Контакт

Наука

Русин ќе потроши 100 милиони долари за да пронајде вонземјани

Објавено пред

Рускиот милијардер Јури Милнер вети дека ќе вложи 100 милиони долари во истражување на вселената, со надеж дека можеби ќе наиде на сигнали за постоење на интелигентен живот некаде во вселената.

dobivaj vesti na viber

„Тоа е најинтересно технолошко прашање на денешницата“, рече Милнер во интервју, додавајќи дека со тоа прашање станал фасциниран по читањето на книгата „Интелигентен живот во вселената“ од Карл Саган, како десетгодишно дете во Москва.

Средствата што ќе ги финансира во овој проект ги заработил со мудро инвестирање во повеќе стартапови, како Facebook Inc. Мотивација за истражување на вселената му е убедувањето дека другите цивилизации можат да нè научат како да се носиме со предизвиците, како користењето на природните ресурси.

„Ако сме сами, мора да го цениме она што го имаме на Земјата. Тоа значи дека немаме резерви во вселената“, рече Милнер

Научниците тврдат дека неговиот проект убедливо ги надминува сите останати на тоа подрачје. На потрага по вонземен живот се троши околу два милиони долари годишно ширум светот, рече Дан Вертхимер, еден од советниците на Милнер и астрофизичар што соработува со универзитетот Калифорнија на Беркли.

Благодарејќи на подобрената технологија, 100 милиони инвестирани долари значи многу повеќе отколку што тоа беше случај во 90-десеттите, а научниците можат истовремено да следат неколку милијарди радиофреквенции, во споредба со неколку милиони колку што можеле во 90-десеттите.

Сите сигнали што ќе ги регистрираат се всушност испратени пред неколку години, во најдобар случај, а можно е и пред неколку векови или столетија. Имено, на радиосигналот потребни му се четири години да го мине патот меѓу Земјата и најблиската ѕвезда вон Сончевиот систем. За десет години научниците на Милнер ќе можат да слушаат сигнали во Млечниот пат, но и од 100 најблиски галаксии.

Најголем трошок му е резервацијата на радио телескопот, како оној во австралиската опсерваторија Паркс во Нов Јужен Велс и Радио Астрономи Опсерваторија во Грин Бенк во Западна Вирџинија. Милнер има намера да ги резервира на два месеца годишно, што е одлична вест за научниците кои инаку можеа да ги користат телескопите само двапати годишно.

Тимот научници ги предводи Питер Вореден, кој од почетокот на годината управуваше со истражувачкиот центар Ames на НАСА. Тие ќе ги организираат сигналите што ќе ги пронајдат, ќе ги објавуваат податоците и ќе трагаат по обрасци во нив. Целта на истражувањето е да се одреди дали сигналите дошле од интелигентен облик на живот или станува збор за природни феномени. Научниците се убедени дека тоа што луѓето го откриле радио сигналот, значи и дека и другите го користат.

„Тоа нема да ни каже ништо за некоја цивилизација, но ќе ни каже дека таа постои“, рече Франк Дрејк, кој со Саган ја испрати првата порака во вселената во 1972 година.

Покрај радио сигнали, научниците ќе бараат и светлосни сигнали со помош на телескопот во Опсерваторијата Лик во Калифорнија.

Својата иницијатива Милнер ја претстави во Лондон, опкружен со научници како Стивен Ховкинг, кој е еден од советниците во проектот. /крај/мф/ст

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Наука

Седум милиони луѓе во светот годишно умираат како последица на загадениот воздух – што не смее да правите?

Објавено пред

Дури седум милиони луѓе во светот, односно двојно повеќе од алкохолизам и пет пати повеќе од сообраќајни несреќи, годишно умираат како последица на загадениот воздух, покажуваат проценките на Светската здравствена организација (СЗО).

dobivaj vesti na viber

Загадениот воздух буквално го напаѓа целото човечко тело

Лекарите укажуваат дека загадениот воздух ги загрозува речиси сите витални системи на човечкото тело и буквално го „напаѓа“ секој орган. Околу една петтина од смртните случаи од мозочен удар, срцев удар и коронарна артериска болест се предизвикани од загаден воздух, а исто така предизвикува аритмија, конгестивна срцева слабост и покачен крвен притисок.

