Свет
(Вознемирувачко видео) Се шират снимки од обезглавување војник во Украина
Видео на кое се гледа како руски војници му ја отсекуваат главата на украински затвореник стана вирално на социјалните мрежи. На видеото се гледа како руски војник со нож му го сече вратот на украински затвореник за да го обезглави.
На тоа реагира и врвот на украинската влада. Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, меѓу другите, реагира на видеото барајќи исфрлање на Русија од Обединетите нации.
A horrific video of Russian troops decapitating a Ukrainian prisoner of war is circulating online. It’s absurd that Russia, which is worse than ISIS, is presiding over the UNSC. Russian terrorists must be kicked out of Ukraine and the UN and be held accountable for their crimes.
— Dmytro Kuleba (@DmytroKuleba) April 12, 2023
„На интернет кружи страшна снимка од руски војници како обезглавуваат украински воен заробеник. Апсурдно е Русија, која е полоша од ИСИС, да претседава со СБ на ОН. Руските терористи мора да бидат протерани од Украина и ОН и да одговараат за нивните злосторства“, напиша Кулеба на „Твитер“.
Russian soldier is recorded enjoying cutting off head of 🇺🇦 war prisoner. Proving their beast nature and convincing world of RF’s bloodthirstiness once again…
Perhaps “peacemakers” who cynically suggest “exchanging land for peace” will finally feel the true sense of “Ru-world”? pic.twitter.com/9cGP2b09fg— Михайло Подоляк (@Podolyak_M) April 12, 2023
На видеото на „Твитер“ реагира Михајло Подољак, советник на претседателот Володимир Зеленски.
„Руски војник е снимен како ужива додека му ја отсекува главата на украинскиот воен заробеник. Уште еднаш ја докажуваат својата ѕверска природа и го убедуваат светот во руската крвожедност. Можеби „миротворците“, кои цинично предлагаат „замена на земја за мир“, конечно го чувствувате вистинското значење на рускиот свет?“, напиша Подољак.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Трагедија на забава, еден загинат откако рачна бомба експлодирала во раката на 25-годишно момче во Хрватска
Забава во подрум во Книн во Хрватска завршила со експлозија на рачна граната. Загина 25-годишен маж, а тешко се повредени двајца млади на возраст од 25 и 23 години, една девојка на 21 година и еден малолетник.
Полицијата во саботата во 23 часот добила дојава дека ескплодирала непозната експлозивна направа. По увидот било утврдено дека се работи за рачна граната М-75.
„Од спроведените увиди е откриено дека повредениот 25-годишник од спалната соба од станот што го користел за време на забавата донел рачна бомба М-75 и ја предал на друг 25-годишник. Поради нестручно ракување дошло до несакано активирање на рачна бомба во раката на починатиот 25-годишник“, се вели во полициското соопштение.
Полициски службеници ја продолжуваат кривичната истрага за утврдување на околностите за набавката и поседувањето на споменатата минска експлозивна направа.
Европа
Снежната бура остави без струја околу 33.000 домаќинства во Франција
Околу 33.000 домаќинства останаа без струја вчера во Франција, главно во Нормандија и долж реката Лоара на запад, поради бурата Каетано што го зафати регионот, соопшти компанијата „Енедис“, која управува со електричната мрежа.
„Во 13 часот 33.000 домаќинства останаа без струја“, соопшти мрежата, додавајќи дека најпогодени домаќинства се во Нормандија (15.000 домаќинства) и околу реката Лоара (12.000 домаќинства).
Невремето предизвика прекини на многу сообраќајни правци, а влијаеше и на железничкиот сообраќај.
Мобилизирани се 2.200 техничари за да ги отстранат нарушувањата и да обезбедат електрична енергија, по налетот на бурата што предизвика врнежи од снег и брзина на ветер до 130 километри на час.
Свет
Близу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади
Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради, објави агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), повикувајќи се на Канцеларијата за човекови права.
УНРВА соопшти дека во нападите на израелските сили продолжуваат да се уништуваат станбени згради во опколената палестинска енклава, со што се зголемува бројот на цивилни жртви, пренесува Ал Џезира.
Исто така, се вели дека 90 отсто од населението, околу 1,9 милиони луѓе се внатрешно раселени и дека многу од нив морале да се преселат 10 или повеќе пати, бегајќи од израелските напади.