако збунети… Излезе малата старица“, изјави началникот на полицијата, Томи Рајт, за „Канзас сити стар“.
„На почетокот не бевме сигурни дека ја имаме вистинската личност“.
Првиот грабеж на банка на Бони беше во Калифорнија во 1977 година, а вториот во 2020 година, каде што наводно на вработена на шалтер ѝ подала роденденска честитка, на која пишува „Ова е грабеж“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.
Свет
Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации. Во последното соопштение се наведува дека 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција поради тешка неухранетост.
Според Министерството за здравство во Газа, само вчера починале уште девет лица од глад, со што бројот на жртви од неухранетост од почетокот на конфликтот достигна 122.
Израел, кој го контролира влезот на сите залихи во Газа, повторува дека не постои блокада и ја обвинува Хамас за лошата распределба на ресурсите.
Меѓународната заедница, вклучувајќи ги Германија, Франција и Велика Британија, побара итно олеснување на влезот на помошта, а генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш остро ја осуди „рамнодушноста и недостигот на човечност“ во глобалниот одговор на кризата.