Во извештаите на СЗО се наведува и дека е поврзан со рак на белите дробови, мочниот меур, дебелото црево, бубрезите и желудникот, како и со леукемија кај децата. Тоа му штети на когнитивниот развој на децата, а кај постарите луѓе го зголемува ризикот од деменција или смрт од Паркинсонова болест.

Зошто се толку штетни ПМ честичките?

ПМ честичките се мешавина од прашина, чад и саѓи, создадени од комбинираното влијание на греењето, индустријата и сообраќајот и содржат тешки метали како никел и арсен.

Што не смеете да правите кога загаденоста на воздухот е висока?

1. Не отворајте ги прозорците од домот кога квалитетот на воздухот е оценет како „загаден“ или „многу загаден“, што е во утринските, доцните попладневни и раните вечерни часови.

2. Во оние периоди од денот и воопшто во периоди кога воздухот е претерано загаден, не носете надвор доенчиња, мали деца и деца кои веќе имаат респираторна инфекција.

3. Излегувањето надвор со висока загаденост на воздухот треба да избегнуваат и бремени жени, пациенти со хронична астма и хронична опструктивна белодробна болест.

4. Не вежбајте на отворено и воопшто избегнувајте ги сите спортски или рекреативни активности, од пешачење до трчање, бидејќи за време на вежбањето бројот на вдишувања се зголемува меѓу 40 и 60 во минута, па затоа поголеми количини загаден воздух влегуваат во респираторниот тракт.

5. Не применувајте физичка активност во области со многу сообраќај и во области од секторот за топлинска енергија.

Што да направите кога загаденоста на воздухот е висока?

1. За почеток, пред да излезете надвор или да планирате да излезете надвор, дознајте го моменталниот квалитет на воздухот. За овие цели, на вашиот телефон можете да инсталирате голем број апликации кои го мерат загадувањето на воздухот во реално време.

2. Проветрувајте ги просториите на домот неколку пати во текот на денот и за тоа изберете ги периодите кога се очекува концентрацијата на загадувачи во воздухот да биде најмала, што е приближно помеѓу 11 и 15 часот.

3. Користете домашни прочистувачи на воздух.

4. Користете климатизери кои имаат соодветни филтри или се дизајнирани да не го вовлекуваат надворешниот воздух во дневната соба.

5. Користете природни средства за прочистување на воздухот во домаќинството, како што се растенијата.

6. Доколку навистина останувате надвор во периодот на зголемено загаденост на воздухот, правете почести паузи во движењето и дишете плитко.

7. Избегнувајте прометни улици и патишта каде што концентрацијата на загадувачи во воздухот е поголема поради издувните гасови од возилата.

8. Користете специјални маски за филтрирање за ПМ честичките, бидејќи обичните хируршки маски не помагаат.

9. Што се однесува до исхраната, лекарската препорака е во областите со прекумерно загадено воздух да се јаде храна богата со витамини Б, витамини Ц и Е и омега-3 масни киселини, што е поврзано со антиоксидантните и антиинфламаторните својства на овие состојки.

Прикажи повеќе...

Наука

Студија открива зошто зевањето е „заразно“

Објавено пред

Многумина претпоставуваат дека проѕеваме за да се обидеме да внесеме повеќе кислород во телото – така веруваат научниците долги години. Таа теорија, сепак, е отфрлена.

dobivaj vesti na viber

„Зевањето се состои од широко отворање на устата и максимално проширување на вилицата, проследено со длабоко вдишување и бавно издишување“, објаснува д-р Рејан Сагир од Велика Британија и додава дека овој секојдневен феномен сè уште не е целосно научно објаснет и разбран.

Најчудниот детал за проѕевањето е неговата „заразност“. Има многу студии на оваа тема, па има и некои објаснувања зошто мораме да зеваме кога гледаме како некој друг се проѕева. Објаснувањето лежи во психологијата, а постојат тврдења дека „само психопатите не зеваат кога тоа го прави некој друг во нивната околина“.

Многу луѓе претпоставуваат дека зеваме за да се обидеме да внесеме повеќе кислород во телото – така веруваа научниците до крајот на минатиот век, но по експериментите објавени во 1987 година, таа теорија беше отфрлена, бидејќи немаше докази за никаква корелација, пренесува realsimple.com.

„Како што се уморуваме, особено кога гледаме неинтересни или неинтерактивни повторувачки содржини како предавања, нашето тело го користи зевањето како средство за будење. Истражувањата покажаа дека ова е точно, бидејќи отчукувањата на срцето се зголемуваат по проѕевањето, достигнувајќи врв за 10 до 15 секунди“, вели д-р Сагир.

Зевањето е поврзано и со ладење на мозокот, поради што се проѕеваме почесто кога температурата се зголемува.

„Кога мускулите на лицето се опуштаат, тоа овозможува губење на топлина низ вените на лицето и влегување на ладен воздух, што помага да се намали температурата на мозокот“, пренесува 24sata.

Причината зошто зевањето е заразно е емпатијата

Според истражувачите, најверојатната причина зошто зевањето е заразно е емпатијата.

„Како што стареат луѓето го подобруваат својот психосоцијален и невролошки развој, па туѓото зевање станува еден вид знак дека и тие треба да зеваат. Овој феномен е познат како феномен на ехо, а се јавува и кај шимпанзата и кучињата“, вели др. Сагир и додава:

„Не е само зевање тоа што несвесно се копираме еден од друг“

На пример, секој ден автоматски, несвесно имитираме туѓи зборови (ехолалија) или постапки (ехопраксија), се со цел подобро да се вклопиме. Таквото однесување е сосема природно, бидејќи нашиот мозок е програмиран на тој начин – да ги копира луѓето со кои сме опкружени.

„Истражувањата покажаа дека зевањето предизвикува „огледални неврони“ во еден дел од мозокот, но овој одговор е ограничен на целосно развиен мозок. Како ментално здрави возрасни луѓе, нашиот психосоцијален развој ќе нè натера да зеваме кога некој друг го прави тоа. Кај луѓето кои не се развиени добро и правилно ментално, не се гледа заразното дејство на проѕевањето“, забележува британскиот лекар.

Ги „копираме“ зевањата на луѓето за кои се грижиме

Некои студии покажуваат дека децата, чиј мозок се уште се развива, зеваат само кога се уморни, но не и кога некој го прави тоа покрај нив. Освен тоа, студиите покажаа дека повеќе сме склони да го копираме зевањето кога тоа го прават луѓе за кои се грижиме, со кои сме блиски.

“На пример, ако некој член од семејството зева, поголема е веројатноста да зеваме отколку кога некој што не го познаваме зева. Ова се случува токму поради емпатијата кога несвесно сакаме да ги пресликаме постапките на саканите”, вели д-р Сагир.

Прикажи повеќе...

Наука

Кометата која милиони години патувала до Земјата ќе биде видлива со голо око во октомври

Објавено пред

Kометата Ц/2023 А3, позната како Цушиншан-АТЛАС, ќе се појави на небото следниот месец. Новооткриената комета поминува покрај Земјата и луѓето во јужната хемисфера веќе имаат можност да видат комета која патувала милиони години за да стигне до нас.

dobivaj vesti na viber

Таа би можела да биде светла како Венера, со што би била една од најсветлите комети во северната полутопка во последните 100 години.

„Изгледите се одлични дека ќе имаме визуелно импресивен вечерен приказ во средината на октомври. Доколку времето дозволува, кометата ќе биде видлива во целата северна полутопка. Дури и градските светла нема да ја придушат“, изјави Шјиченг Џанг од опсерваторијата „Лоуел“ во Аризона.

Кометата првпат била забележана од кинеските астрономи во јануари лани и ова ќе биде првпат луѓето да ја видат.

„Кометите како Ц/2023 А3 се големи правливи ледени топки и кога ќе почнат да се приближуваат до сонцето, тие се загреваат и испуштаат гасови и прашина и така се создава она што изгледа како опашка на кометата“, кажа Пол Дилејни, почесен професор по физика и астрономија на универзитетот Јорк во Торонто.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

СДСМ избира ново раководство

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денес ќе го одржи 30. партиски Конгрес, на којшто ќе биде избрано новото партиско раководство. Со...

Свет2 часа

Романците денес на избори, се зголемуваат шансите за победа на обожавателот на Трамп и противник на Украина

Романците гласаат во првиот круг од претседателските избори денес, а загриженоста за зголемените трошоци за живот му дава можност за...

Топ15 часа

Механичар пукал кон муштерија по расправија околу поправка на автомобил во Гостивар

Вербална расправија околу поправка на автомобил заврши со пукање во Гостивар. Механичар во текот на вчерашниот ден, со пиштол кој го...

Топ15 часа

Пукање во Арачиново од возило во движење, повредено едно лице

Попладнево дошло до престрелка во селото Арачиново, Скопско, пришто повредено е едно лице. Според информациите од МВР, околу во 14.50...

Македонија20 часа

„Влен“: ДУИ како во холивудско сценарио оркестрирала сензационално враќање на Груевски

Јавноста деновиве дозна шокантни детали за тоа како ДУИ, како во холивудско филмско сценарио го оркестрирала сензационалното враќање на поранешниот...

Македонија21 час

(Видео) Ветрот направи повеќе штети во Битола: Откорнати се покриви од згради, куќи, паднаа и бандери

Делови од Македонија во последното деноноќие беа зафатени со невреме проследено со силен ветер, што причини штети во неколку региони...

Македонија23 часа

СДСМ: МВР итно да постапи, запален е автомобилот на претседателот на Општинската организација Кривогаштани

СДСМ објави дека најостро го осудува вандалскиот чин и палењето на возилото на претседателот на Општинската организација Кривогаштани, Антонио Симоноски....

Свет23 часа

Трамп објави повеќе номинации за челните позиции во неговата идна администрација

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, најави нова серија назначувања во неговата претстојна администрација. Поранешниот финансиски менаџер на...

Свет1 ден

Зеленски: Украина работи на развој на нови видови воздушна одбрана

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина работи на развој на нови видови воздушна одбрана за да се спротивстави...

Свет1 ден

Мелони: Налогот за апсење на Нетанјаху ќе биде тема на Г7, Израел и терористите не се исто

Италија планира да го разгледа налогот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на претстојниот...

Свет1 ден

Путин: Не постои средство за пресретнување на ракетата „Орешник“

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека ракетниот систем „Орешник“ не е средство за масовно уништување, туку високо прецизно оружје...

Македонија2 дена

Сиљановска-Давкова ја прими Шекеринска: Единството меѓу носителите на највисоките функции е клучот за успехот на државата

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на...

Македонија2 дена

Силниот ветер предизвика штети во Штип: оштетен покрив на училиште, паднати дрвја на повеќе локации

Силен ветар оштети дел од покрив на средното електро-машинско училиште во Штип, а дрво падна и во непосредна близина на...

Македонија2 дена

Град Скопје: Во Шуто Оризари нема јавен превоз поради советничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија повторно станува заробена режимска држава во која граѓаните се злоупотребуваат како потрошен материјал на политичките партии за наметнување на...

Македонија2 дена

Студентите и средношколците не смеат да трпат поради партиски препукувања – младите излегоа на протестот за проблемите со градскиот превоз

Студентите и средношколците не смеат да трпат поради партиски препукувања, беше една од пораките кои студентите ги упатија на денешниот...

Македонија2 дена

Курто Дудуш ја обвини Арсовска за расизам и дискриминација: „Пишува ли на автобусите на ЈСП ‘забрането за Роми’“

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, на денешниот протест за јавниот превоз упати повеќе барања до градоначалничката Данела Арсовска,...

Македонија2 дена

За лекарски прегледи се чека и со месеци, а стотици термини останале празни оти граѓаните не дошле: „Ако не можат, нека откажат преку СМС“ – апелираат надлежните

Граѓаните што не може да го искористат закажаниот „Мој термин“ во јавното здравство, преку СМС-порака да го откажат за да...

Топ2 дена

Скопјанка на 69-годишна возраст е жената што загина по удар на автомобил во Чаир

Шеесет и деветгодишна жена, со иницијали Н.П. од Скопје е починатата по ударот на автомобил во Чаир, објави МВР. Несреќата...

Македонија2 дена

Почувствуван земјотрес во Македонија

Утрово е регистриран земјотрес со јачина од 2,10 степени според Рихтер во Македонија. Според првите информации од ЕМСЦ, епицентарот е...

Македонија2 дена

(Видео) ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија, велат од Левица

„На вчерашната седница за пратенички прашања, пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, постави прашања за кои јавноста чека одговор...